Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Анализа

Си велам...

Егејската трагедија и политиката

Ерол Ризаов

Државните и националните интереси не се во битката за власт

Кога ќе се објави дека само еден Македонец, од Република Македонија, поранешен државјанин на Грција, добил двојно, грчко и македонско државјанство и успеал барем симболично да наплати едно евро, или да си врати барем дел од имотот во денешна Грција, ќе мора да му се признае јавно на Никола Груевски дека постапил храбро што како прв македонски премиер јавно го отворил најболното прашање од поблиската историја на Македонија пред посредникот на ОН, Нимиц. Дотогаш ќе сметам дека еуфоричната вест лиферувана од неговиот кабинет е само уште една тажна и несреќна политичка употреба на големата трагедија на македонскиот народ.

Со ова не сакам ни малку да го намалам значењето што Груевски на овој начин, барем на одредено време, стави мевлем на отворената рана која никогаш не е залечена. Колку ќе помогне и до кога ќе трае овој лек за напатените души не знам, но од поодамна длабоко сум убеден дека и покрај постигнатите резултати, признавање од 120 земји на уставното име, не ја водиме мудро битката со Грција, иако и правдата и правото се на наша страна. Мудроста и храброста често не одат заедно. Особено во политиката. Византиската филозофија и византиската политика го одржа илјада години повеќе послабото Источното Римско Царство од посилното Западното токму на доктрината на која имаме право на наследство и ние, а не само Грција. Во спорот со Грција македонските политичари не покажаа византиска умешност.

Ја знам пристојно историјата на македонскиот народ и трагедијата од Граѓанската војна во соседна Грција и судбината на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Тоа го знам не само од студиите, од учебниците, од книгите, од сведоштвата, од фељтоните, филмовите, литературата... За тоа кај нас е напишано навистина многу. Но, и покрај филмските, литерарните дострели и историски факти овој егзодус се' уште е речиси непознат во светот. За разлика од страдањата на другите народи, егејската голгота се' уште останува тајна за светската јавност. За тоа сносат голема одговорност повеќе генерации политичари на Македонија и на Југославија. Трагедијата на Егејците ја знам и од еден друг агол. Од животот. Речиси педесет години живеам во скопска Автокоманда меѓу моите соседи, школски другари, блиски пријатели и другари. Ги знам добро обичаите и ја знам чувствителноста за патилата на овие мои блиски луѓе. Сум бил сведок на драматични средби кои не може да ги долови ни најдобрата литература, новинска репортажа, филм, или фотографии. Треба да се издржи кога децата по триесет, четириесет години, како возрасни луѓе, си ги сретнуваат првпат родителите, кога првпат се гледаат браќа и сестри меѓу себе. Тоа е нешто што остава длабоки траги и во душата и во колективното помнење. Протеруваните од родните огништа, од своите куќи и имоти, прогоните и преселбите, најголемата светска универзална тема, се' уште го чекаат македонскиот нобеловец. Знам дека и нашиот премиер Никола Груевски има корени од Егејска Македонија и дека добро ја знае таа трагедија, знае многу тажни стории на неговите блиски роднини, а и неговото семејство претпоставувам има преживеано тешки денови. Длабоко сум убеден дека неговиот мотив е оправдан и сосема разбирлив да го отвори ова болно прашање пред претставникот на Обединетите нации, Метју Нимиц. Не можеме постојано да се правиме недоветни дека не знаеме што се случувало, дека сме го заборавиле монархофашистичкиот геноцид врз Македонците и дека не ги знаеме грчките шовинистички и националистички злосторства. Меѓутоа, неколку прашања и сомнежи не ми даваат мир да не ги поставам јавно, иако знам дека темата е крајно деликатна.


Егејската трагедија ќе продолжи ако имотите на Македонците во Грција послужат како влог за грчки отстапки околу името на државата

Прво, од средбата со Метју Нимиц ништо друго не разбравме освен дека Груевски храбро го отворил прашањето за имотите и државјанството на нашите Македонци кои потекнуваат од Егејскиот дел на Македонија. Си велам, в ред, можеби чувствителноста на темата како што е името на државата не дозволува пошироко елаборирање и објавување и дека тоа е во интерес на натамошните разговори меѓу Грција и Македонија. Тоа го прифаќам како силен аргумент. Но, дали пак требаше да добие гласност само предлогот на Груевски за имотите и за двојното државјанство. Ме јаде јанѕа уште од времето кога прашањето за името на Македонија доби меѓународни димензии, а тоа е поуката од една латинска поговорка која постојано ме прогонува, ја пишувам и постојано ја вадам од моите текстови, а тоа е: "Хик Родос - хик салта ". Во буквален превод: "Тука е Родос, сега рипни", или "Тука е Родос, покажи што знаеш сега", или во послободен превод "Прво рипни, па речи оп". Така постапија и Словенија, и Бугарија, и Романија кога беа кандидати за ЕУ во врска со големите проблеми што ги имаа со соседите. Сите тие проголтаа по една крастава жаба, што би рекол Зоран Дограмаџиев. Тоа ги чека и Хрватска, и Србија, и Албанија, и Косово, и Турција. ЕУ не прима во членство без да се решат проблемите со соседите веќе членки на ЕУ. Откако стана Македонија кандидат за членка на Европската унија и откако се приближивме само на чекор до членство во НАТО, многу јасно со сета своја жестокост и големина се виде егејското прашање и за помалку упатените во меѓународното право и во меѓународната политика. Тоа го видовме и ние, но многу подобро и порано го видоа и Грците. Тие од тоа имаат патолошки страв. Полноправното членство во евроатлантската алијанса по еден природен пат, потпрен на меѓународното право и закони, ќе значи дека и правото на сопственост, кое никогаш не застарува, ќе мора да се стави на маса меѓу Грција и Македонија. Со други зборови, на сите грчки државјани на кои им е одземен имотот со разни револуционерни закони, па и без закони, на луѓето коишто се протерани од своите огништа, кои се убиени, кои поминаа една од најголемите трагедии по Втората светска војна, чии имоти сега с�� или во туѓа сопственост, предмет на недозволени трговии или, пак, стојат запустени како неми сведоци на еден егзодус, конечно ќе си го најдат сопственикот или неговите законски наследници.

Со отворањето на ова прашање, како што го направи Груевски, на овој начин, без оглед колку и да е во право, сега кога водиме преговори со Европската унија и за членство во НАТО, мислам дека во соседна Грција само ја подигнуваме мобилизацијата на највисок степен што не се бираат средства Македонија да не влезе во ЕУ и во НАТО. Ја мобилизираме целата грчка политичка елита и интелигенција да ја хомогенизираат уште повеќе својата борба на меѓународен план против Македонија.

Сигурен сум дека грчкиот список за отстапки од Македонија е многу подолг од, така да речам, националниот опус, името и идентитетот. На крајот, главните барања на Грците ќе бидат сконцентрирани околу економските интереси, кои ќе имаат пресудно влијание и врз политиката. Грција, покрај жешкото прашање за имотите на протераните граѓани во Граѓанската војна, ќе постави услови, на пример, за режимот на водите, особено на реката Вардар. Силно ќе притискаат за најголемиот македонски слив - Вардар, ако може да издејствуваат малку поголеми отстапки од меѓународните прописи. Водите на Вардар се наш голем адут и богатство. За жал, залудно течат, а шест месеци во годината речиси не стасуваат до Егејско Море. Завршуваат во Солунското Поле. Македонија со децении не може да ја види моќта и значењето на водите на Вардар, поточно на целиот македонски слив, кој без задршка оди во Грција. Планетарна будалаштина. Да удриме само еден камен-темелник за брана на Вардар, ќе ги чуеме викотниците од Грција.

Грците ќе бараат гаранции и за меѓународните патишта и сите други комуникации, а потоа ќе следува, претпоставувам, голема грчка наезда на купување земјиште и се' што е вредно во Македонија. Тоа и не мора да биде така лошо ако не е дел од една многу поодамна смислена државна стратегија со големи недобронамерни политички мотиви. Кога доаѓа приватен капитал е едно, а кога влегува државен капитал од соседна Грција, не само со економски мотиви, е сосема друго прашање. Ако Грците во Македонија веќе ги поседуваат единствената рафинерија под Сава и Дунав, најголемите банки и најпрофитабилните компании, дел од големите современи комуникациски мрежи, тогаш, дали можете да замислите што може да се случи ако Грција преку странските инвестициони фондови се одлучи да купи акции во вредност од две-три милијарди долари на Македонската берза. Неколку милијарди долари државен грчки капитал вложени на Македонската берза ќе значат пресудно економско и политичко влијание врз сите артерии на животот во Македонија. Тоа се многу помалку пари отколку што Грција ја плати француската поддршка со купување воени авиони.

Не сакам ни да помислам дека имотите на Македонците од Егејска Македонија и македонските води можат да послужат за влог за некакви грчки отстапки, тогаш тоа може да се нарече и ново жртвување и на Македонија, што е полошо од каква било додавка или придавка на државното име. Ова се стратегиските теми за кои треба да работат и да размислуваат не само Владата и премиерот Груевски туку и опозицијата и многу други луѓе и институции во Македонија. Таму се државните интереси, а не само во гола битка за власт.

Ако веќе не е доцна.

"Хик Родос - хик салта".


Статијата е прочитана 1787 пати.

Испрати коментар

Од: postojan
Датум: 04.07.2008 00:37:07
ubo pises prijatele, ama nie ovde sme kako majmuni vo kafez, ke se izedeme nekoj densamo so sebe. Ovoj bil za onoj, ovoj za drug, sramota vrednostite da se merat so partiska pripadnost. Site sme vo ista corba, a egejcite se zrtvi, so toa sto mnogu od niv sega vo nivnite zemji ziveat posrekno od nie ovde zatoa e otporot i glasot nivni slab.
Од: tome
Датум: 04.07.2008 01:04:38
dobro kazano i napisano za golgotata na egejcite vo graganskata vojna vo grcija, samo ne bi se slozil deka golemite sili i site svedski organizacii ne dovolno znaat za seto toa ,znaat mnogu ubavo no ne sakaat da ja kazat vistinata od politicki i licni interesi na odredeni drzavi ,mozebi najgolema nepravda prema makedonija i makedonskoto prasanje za egejcite vo grcijasto poranesna jugoslavija so prst ne mrdna za ovoj problem za razlika od drugite mekugudrzavni problemi (koruska -slovenija)
Од: MKD
Датум: 04.07.2008 01:31:15
Se gleda gospodine Rizaov deka dobro Vi e poznata istorijata i makata na Makedoncite proterani od Grcija.No stom taa maka bila tolku golema i stom se granici so genocid,zosto da ostane vo Avtokomanda i da ne ja znae cel svet.I do kog Makedonecot da molci i vedne glava.Vie ocigledno ste pobornik na takva politika,koje eve gledame do kade ne dovede.Spored Vas ne treba ni makite da si gi kazuvame za da ne mu brkame na volot (Grcija) vo g.. Do koga vaka Rizaov.Sega li e vreme za vasata vizantiska politika.Dodeka nie molcime pa ni makite i stradanjata spored Vas ne treba da si gi kazuvame drugite so site sili se trudat da ni gi srusat identitetot.Vo takva borba spored mene ne treba da se molci tuku na svetot,na Evropa treba da i se pokaze koga,od kogo i kako stradal ovoj narod.Treba da i se pokaze i da ne se molci i za toa deka na ovaa teritorija navistina ziveele anticki Makedonci razlicni po mnogu nesta od antickite Grci.Pa i da ne sme nie potomcite na tie Makedonci ,kolku za Vas keif.
Од: mitko za stepenot na vaznost
Датум: 04.07.2008 05:31:26
Sekoja nacija i narod (i covek) treba da si opredeli sto mu e najvazno vo zivotot. I Makedonija i Makedoncite toa go imaat napraveno. Za niv najvazen e Grujo so negovoto VMRO, da ne se pravi nitu mal kompromis za imeto, da se forsira laznata istorija, da se prodolzi so Ramkovniot dogovor, i sega Egejcite i tn. Toa e duhot na ovaa nacija. Nacionalistickite elementi dominiraat, kako i so skoro site drzavi vo ovoj region. Toa e jasno los izbor. Vo drugi zemji se forsiraat drugi raboti kako biznis, turizam, demokratija i sl. Koga jas bi se prasal bi rekol deka za Makedonija e najbitno da se integrira vo NATO i EU, i deka toa e edinstveniot nacin taa (duri i so kompromis za imeto) da opstane i prodolzi da se razviva i da si go socuva identitetot. Od sedenje vo dupka i vodenje inaet nema air. Duri smetam deka i problemot so Egejcite polesno ke se resi ako sme ravnopravna clenka. Tesko e da se zamisli deka EU ke ja natera Grcija da i dade na nekoja ne-clenka 10m $ zaradi otsteti.
Од: Buden citatel-zagrizen optimist
Датум: 04.07.2008 07:41:24
Samo razmislite deka 953 milijardi imot (knigovodstvena vrednost) bese preivatiziran za 571 milion dolari. Sto se bese prodadeno na Grcite za bez pari?! Sporedete sega toa so deficit od 1.5 milijardi Evra (pomnozete za da dobiete suma vo $$) toa e za 5-6 meseci deficitot na drzavata. Stanuva mnogu interesno i duri zbunuvacki ako sporedite kolku toa ima vrska so 1.1 milijarda "zarobeni" pari vo Stopanska Banka koja sto bese prodadena na Grcite prakticno za bez pari, a duri i privatizacija na site kapaciteti od Makedonija ne sobralatl $$ kolku sto bea zarobeni vo Stopanska Banka. Sega Grcite so nasi pari treba da ni ja kupuvaat industrijata i da ne kontroliraat ekonomski. Narode NE E DOCNA da go dignes svojot glas i da baras se da ti se vrati nazad se sto ti bee odzemeno i privatizirano!.
Од: jimmy1
Датум: 04.07.2008 07:42:39
Mislam deka treba da se snimi dolgometrazen film, pa za da svetot e doznae vistinata za stradanjata na Makedoncite vo Grcija, a so toa ke go doznaat i pravoto lice na Grcija.
Од: Јнквп
Датум: 04.07.2008 09:32:13
Почитуван господине Ризаов. Нема да коментирам за пишаново. Тоа си е во ред и се слагам со Вас. Сакам само да Ви ја раскажам приказната за потеклото на Вашата омилена латинска пословица `Хик Родос, хик салта`.Еве како било- За време на одржувањето на некоја си античка олимпиијада, дошол некој атлетчар од Родос, кој бил фаворит во скок во височина. Ама бил и голем фалбаџија. Стално се фалел вака- Јас во Родос рипав олку, толку и се така.На противниците им досадил со фалењето, па му рекле `Сега овде е Родос, овде скокај да те видиме` Благодарам што ме потсети на оваа приказна, чија што поента е актуелна во многу ситуации.
Од: ANONIMUS
Датум: 04.07.2008 09:39:37
Mislam deka tazno e sto pisuvaat luge kako Vas. Tazno i zalno e da zloupotrebuvate vo Vasiot tekst luge vrz koj e izvrsen genocid. G-dine Rizaov krastavata zaba treba da ja goltnete zaedno so najgolemiot dusman na ovaa zemja Crvenkovski , a ne Makedonskiot narod Egejcite koga togas ke si gi dobijat pravata za koi bas ic ne vi e gajle
Од: ersan
Датум: 04.07.2008 09:47:16
Efendi Erol.Nemoze vo fioka nesto samo da se krie i tai.Ednas mora da izleze na videlina krazbata.Ima edna pogovorka: ,, aga laga ne pravi,, . Dali ke se otvori denes ,utre ili prekutre nema veze.Toa mora da se otvori ednas.Toa prasanje ,stalno ke bide bolno za tie sto ukrale nesto ,bidejki ke trebe da odgovaraat .Taka da, Grcite dali ke stopirale ili ne ,tie mora da go vratat ukradenoto.Dosega toa prasanje trebese da se otvori uste vo bivsa SFRJ, ama ,,nasi,, politicari dobro toa go amortiziraa.Trebe nasite sega, da go internacioliziraat toa prasanje do sovetot za bezbednost na OON , sovetot na EU i se zabrzaat sutskite postapki koj se vodat vo Strazbur, za vrakanje na imotite.Dali im se svigalo toa na Grcite ili ne ,manje vazi,toa trebe da se vrati, a momentite za Grcite stalno ke bidat protiv niv(ukradeno i trebe da vratat).Toa.
Од: Abu Dabi
Датум: 04.07.2008 10:34:43
So Erol Rizaov mozes da se soglasis, mozes da ne se soglasis, ama ne mozes da bides ramnodusen. Toa e odlika na golem novinar. Ako se cita bez temperatura ke se vidi deka negovite kritiki se korisni. Ako ima koj da gi koristi. Bravo!
Од: Читател
Датум: 04.07.2008 10:38:17
До МКД не да молчиме туку прочитај ја поговорката. Прво рипни па викни оп. Сега ако збориме нема кој да не слушне. Работата е да седнеме на заедничка маса. Ние сме во чекалната . Ако не седнеме на иста маса. Нема ништо. Тоа сака да ти кажед Ерол ама не разбираш или не сакаш да разбереш. Не можеш да леташ ако немаш крила човече.
Од: Aleksandra Dukovska
Датум: 04.07.2008 11:01:59
Почитуван г-дин Ризаов Добро е што конечно ја отворивте оваа тема за една поширока дебата. Некако чудно, но речиси остана без каков и да е одговор во јавноста идејата на премиерот Груевски за враќањето на имотите на Егејците. Како да немаше никој да се спротивстави на таа идеја со оглед на веќе и онака затегнатите односи со Грција. Би сакала да Ви обрнам внимание на еден настан од вчера. Премиерот Грувски се појави на промоција на Милчо Манчевски кој е чинам еден од првите автори кој на еден суптилен начин го актуелизираше егзодусот на Егејците во неговиот филм Сенки. Исто така, мислам дека и некако дискретно сугерираше дека сепак некои работи треба да ги оставиме зад нас. Историјата некогаш е преболна и преполна со факти кои оневозможуваат да се оди напред. Отворете ја на страниците на вашиот весник дебата за Егејското прашање, но и за името. Нека се чујат сите за, но и сите контра ставови за оваа идеја.
Од: asterix
Датум: 04.07.2008 12:25:41
Pusti ripce fati krapce!!!!!
Од: jane
Датум: 04.07.2008 12:33:26
Gledam deka site ne boli monarhofasistickiot egzodus na ovoj makedonski narod samo neznam koj treba da razbere i da cue koga decata bea rasprsnati po cel svet i vo starata dama.Komu da kazeme deka 1913 godina na delele Francija,Anglija i Rusija.Istite vo II sv.vojna bile stacionirani co Grcija i klanica ke bilo od nasata vojska ako krenela na Solun znaci protiv sojuznicite.Dali e vreme i so koja pozadina se rakovodi premierot vo ova prasanje ne mi e jasno no,sum ubeden deka ja vlosuva polozbata na tie deca i na drzavata so eftin populizam sto ke se pokaze za kratko vreme tocno.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 04.07.2008 13:36:18
Потпуно се с’глашавам са онај човек што казае да се слика ФИЛМ на овуј тему. И тој не куде нас, него у ОЛИВУД, с’с американски глумци и глумици и отпосле к’д ФИЛМ ЌЕ ИДЕ ПО БЕУ СВЕТ, СВИ КЕ НАВАЛЕВ ДА ГЛАДАЈУ ТЕ ОЛИВУДСКЕ ФАЦЕ. Арно ама, к’д ќе ги гледав те фаце, ќе слушав или ќе читав што они казуев. И такој ќе ВИДЕВ дека постои некоја Македонија и Македонци и њихову историју и судбину од турско до д’нас. Такој направше филм и Евреи с’с Јул Бринер, Берт Ланкастер и остали тадашње ѕвезде оливудске. И цео свет видеа како се жртвоваше Евреи, изгибоше у оно жито, и формираше своју државу. ТРЕБАЈУ ПАРЕ? А с’г, к’д погледаш на што ова наша НАЈПАТРИОТСКА ВЛАДА, баца ПАРЕ КО у бате Стојанчев БУНАР, дојде ти заплачеш не само заради Владу него и за оне пола милион нестрижене овце. Ево за почетак, нека биде фиум за ГЕМИЏИИ, има готово сценарио,(стари фиум с’с нови оливудџије) само треба да се одврзе кесе.Ја нека ми изинев ониј нестрижене овце, не верују дека наша Влада и патриоти у њој ќе даде
Од: Buntovnik
Датум: 04.07.2008 14:02:45
Scenario za eden film. Vo edna zemja nekoj si komunisticki nastroeni so nekoj si egejski makedonci pocnuvaat "osloboditelna"vojna. Komunistite i egejcite ja gubat bitkata i begaat. Ne deka se proterani, (Grcite da gi stignat ke gi potepaat) begaat da se spasat. Kraj na filmot.
Од: don kihot
Датум: 04.07.2008 14:03:50
Eeeeee! samo da bese nekoj drug narod vo ovaa situacija, odamna ke se borese za izgubenoto, ne samo vaka rekla kazala bez srce, i sakam kazam neznam recam.Odamna nekoj drug narot ke imase i nekoj porealni formi na organiziranje, i kasnuvanje na nepriatelot kade najvise go boli, so nekoe bombice i nekoe atentatce, zosto vo Evropa nisto taka ubavo ne se slusa osven nesto koga ke pukne i ke nanese steta, i ke zdoboli do srz.A nie jadni nesmeeme duri ni vistinata da ja kazeme, sokrieni "pod jorgan planina"egejcite se borat za svoite imoti, kolku smesno i jadno ,za vakvi prasanja se zrtvuva malku poveke.Eh da bese nekoja druga zemja nekoj drug narot ah!!.
Од: mico
Датум: 04.07.2008 15:18:42
gospodin erol vie ziveete vo vasiot zamislen svet vie ne ziveete vo zivotot koj go zivee mazkedonskiot svet vie mislite deka vie i vasata partia sds ste najpametni i deka sekogas treba da ste na vlas makedoncite ke si go dobiat toa sto e nivno koga togas zato sto gospodinot gruenvski go postavi toa prasanje na najvisoko nivo i zatoa e hrabar a kukavicite kako vas sto gi sta da spomnat za toa kako i vasiot lazgo pretsedatel i vasata laznasds pst idevojkata koga e prasas veli nejkam no koga e pogales sama si legne taka i grcite sami ke si legnat koga ke treba da plakat suttski presudi i osteti
Од: Bizmark
Датум: 04.07.2008 17:10:58
Ovoj text na g, Rizaov kasni 17 godini. Sega zvuci samo kako FARSA!!!
Од: Objektivno gledanje
Датум: 04.07.2008 17:57:12
Pred okolu tri meseci mosne inteligentniot aktivist na Vinozito od Lerin zamoli makedonskite vlasti da gi ostavi Makedoncite od Egejska Makedonija (Grcija) samo da se borat za svoite prava, naglasuvajki deka ,,pomosta,, od Republika Makedonija moze samo da im steti vo borbata za ostvaruvanje na nivnite malcinski prava vo Grcija! Komentar ne e potreben.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа