Имам некоја навика да исчекувам кога ќе се случи нешто значајно во земјава со цел да ја видам и да ја чујам разврската на проблемот. Но, според онаа народната, кој чека или ќе дочека или ќе се начека, проблемите во земјава се решаваат според вториот дел од поговорката. За горниот пример од исчекување и давање одговори на пратенички прашања во парламентот со ветување дека премиерот или одговорниот министер ќе даде целосен одговор во писмена форма почнав да добивам уртикарија, односно пликови на папокот и не знам до кога ќе трае тоа. Станува хронично, за жал, на сите што очекуваат одговор.
Сходно на горенаведеното исчекување се придружи и инцидентот што се одигра во парламентот на 1 јули и нашиот уважен претседател на Собранието господинот Трајко Велјановски едвај некако успеа да состави Анкетна комисија за да се види кој е тој што го предизвика инцидентот, односно дали тој што е тепан или тепачите, затоа што покрај оваа многу загадочна материја турка и решавање на собранискиот деловник и така се' се врти во круг до сабајле.
А рокот за тој ѓаволски Деловник секојдневно изминува и човекот е пред нервен слом, а пред тоа цела година дремеше заедно со ДПМНЕ и уважената координаторка Силвана Бонева се' со цел да протуркаат на брзина некои нечесни работи, се плашат од контрола на народните пари како си ги трошат без око да им трепне, итн, итн. Арно ама, има едно „но“, а тоа е малубројната, но цврста опозиција и за тоа ќе треба да се прерипа и тој праг, па да се реши инцидентот. Во меѓувреме, Бране им даде „карт бланш“ за Деловникот, па сега се најдоа во небрано како ќе го решат...
Илјада пати повторена лага се претворила во вистина. За жал, оваа историска изјава ни се случува нам на Македонците токму сега во 21 век кога имаме можност за повеќепартиски систем, а не едноумие. Слушајќи ги јавувањата на поединци слушатели на емисијата на Сител, односно славниот „Бумбар“ или на Канал 5, доаѓам до сознание дека пропагандата на ДПМНЕ е толку голема што се применува горе цитираната изјава зашто како може инаку да се протолкуваат изјави на поединци, кои ниту го виделе ниту го знаат инцидентот во Собранието, а жестоко го коментираа од што излегуваше дека тој, снимателот во Собранието“, кој е инструмент на власта за да ги слика стечајците што беа на собраниската седница, е целиот во завои крвав и лежи во интензивна нега целиот растурен од ќотек од страна на Цветанка Иванова и на Весна Бендевска. А пратеникот на ДПМНЕ, Васко Шутаров, свечено изјавува дека „видел две жени како напаствуваат маж, и тоа Цветанка и Весна“, а исто мислење има и ценетата Анета Стефановска, исто пратеничка на ДПМНЕ. Да пукнеш од срам ако изјавиш такво нешто недолично, но по директива на централата и на МВР, снимателот доби третман на херој, кој облеан со крв и нападнат од две крволочни жени лежи на интензивна и прима инфузија за надополнување на изгубената крв.
Во изјавите на некои слушатели од Штип, а особено од Велес во „Бумбар“ на ТВ Сител со таква жестокост се напаѓаат пратениците на СДСМ како снимателот да е речиси убиен од ќотек, а во стварноста бил само повлечен за ракавот и тоа со право зашто снимал по задача на МВР за да се видат кои се стечајците што беа на собраниската седница, а по повод донесувањето „евентуално“ закон за стечајци со кои би добиле по 6.000 денари месечно поради одржување гол живот, но ВМРО-ДПМНЕ го одби зашто нема пари во буџетот за оваа и за наредните сто години. Жално и тажно. Од тие причини се срамам што потекнувам од Веле,с кој како град ја имал првата гимназија во земјава, кој дал толку културни дејци и борци во НОБ и секогаш имал напредни идеи. Сега тој град го краси скулптура на Тодор Александров, проверен врховист, убиец на сите преостанати илинденци и убиец на нашиот горски цар Јане Сандански и многу други, вклучувајќи го и мојот дедо Никола Бога, кој бил комита од 1895 година, наречен Влавчето, кој бил во четата на Јанета во Солун, а е убиен од четата на Александров...
Целиот настан од први јули верно го опишал славниот писател Ернест Хемингвеј во својот расказ „Килиманџаро“. Во Африка е најден еден мртов тигар во длабок снег и се прашува „што барал тигарот на толку голема височина“. Одговорот е дека „тигарот се нашол на погрешно место и во погрешно време и затоа умрел“. Ако се направи паралела со нашиот собраниски случај, се поставува прашањето: што мајка барал снимателот да ги слика стечајците и пратениците од СДСМ без дозвола од службите на Собранието и без никаков знак кој е тој и зошто е вооружен и дали претседателот Трајко Велјановски дал дозвола за такво нешто? Сите тие јавувачи во „Бумбар“ ако се чукнат во чело, треба да си го постават тоа прашање, а после да фрлаат дрвја и камења, а за министерката Јанкулоска и да не зборуваме...
А ако сакаат да дејствуваат конструктивно, имаат доста материјал околу себе. Како прво, да се зафатат со радикалниот исламизам, кој се шири со голема брзина. Никогаш во Скопје немало бради до појас и кратки панталони, никогаш немало толку млади девојки завиткани со шамии и мантили, кои се верски репресирани. Нека оди министерката во Струга и нека испита како е можно градоначалникот на Струга, Мерко, да издава свидетелства на албански јазик на наши деца и да му го прочешла универзитетот кој се' таму предава и што предава, кој се' се запишува на тој високообразовен центар на албански јазик...
Ако ги посетите селата во Центар Жупа, ќе видите дека децата се запишуваат зорле во турски училишта, се носат во с. Коџаџик и с.Новак за изучување на исклучително турски јазик, кој дома не го знаат, бидејќи си зборуваат македонски. Истото деновиве се појави и во с. Дебреште, односно селото на господинот Велија Рамковски. Лично сум го санирал училиштето во 1998 година и во тоа училиште никогаш немало наставна програма на турски јазик. Тоа е невидена пропаганда, бидејќи во селото со три џамии и една црква никогаш не се зборувало на друг јазик освен македонскиот. Ако сакаат акција нека ги бараат сторителите на рушењето на бистите на народните херои во Гостивар, нека испитаат зошто на 9 јули Гостивар беше осамнат со албански знамиња во знак на акцијата на СДСМ кога го спроведуваше решението на Уставниот суд, нека најдат кој напиша на спомениците на народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Гоце Стојчевски-Амбарче во Тетово „смрт на ѓаурите“ итн, итн.
Затоа, мора да признае ВМРО-ДПМНЕ дека снимателот е грешка на МВР, да се извини пред македонската јавност ако има доблест, а оние јавувачите во „Бумбар“ пред да зинат, малку да размислат зашто народот рекол - се' што лета не се јаде.
Pilot vo avionot ima, ama na avionot mu snemuva gorivo. Pilotot za sekoj slucaj si ima i padobran. Neka mu ja mislat patnicite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.09.2010 13:23:25
Ајде да не ја шириме работата оти нема простор, па само за деловникот од кој авторот добил пликов по стомакот плус нервен слом оти не се донесува на време.Е сега имаме некои од неговиот политички профил кој добија плус косопаст од ,,игрите без граници,, со деловникот.Имено опозицијата се разбира одговорна прво го отфрли деловникот а после 3-4 месеци го прифаќа кротко,без забелешка и истиот е во процедура.
Од: b
Датум: 21.09.2010 14:01:12
Пилот во авиот има, ама е тој глув, слеп и прв пат седнува во авион!
Од: tihi
Датум: 21.09.2010 14:28:01
Nema pilot zatoa sto nema ni avion. A toj sto vozi momentalno vozi taxi od 95god koe probuva da go smeni za ponovo.
Од: kole
Датум: 21.09.2010 14:50:28
Има. ама за жал бил ВМРО-вец?????????
Од: bez pilot kon ....
Датум: 21.09.2010 17:55:01
Edna od najrevnosnite javuvaci vo tragikomicnata i ultra kic emisija " Bumbar" e tokmu vasata zemjakina Makedonka od Veles i treska najzeleni gluposti. Koga si vece tamu, zosto ne ja pobaras i ne i go kazis toa vo lice,onaka covecki da ne vi go rezili gradot, so onaj prostotilak. A sto se odnesuva do " Kilimandjaro", verojatno mislite na romanot " Snegovite na Kilimandjaro" od Hemingvej
Од: pb
Датум: 21.09.2010 18:06:15
Bravo Jovan!
Од: Трпе
Датум: 21.09.2010 19:32:15
Има,има,како нема пилот во авионот.Само поради неспособностите и незнаењето на пилотот да управува со авионот се некој друг мора да биде дежурен виновник.Де контролата од земја,де сонцето,де месечината,де јатото птици ама виновник бил и овој кој го измислил авионот.
Од: sime
Датум: 21.09.2010 21:58:22
Avionot leta so aftomatski pilot?
Од: Прле
Датум: 22.09.2010 08:22:27
Тихи,од 95-та досега таксистот девет години го поседува таксито!Колку години му требаат да го смени?
Од: CITATEL
Датум: 22.09.2010 09:14:42
Pilot ima , zasigurno i toa ne e isluzen JAT-ov. Problem se onie sto se cuvstvuvaat kako slepi patnici. Niti znaat kade letaat niti pak kazuvaat kade bi sakale da se prizemjat. E pa dragi 'slepi' protrijte si gi ocite, pogledajte okolu sebe, mozebi ke najdete smisla vo destinacijata sto ja pretpocita mnozinstvoto okolu vas...
Писма
Редакција: Мајаковски бр. 2 Скопје 1000 Скопје тел 3236 900; факс 3236901 e-mail: [email protected]