ДНК
Се загреваат за концерт
![](WBStorage/Articles/69464A861373AE4D95C493973150F445.jpg)
Панчо и Андреј, идеалните половини на дуото ДНК ги објавија деталите околу претстојниот концерт што треба да се случи на 24 септември.
„Специјално за концертот од Хрватска ќе допатуваат момците од групата „Конект“ и Оли Доболи, официјалниот диџеј на Едо Мајка. Најавуваме одлична забава и голем спектакл“, вели Панчо, кој информира дека влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 10 јули, а нивната цена ќе биде 200 денари со прогресија до самиот концерт, кој се организира во соработка со менаџерот на „План Б продукција“ - Кристијан Стефановски.
Панчо и Андреј од завчера се и заштитни лица на Европскиот универзитет каде што од септември ќе ги започнат студиите по маркетинг-менаџмент. ДНК моментално се актуелни и со новиот видеозапис со Ена за темата „Од утро до мрак“, кој го изработи „Томато продукција“ и во кој се појавуваат повеќе јавни личности. |