Број 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Внимавајте на Ван Бомел!

Менаџерот Драган Путевски кој работи во Холандија предупредува на однесувањето на Холанѓанецот

Драган Путевски, попознат по прекарот Пап, е познато име во фудбалските кругови во Македонија, иако е подолго време отсутен од нашата држава. Тој веќе дваесетина години живее во Холандија, работи како менаџер и како скаут на холандскиот тим Херенвен. Добар познавач е на фудбалските прилики во Холандија, добро го познава и македонскиот фудбал бидејќи нема пропуштено речиси ниту еден настап на нашата репрезентација на европската сцена, исто така, и во Скопје. Затоа беше интересно да го слушнеме и неговото мислење за претстојниот меч меѓу Македонија и Холандија во Скопје.

„Јас можам слободно да кажам, без оглед на силата и рејтингот на холандскиот фудбал, дека во Скопје на овој меч нема фаворит. Холанѓаните се светска сила, но не се и неранливи. Играат брз фудбал, постојано се во офанзива и можеби тука е шансата на нашите фудбалери да извлечеме нерешен резултат како што беше и во претходните две средби што ги одигравме во Скопје (2:2) и во Амстердам (0:0).

Холанѓаните со извесен респект патуваат за Скопје, тоа можев да го видам и од нивните изјави што ги дадоа во холандскиот печат, особено е претпазлив новиот селектор Ван Марвијк кој неславно стартуваше на селекторското место бидејќи пред три дена Холандија во пријателска средба загуби од Австралија со 2:1.

„Нема да ни биде лесно во Скопје, тоа го покажа и мечот со Шкотска. Шкотланѓаните се незгодна екипа, игра брз фудбал и јас навистина ја почитувам победата против нив на македонската репрезентација. Добро е што сепак, ќе играме во ноќниот термин. Тоа ќе овозможи гледачите да видат добар фудбал.

Според Драган Путевски нашите фудбалери треба многу да внимаваат на првотимецот на Баерн од Минхен, Ван Бомел, кој е еден од, како што вели тој, најбезобразните играчи во екипата, секогаш подготвен за провокации, за кавги, не само со противничките туку и со своите фудбалери па и со селектори. Мошне е незгоден, брз, знае секоја шанса да ја претвори во гол.

Холанѓаните се физички одлично подготвени, тоа е јасно бидејќи играат во најдобрите европски клубови и мора многу да се внимава не само на Ван Бомел туку и на Ван дер Барт, на Ван Перси, речиси на комплетниот напад бидејќи тие не знаат да застанат, но за мене е охрабрувачко што сите се некако воздржливи во изјавите кога е во прашање мечот со Македонија, бидејќи веќе еднаш се „попарија“ на Градскиот стадион кога одвај спасија реми.

Јас пак ќе повторам: во Скопје нема фаворит, особено затоа што Холандија мор�� да победи за да ја докаже улогата на фаворит во својата група, а Македонија осоколена по онаа победа против Шкотска може да игра порелаксирано со оглед дека веќе има три бода на своето салдо. (М. М.)

 


Статијата е прочитана 864 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Ден за голема пресметка
Ван дер Варт
Чеде Јаневски нов тренер на Црвена звезда
Холанѓаните вчера допатуваа во Скопје
Талин втора меч-топка за кошаркарите
Враќање на кралот Роже Федерер
Магдинчев падна дури 682 места на АТП-листата!
Монтажни рефлектори на Градскиот стадион
Ниту Ферари така не би го казнил Хамилтон
Македонија во тешка група на СП
Македонија во тешка група на СП