Што прават денеска
Димитар Синдилиев-Синди
рапер
Вчера го прославив 22. роденден, мала рап-забава на која ја прочешлавме македонската естрада... „Кажи нешто“ и „Бомба“, темите од мојот нов албум ги вртевме секој час, како хит на неделата. Денес планирам да се видам со блиски и драги лица, пред моето заминување во Софија каде што ги привршувам испитите на студиите за музички менаџмент.
Марјан Стојановски
музичар
Вообичаено, како по навика станувам во 7 часот. Вежбам, трчам, потоа си седнувам на еден убав домаќински појадок. Дома сум во Крушево и не можам да се изнауживам. Вечерта се наоѓам со другари, одиме кај што има забава, можеби на некоја седенка. Едно знам - ќе има добра атмосфера и многу смеење. Така е тоа со старите другари.
Наташа Димитриевска-Кривошеев
новинарка
Деновиве се подготвувам за промоција на "Ласа", мојата прва книга. Денес ќе се видам со менаџерот на "Галерија 8" за да ги договориме деталите околу подготовката и да ја утврдиме листата на гостите... Викендот бев на свадба кај ќерката на мои многу драги луѓе со кои седев во клупа и се' уште сум под дејство на тоа прекрасно чувство што ме обзеде таму. |