Идејата за сериозна десничарско центристичка - коалиција останува жива - таа и' е потребна на Македонија
Бев во право кога се конфронтирав со Љубе Бошкоски. Оти моја намера со самото влегување во ОМ беше да создадеме вистинска опозиција што би значела квалитетно конфронтирање со власта, со изнесување наши идеи и видувања. И, секако, да ја смениме. Воопшто не мислев дека некој таму планира да му биде приврзок на Бранко Црвенковски за да одигра улога на јазиче што би превагнало на тасот, во корист на СДСМ. Со самото влегување во партијата, во моменти кога Љубе се давеше во аферата со Јохан, кога на Интернет се гледаше неговиот исказ што подигна голема прашина, ние придонесовме партијата да застане на нозе. Внесовме кредибилитет и искуство во политичките работи, кое таму го немаше на потребно ниво. Затоа и започна забрзано етаблирање на партијата, што ветуваше дека можеме да се надеваме на резултат на наредните избори.
Меѓутоа, како што е познато, оваа власт располага со апарат, со силна инфраструктура, со брендот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е втемелен силно во свеста на луѓето, што некои од нив, дури и ако се многу незадоволни, нема да гласаат за СДСМ. Дури можам да кажам дека во никој случај нема да гласаат за СДСМ. А власта го знае тоа. Можеби само затоа го држат Црвенковски цело време под вода, но, никако не дозволуваат тој да се удави. Кога ќе снема воздух, му дозволуваат да вдиши. За потоа пак да го вратат под вода. Тој за нив е одлична боксерска вреќа со петната што ги влече од времињата кога владеел со Македонија и кога не оставил некаков посериозен позитивен општествен белег. Ова не е нова состојба и трае неколку години. На сите им е веќе јасно дека Црвенковски е минато. Само тој не сака да се соочи со тоа и на тој начин им оди од рака на властите. Да имаат со кого да си спарингуваат.
Да се вратам на тоа што ние го правевме во ОМ. Знаејќи ја состојбата на политичката карта на Македонија и имајќи предвид дека левицата е во нокаут, сакавме да создадеме вистинска политичка структура што би била присутна подолг период. Прво беше потребно да се пласираме во парламентот, за потоа на некои наредни избори да станеме уште посилни, порелевантни, поуспешни. За да се постигне тоа, требаше да изнесуваме идеи, предлози и да го увериме македонскиот гласач дека ние можеме да направиме нешто подобро од ова сега. Не е доволно само да се критикува. Власта го сфатила тоа, па одговара - а што ќе направите вие? Ако на ова прашање се нема релевантен одговор, се' се сведува само на гола политичка борба за поделба на колачот. Односно, на потреба да се биде во фотелја, да се обезбеди работа за своето опкружување, за роднините, пријателите, за блиските фирми. Тоа може да има логика за некого, но за мене, не е доволен мотив за занимавање со политика. Сметам дека треба итно да се дадат одговори на многу горчливи прашања поврзани со економијата и со можноста да се просперира, односно да се живее нормално во оваа држава. Потоа итно треба да се дадат одговори како ќе се реформираат образованието и здравството. Се разбира, ова не се единствените проблеми. Нив ги има колку што сакате и колку што нејќете.
На овие проблеми Љубе Бошкоски не понуди одговор. Него не го интересираше да прибереме здрави луѓе, да формираме што повеќе тела каде што трустови ќе создаваат програми што релевантно ќе парираат во политичката арена и ќе се надеваме на победа. Тој по секоја цена сакаше набрзина да се добере до каква било позиција. Некои негови контакти од СДСМ му рекле дека во нивните интерни анкети бил многу популарен и тој наивно веднаш себеси се виде во премиерската позиција. Во една пригода ми рече: „Готово е Филип, освојуваме 70 пратеници на предвремените избори!“ Останав со прашалници. Боже, за што зборува овој човек? Во вакви услови 10 пратеници се повеќе од успех. И тоа ако зборуваме за сериозно обединување на незадоволството во центарот и во десницата. Токму за тоа говорев во интервјуто за неделникот „Сега“ во февруари. Да се обедини десницата, каде што ги вклучив Народна партија и бранителите, со што прогнозирав дека може да се оди и со над 100 илјади гласови. Не гледам што има лошо да се предвидува таков резултат, односно да се работи на тоа да се демократизира политичкиот простор со уште еден значаен субјект. Оти се виде како владеат СДСМ и ДПМНЕ во годините зад нас. Сите не' престигнаа. Соседите се етаблираа во НАТО и дел во ЕУ. Останатите наскоро ќе го сторат, тоа додека ние вергламе и никако да тргнеме напред. Една од причините за тој наш неуспех е и недостигот од демократска свест и капацитет.
Љубе Бошкоски збесна по појавувањето на интервјуто. Прво, не можеше да се помири зошто не сум рекол дека ќе освоиме 300 илјади гласови. Не го реков тоа оти не сметав дека е реална бројка, а секако би сакал да ја имавме како поддршка. Потоа му текна дека не е добро што сум ги споменал Љубчо Георгиевски и бранителите. Оти има комплекс од него, што се покажа на таканаречениот конгрес во Струмица (одржан под сомнителни услови), сакајќи по секоја цена да биде избран без гласање, затоа што тоа порано се правело така и за Љубчо. А за бранителите сметаше дека ги има в џеб и дека може да ги манипулира како што ќе му затреба. Потоа се сомневам дека од своите контакти од СДСМ доби задача да ја растури таа идеја. Оти десничарско-центристичка коалиција значи дека Црвенковски нема ексклузивно право да атакува на власта. Се растураше на тој начин заговорот двете партии да се менуваат на власт до бесконечност. И ја растури таа идеја. Прво се конфронтираше со Бомбај. Претходно си заминаа Бочваров и Туневски (присутен на основачкото собрание). Сите не му чинеа. Потоа си заминав јас, па Даштевски, а сега и Кецковски, кој е во кумска врска со него. Се зборува дека и Ден Дончев си заминал. Не остана ништо од грандиозните желби. Но, ѓаволот доаѓа по своето. Сега мора на Б.Ц. да му испорача резултати за поткрепата што ја има тајно цело време, а пред некој ден ја потврди Кецковски. Мора да одржи бунт. Ќе ја урива Страта железничка станица. Оти бунтот значи тоа. Ама се ми се чини дека за тоа ќе му треба логистичка поддршка од пријателчињата од СДСМ. Да пратат нешто членови, оти остана сам.
Идејата за сериозна десничарско-центристичка коалиција останува жива. Таа и' е потребна на Македонија. За да заживее плурализмот. Само што сега во неа нема место за луѓето што не разбираат дека не започнува и не завршува светот со нив. Ние ќе работиме да го оствариме овој проект со сите наши сили. На терен поддршката е повеќе од очигледна. Народот сфатил што му е потребно да излезе од калта во која со сила не' туркаат.
А кои Ви беа сознанијата за Обединети за Македонија кога преминувавте во таа партија или во било која друга,во која планирате да одите? Во сите партии во Македонија диктатурата е етаблирана статутарно. Вие, просто напросто,ја етаблиравте диктатурата во ВМРО ДПМНЕ т.е. во нејзиниот статут,и притоа воопшто не реагиравте на ретроградните процеси во демократска смисла на зборот. А потоа веднаш ја напуштивте нашата партија и отидовте во друга т.е. во ОМ. Ама гледате дека и таму демократските поставки не биле кој знае колку демократски. Затоа го молам почитуваниот автор да се врати во ВМРО ДПМНЕ бидејки и во другите партии владее диктатура т.е. демократија нема да најде никаде. Нормално е во една партија да има различно мислење. Но ако работите не одат секогаш според наш ќеф, не значи да си одиме од ВМРО ДПМНЕ. Ќе биде подобро. Според мое мислење, за десницата најдобро е да се креира Унија нешто слично како ЦДУ. Поздрав.
Од: Тони
Датум: 06.11.2010 15:22:59
Точно. Народот сфатил што му е потребно. На народот му е потребно СИТЕ ДА ВЕ СНЕМА ОДЕДНАШ. Само тоа ќе го спаси народот, кој го ТУРКАТЕ во кал.
Од: Realist
Датум: 06.11.2010 15:31:41
Не напаѓаш некого, и не браниш некого ти Филипе, за џабе. Зад секој твој јавен напад или бранење постои инте��ес. Каков политичар ќе беше ти, да не беше така.
Од: Trampa za likot i deloto
Датум: 06.11.2010 18:00:40
Dobro Filipe ti si vo povolna polozba i mozes slobodno da go nadjas g-dinot Boskovski, bidejci negoviot lik i delo ne e zastiteni so zakon , kako ona na "golemiot i neprikosnoven" lider na VMRO-to ,nasiot "omilen i velicenstven " Premier.. E toa ne go znaese Dusko, pa morase za "trampa" za likot i deloto na Presvetiot Nikola da ja dade svojata posledna krava. Eve denes i jas sum vo sekiracija. Se drznav i pred svedoci go napadnav "svetiot lik" na Nikola. Sega se plasam sto ce se ce me zadesi?. Imam samo edno kuco magara i toa prilicno izgladneto.,Dali istoto ce mi stigne i bide dovolno za da se otplatam, odnosto se "trampam" za navredata na likot i deloto na Presvetiot Nikola Gruevskie ?
" premier
Од: od patriot
Датум: 06.11.2010 18:03:25
Filipce aj ne se zanesuvaj mnogu..Vistinskata dilema e zosto sega pisuvas i zosto samo tvojot kafic moze da go ograduvas a drugite ne? Nemas kredibilitet da zboruvas za Ljube. Prvo tvrdevte deka nema da sobere luge, sega koga sfativte deka ke sobere ke bile od sdsm..a be ajdee..i ti ne si zamina od OM, kolku sto se sekavame te izbrkaa..pocituvaj gi faktite.
Од: eli
Датум: 06.11.2010 18:03:44
vakvi mislenja se potrebni za graganite izvorno da se informiraat za zadkulisnite igri vo partiite.
Од: забеган.
Датум: 06.11.2010 18:23:21
Браво бе филипе намерно со мали букви,пошто си мал човек.Менуваш парти ко јас чорапи.Право да ти кажам немаше ни да те спазев со колумнава ако Него видев лапас на сител.Те слават ко некој херој.Знаеме дека брати Љубе како што го нарекувавте,Нема многу да успе со бунтот од познати причини а тоа се вика СТРАВ.
Од: Професорка
Датум: 06.11.2010 19:49:56
Велиш брендот ВМРО е втемелен во народот и нема да гласаат за никој друг. Како прво безобразно е, а досега требаше и да се забрани, употреба на историски брендови од страна на банди дрипци кои не доведоа до овде. Второ, ако е народот толку шишан во памет, па гласа само од некој сентимент, тогаш и ништо подобро не засужува. Само беда и изолација.
Од: duks
Датум: 06.11.2010 23:55:15
97 ili 98 protestirase protiv pedagoski na albanski potoa koga stana pratenik bese za cel univerzitet na albanski ti si dvolicen
Од: Виктор
Датум: 07.11.2010 05:00:55
Колку што јас се сеќавам авторот беше избркан од ОМ, а не си отиде. А и малку е симптоматично зошто се јавува со ваква колумна токму пред најавениот „бунт“, а уште посимптоматично �� што и Георгиевски денес излезе со обвинувања против Бошкоски. Да не се плаши власта од нешто???
Од: Mile Kitich
Датум: 07.11.2010 07:08:27
Prasanje za Milion dolari
1.Najdvolicniot covek na politickata scena vo MK ?
Филип Петровски
Odgovorot e tocen vi cestitame na vasiot 1 milion dolari
Од: Мелбурн10
Датум: 07.11.2010 09:02:57
Да народот свати со кого има работа,и затоа го подржува БМРО,вие сите десницата имате по две десни нозе две десни раце,и гледате само и само да и наштетите на Македонија,да би бил како вас сите десничари би застанал до Грујо дури не се метниме во НАТО и ЕУ,а после вадете очи помеѓу себе.Тоа е секаде во државите,за државните интереси сите се сплотени,а после се дават помеѓу себе,дали немате видено како настапува југот по нашето име.Што се однесува заБЦ тој имаше многупати прилика да го реѓи тоа горко прашајне али немаше капацитет и сега само глуми дека знае какоКАКО еднаш нека се изјасни па ако даде првилен одговор ние сите ќе го поджиме.
Од: Сиднеј 11
Датум: 07.11.2010 12:40:19
Мелбурн,единствено точно во твојот коментар е правилното име:БМРО!Инаку ,Филип е секогаш во право,затоа што неговото мислење секогаш се менува!
Од: D.V.
Датум: 07.11.2010 23:27:57
Filipe, bese mlad i ti prostevavme za site tvoit greski . lazno strajkuvase so glad vo Zena parkot, pa zamina kako diplomat vo Ameeika, pa se vrati, promeni partii, no mi se cinese deka pocna da se opametuvas...Samo mi se cinse,oti ne uspea da ja sokries ljubomorata kon tvoite kolegi"odparkot" i kon nivniot uspeh, ako taka moze da se narece nivnoto "rabotno mesto". Gi sakase i prestana da gi falis tvoite nekogasni gazdi, ama najmnogu od site te maci Branko. Velis deka Branko ne ostavil nekoj pogolem beleg, mozokot ti igra majtap so tebe; Branko ostavi goem beleg NPRAVI DRZAVA koja site vie ja prokockavte.A Branko ostanuva "pod voda" tolku, kolku sto on smeta deka trebe da ostane. I kako i sekogas do sega, znae da ispliva vo daden moment. Ne sum vo nikoja partija, no kako trgnalo,se lazes deka nema da glasame za nego na idnite izbori. A ti si mlad, ako uspees da ja udizginis tvojata ljubomora i pakost, ke ima vreme i mesto za tebe, vo oaa nasa" kakva -takva" Makedonija kako vika N G