Што прават денеска 
 Горан Стојановски
  раков. на Театар во Охрид 
Д��неска продолжуваме со подготовките на формирање на репертоарот на Театарот во охрид, кој ќе започне да се прикажува од 3 октомври во Центарот за култура. Всушност, сезоната ја започнавме со премиерата на претставата „Среќни денови“ на 14 септември. И оваа претстава ќе се игра на репертоарот, покрај „Граница“ и „Валкани приказни“. Наскоро започнуваме и со пробите за претставата „Европа“. 
 Александар Билјановски - Дадар
  стилист 
Работниот дел од денот започнува со кафе со соработниците, па продолжуваме со подготовката на обуката за шминка и фризура за нови стилисти, што планираме да ја одржуваме наскоро со салонот. Редовно и денес ги стилизираме новинарките на Канал 5 и ТВ А1. Попладнето, верувам дека ќе можам да си дозволам одмор и релаксирано дружење. 
 Живко Поповски
  сликар 
На Светскиот ден на мирот - 21 Септември одржувам ликовна работилница со учениците од основното училиште во селото Кукуречани, Битолско. Наедно, ќе им подарам слики од мојата долговечна едиција „Цвеќето на мирот“. Верувам дека тоа е убав начин да се одбележи овој датум.  |