Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Штом нешто многу посакувате до тоа тешко ќе дојдете. Ова се однесува на љубовта и настојувањата за партнерот да падне под ваша тотална доминација. Бидејќи тој никако не може да се навикне на вашиот бурен романтичен карактер, мора нешто да промените.



Бик

Поседувате исклучителни потенцијали за изразување во сферата на љубовта, уметноста и друштвениот живот. Пречувствителноста и честата промена на расположението нема долго да ве држи, затоа бидете трпеливи. Се советува умереност.



Близнаци

Планирате патување. Многу припадници на знакот оваа идеја ја конкретизираат, додека другите се сведуваат на фантазија. Ви се укажува идеална прилика за истражување на потсвеста. Работата бара многу вложување, затоа тргнете во акција.



Рак

Пријателите се во преден план, затоа дружете се бидејќи најважно од се' е добро да се чувствувате и да бидете задоволни. Планирате своите идеи да ги спроведете на дело. Размислувањата за подобрување на буџетот денес се во преден план.



Лав

Топло ви е околу срцето, бидејќи ве грее љубовта без која вашиот живот нема смисла. Среќни сте и задоволни во друштво на саканото лице. Сте се прашале ли зошто невротично консумирате слатки, особено сладолед, кога се' ви е толку идеално. Бидете умерени.



Девица

Контактирате со странство и тоа успешно. Бидејќи сте креативни, не дозволувајте да бидете пасивни, веднаш тргнете во акција. Ако ништо друго, покажете му го својот талент на партнерот. Внимавајте на пороците, проблемите со дишните патишта не се за занемарување.



Терезија

Идеален ден за љубов. Опкружени сте со лица кои ве сакаат и кои прават се' за да се чувствувате убаво. Штом ќе се најдете во убава атмосфера, станувате попустливи и претерувате во многу работи. Внимавајте на здравјето, кревки сте.



Скорпија

Наклонети сте на претерана чувствителност и дружење, но и на размислувања како сите да се против вас. Занемаривте многу пријателства, а притоа вината ја префрливте на други. Не сте во состојба да го признаете својот дел од одговорноста во меѓучовечките односи.



Стрелец

Размислувате на исправен начин, успешно борејќи се со моменталната ситуација. Застоите почнаа да ве оптоваруваат, но свесни сте дека за некој ден се' треба да тргне онака како што посакувате. Благодарение на организаторските способности ќе го остварите невозможното.



Јарец

Ви се нудат поволни ша��си. Ваше е дали ќе ги препознаете и искористите или пак ќе се колебате. Со Стрелец имате идеална соработка, бидејќи сте слични. Сметате дека сте подобри и потолерантни, но спуштете се на земја и сфатете дека имате исти мани како другите.



Водолија

Болната состојба на телото и духот е нормална појава која одвреме-навреме се јавува. Наместо да ја потиснувате целата состојба, пожелно е да ја преиспитате причината и да преземете нешто конкретно. Прошетка во природа или краток одмор може да реши се'.



Риби

Преминувате од зборови на дела. Одлучивте да преземете конкретна акција околу промените кои сакате да ги направите. Бидејќи одговорот е неизвесен, продолжете со ова темпо. Вложувате многу, но мора да почекате доколку сакате да добиете признание за трудот.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ