Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Мислења

Мислења

Стравот на Меркел од Европа

Јошка Фишер

Со активната помош од Меркел, еврозоната, всушност, се движи кон тоа да стане трансфер-унија

Откако во септември 2008 година еруптираше глобалната финансиска криза, Европската унија е во проблеми. Од една страна, еврото ја заштити еврозоната, особено извозната економија на Германија од шпекулативните напади и хаосот на нестабилноста на валутата. Од друга страна, втората фаза на кризата немилосрдно ја покажа Ахиловата пета на еврото: отсуство на економска или финансиска унификација внатре во еврозоната. Растечките тензии во ЕУ се неизбежен резултат. Акциите на Германија во текот на кризата беа во голема мера контрадикторни. Наместо да се движи напред во насока на економска унија, таа се врати во политиката, која ги фаворизира националните решенија. Но, таа позиција е тешка за усогласување со неспособноста на Германија да го доведе во прашање еврото или европските структури и договори.

Контрадикторниот став на владата на канцеларката Ангела Меркел беше зголемена од транзицијата од голема коалиција за време на нејзиниот прв мандат на сегашната конзервативно-либерална коалиција. Во тој момент самонаметнатата домашна политичка слабост се судри со фискалните ограничувања за спасување на еврото. Во почетокот Меркел имаше проблеми да го натера Бундестагот, па дури и партиите во нејзината влада да го одобрат првичниот „мал“ пакет за спасување на еврото, ветувајќи дека Германија не ќе мора да плати повеќе од тоа. Меѓутоа, до квечерината истиот ден таа мораше да даде одобрение за многу поголем пакет за спасување во вредност од 750 милијарди евра, со цел да се спречи катастрофа на територијата на ЕУ. Тоа создаде повеќеслоен проблем со кредибилитетот на Меркел, кој продолжува и натаму да ја следи. Меркел се' уште не смисли како да му ги објасни последиците од таа финансиска и еврокриза на германскиот народ. Тоа не се должи само на фактот дека таа е лош оратор, туку, исто така, бидејќи таа не знае како да ги надмине контрадикторностите меѓу националните решенија и европските ограничувања.

Нејзиниот стил на лидерство, кој, главно, се состои од „чекај и види“ приод во однос на проблемите, добро одговара на оваа несигурност. Само во последен момент кога е јасно каде е мнозинството, таа го прифаќа решението. Дури и кога времињата беа подобри, пасивниот политички стил на Меркел дозволуваше да се формираат вакууми, кои беа исполнети од други политички сили внатре во нејзината партија. Како резултат на тоа, иако изгледа дека Меркел ги држи конците во рака во ЕУ деновиве, во реалноста таа повеќе не е движечка сила на настаните, туку е придвижувана од нив.

Без оглед на политичките последици, Меркел се обидува да ја избегне специфичната германската контрадикторност меѓу националните решенија и европските ограничувања со залагање за ригорозна програма за фискална консолидација, остри казни за нејзино непочитување (вклучувајќи и загуба на правото на глас во ЕУ) и активирање на механизам за земјите-членки што заостануваат во исполнувањето на нивните обврски. Во Берлин, терминот за ова е „Европа - стабилна и цврста“. Тоа е кредото за кое Германија ќе треба скапо да плати во иднина.

Предлозите на Меркел не ја рефлектираат германската стратегија, која има цел да ја предводи ЕУ низ оваа криза. Наместо тоа, тие, главно, се одговор на домашните политички императиви. Берлин не е преокупиран со прашањето што и' треба на Европа во оваа ситуација и каква треба да биде улогата на Германија, туку со страв од конзервативниот и жолт печат, од натамошни порази на државните избори и од можноста германскиот Уставен суд да интервенира и да ги поништи постојните програми за запирање на кризата на еврото. Меркел сега ги чувствува фаталните последици од нејзиното „лидерство без водење“. Не може да се отстрани импресијата дека европската душа на оваа влада е уништена од стравот. Што се однесува, пак, до способноста на Германија да се афирмира, не постојат многу докази и покрај жестоката реторика. На последната средба на Европскиот совет на министри, германската „челична канцеларка“ со подвиткана опашка се врати дома.

Францускиот претседател Никола Саркози беше тој што во подготовките за последниот ЕУ-самит побара стопирање на обидот на Меркел за воведување автоматски одговор на земјите-членки што ќе го прекршат критериумот за стабилност. Нејзиниот втор сеопфатен предлог, повлекување на правото на глас во Советот, беше напуштен на неодамнешниот состанок во Брисел. Всушност, „триумфот“ на Меркел се состои само од ветување во Своетот за „ревидирање“ на промените на Лисабонскиот договор, иако промените се под нивото што би барало да биде потребно организирање референдум. Поедноставно кажано: заборавете на секаква казна или автоматски активирани механизми што би можеле да влијаат врз суверенитетот на земјата.

Она што останува како напор за спречување на повторување на кризата се заострените ЕУ-контроли на националните буџети и промените на договорот што треба да се земат предвид, продолжување на пакетот за спасување (кој претходно требаше да истече во 2013), веројатно, под друго име. Тоа баш и не е некоја победа за Меркел. Па, бидејќи Германците уште еднаш се сведоци на тоа дека нивната „челична канцеларка“ донесе слаби резултати, се' поголема е веројатноста дека тие ќе им веруваат на оние што предупредуваат дека власта е заведена во „трансфер унија“ што ги користи парите на Германците за финансирање на подароци за фискално слабите земји-членки на ЕУ. Несогласувањето со оваа критика е тешко, бидејќи самиот германскиот федерален систем се потпира на трансфери.

Колку повеќе ЕУ е принудена од Германија да стане унија вкоренета во „стабилност“, толку поголем ќе биде притисокот за земјите од еврозоната што не ќе можат да одговорат на построгите правила за да добијат финансиска компензација. На крајот на краиштата, нереално е да се претпостави дека сите земји-членки може да имаат корист со иста големина од овој тврдокорен приод. Тоа не е возм��жно дури ни меѓу 16 федерални држави во Германија.

Со активната помош од Меркел, еврозоната, всушност, се движи кон тоа да стане трансфер-унија - колку ќе бидат построги новите правила и колку ќе бидат поголеми каматни стапки кај земјите од еврозоната, толку побрзо ќе се случи тоа. Сепак, дома Меркел стравува дека оваа дебата како никоја досега - за финансиските пазари и кризата во многу европски земји - не ќе може да биде одбегната. Малодушноста има своја цена.

(Авторот е водечки член на германската Партија на зелените речиси 20 години, беше поранешен министер за надворешни работи и вицеканцелар во периодот од 1998 до 2005 година и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1338 пати.

Испрати коментар

Од: ognjanka
Датум: 06.11.2010 12:58:37
A so aktivna pomos na Joska Bundeswerot prvpat po 2-ra Sv. vojna bombardirase po svetot, taka da Makedonija dobi 600.000 izbeglici od Kosovo, a Joska profesura vo USA.
Од: Komentator
Датум: 06.11.2010 20:02:29
So drugi zborovi ..Joska kaza deka EU deluva kako rastiman orkestar..zosto dirigentot ne e sposoben a i ne go fermaat muzicarite zosto sekoj saka da si sviri za svoja SMETKA...!!

Најди! во Утрински
Мислења
Бев во право!






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status