Билјана Ѓоргиовска
Манекенката стана креаторка
![](WBStorage/Articles/94F9BA99709CFC4D9A2B47474B9FF356.jpg)
Минатиот викенд на бродот „Панини“ на Велешко Езеро во рамките на донаторската акција во организација на Ротари клубот - Велес се одржа првата самостојна модна ревија на креаторката Билјана Ѓоргиовска, поранешна манекенка од модното студио „Црнокрак“, на која ја прикажа колекцијата составена од 17 модели поделени во три групи. Првата е составена од модели наменски направени за самата креаторка што ги носела на интернационалните избори за убавина, претставувајќи ја Македонија. Втората група модели се наменети за повозрасни дами, но со младешки дух, а изненадувањето на вечерта беше таинствената дама, која во црн фустан со маска на очите и ладало во рацете, театрално го претстави својот модел. На крајот на ревијата сите манекенки со цветови по подот ја означија патеката на невестата која наликуваше на Пепелашка.
Девојките кои ги презентираа моделите беа од модното студио „Црнокрак“, поранешни колешки на креаторката, а во изведбата на моделите свој придонес дадоа и Наташа Бабуловска-Ангелески и Виолета Змејкоски. |