И врвот на МПЦ вмешан во криминалот на „Изгрев“, утврдиле графолози
По изборите, Обвинителството треба да поведе обвинение за случајот
Билјана Јовановска
Со графолошките вештачења на потписите на Димитар Белчовски, финансиски советник на поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, на одлуката за ставање на хотелот „Изгрев“ под хипотека за добивање кредит од над 5 милиони евра од германската ЛХБ банка, дефинитивно, во вода паднаа сите тврдења од врвот на МПЦ дека високи духовници не се вмешани во мегаскандалот. Најнапред, првиот духовник тврдеше дека хотелот за кој МПЦ на берза плати 700.000 евра „не е изгубен“, за набргу потоа да почнат да излегуваат на виделина детали непријатни за челните луѓе на Црквата. Бидејќи по второто купување на „Изгрев“ на лицитација за 1,5 милион евра веќе немаше бегање од вистината, на седницата на која пред владиците го прочитал извештајот за хотелот, г.г. Стефан им соопштил дека тој е потписникот на хипотекарниот кредит од Тутунска банка од еден милион евра. Воедно, ги убедувал архијереите дека неговиот финансиски советник Димитар Белчовски не е вмешан во матните зделки, а неговиот потпис, наводно, бил фалсификуван.
Како сега ќе се правда архиепископот охридски и македонски пред собраќата од Синодот кога графолошките анализи утврдиле дека потписот е токму на Димитар Белчовски, може само да се претпоставува. Во која насока ќе оди истрагата, ќе се види непосредно по ��зборите. На 24 март истекува 90-дневниот притвор за деветтемина обвинети за случајот „Изгрев“ за криминал тежок над 6 милиони евра. Меѓу нив се и содружниците на архиепископот - бизнисмените Ѓорѓи и Димитар Миладинови, со кои МПЦ ја формира заедничката фирма „Миладинови ДОО“. Како што изјави министерката за внатрешни работи непосредно по притворањето на обвинетите, токму преку оваа фирма биле вршени најразлични финансиски трансакции, така што имало и перење пари.
Јово Илиевски, раководител на специјалното обвинителство за организиран криминал, не сака да ги коментира деталите од истрагата, која е при крај. „Предметот е вратен од истрагата и бидејќи станува збор за огромен материјал, се' уште се проучува. Секогаш постои можност за проширување на истрагата со нови обвиненија, но тоа ќе зависи од доказниот материјал“, рече Илиевски, со извесно оградување дека „не е многу запознат со случајот што го проучува колешката“. Сепак, потврди дека случајот многу скоро ќе се процесуира.
Изјава за наодите од графолошките вештачења кои ја потврдуваат автентичноста на потписот на финансискиот советник на архиепископот на кредитите, поради чие невраќање Црквата остана без „Изгрев“, побаравме и од портпаролот на Синодот на МПЦ, кој во неколку наврати, оградувајќи се дека само ги пренесува зборовите на поглаварот, изјавуваше дека станува збор за фалсификат. „Ниту нешто знам ниту можам да коментирам се' додека официјално не бидеме информирани“, рече г. Тимотеј, не исклучувајќи ја можноста дека за ова ќе стане збор на наредната седница на САС, меѓутоа не посочи кога ќе се одржи таа.
Pocituvana Biljana, Vi cestitam za Vasata angaziranost i pravilnoto informiranje na makedonskata javnost vo Makedonija i vo iselenistvoto. Nie se naogjame vo edna bezizlezna sostojba nametnata od m. Petar i vo Avstralija vo poslednite 12 godini pominati po sudovi potroseni se 8-10 milioni dolari.
Pobednik nema. Site sme gubitnici. Neka ne Ve cudi oti nemame silno Makedonsko lobi. Parite se odlevaat vo kasata na m. Petar i negovata mu od "Boga daruvana Eparhija"!?
Од: Flaster siti
Датум: 13.03.2009 01:13:02
А бе вмровчиња, затоа ја воведовте религијата во училиштата, за овие да ни ги учат децата? Заглавени се во криминал до гуша, се отапаа од крадење а бараат од народот пари за да градат цркви? Ете затоа МПЦ ја викаат Месен Комитет на ДПМНЕ, оти не се знае кој повеќе има украдено. Редно е некој од Синодот да појди малку “под сенка“. Знам и кој треба прв...
Од: stevo bojler
Датум: 13.03.2009 03:00:38
Eden prijatel mi zborese deka Jovan na negoviot POA sajt pisuval bas za ova. Iskreno ne mi se veruvase. No posle i ovaa potvda od g-gja Jovanovska, izleguva deka se e tocno sto e kazano za MPC. Do kaj ke odat rabotite ako pocnat da se odmotuvaat od klopceto, samo eden Bog znae. No toa e najdobro na Makedonija. Da se vidi koj e koj. Koj e za vo Idrizovo, neka odi tamu. Koj e za vo penzija neka odi vo manatir. Koj e za vo kozmeticko studio, neka prodolzi pak da si odi. No barem da se razjasni. No isto se plasam i ako go trgnat Stefana, ke namestat nekoj uste polos od nego. Neznam Naum?
Од: никола
Датум: 13.03.2009 08:35:48
Ако бар малку има образ , поглаварот Стефан моментално треба оставка да си даде. Овакви и слични ``проповедници на десетте божји заповести`` го трујат, пљачкаат и држат во вечна глупост нашиот народ. Одсекогаш биле и ќе останат лопови - попови.
Од: realen
Датум: 13.03.2009 10:21:56
na zalost taka e nema vo Makedonija veke nitu eden cesen pop a sto ostanuva za politicarite a narodot bos i gladen pa uste i veruva na nekakvi prerodbi no edno nesto e poznato a toa e deka nadezta posledna umira zatoa narode glasajte za prerodbi za spomenici i jadete treva barem ide nova prolet taze treva ke ima kolku sakate1621
Од: Davor Kamenko
Датум: 13.03.2009 10:52:48
Abe lugje! Jas ne znam sto ve cudi ova? Cel zivot site me prasuvaat zosto ne sum krsten? Epa eve zosto! Zaradi ovie i site drugi raboti sto gi pravi nashata crkva.. Nema da vregjam nikogo, niti lugje niti partii, samo imam da kazam edno: VERUVAJTE vo gospoda mili sogragjani! VERUVAJTE vo gospoda, a ne vo crkva ili vo pop! Ne znaci deka ako nekoj odi vo crkva redovno deka e popobozen od mene.. Se veruva vo srceto i vo dusata!!! Jas ne poseduvam niedna ikona,retko doniram za crkvata, megutoa mojata verba e pogolema i od taa na popovite! Gospod se saka i pocituva vo srceto i dushata a ne vo crkva! Toa treba da go svatite lugje! Popovite porano bile siromasni lugje, i ne vozele mercedesi i BMW dzipovi! Samo toa koga ke go vidite se vi e jasno! Crkva e edinstvena institucija sto ne plaka danok!! Ne go zaboravajte toa!
Од: makedonec-vernik-malme
Датум: 13.03.2009 13:52:40
Imate hrabrost shto ja javivte vistinata, no kako da se spravime so problemov vo malme popot stana vladika a vladikata pop i nema nikoj hrabrost da reagira. Parite se vrtat kaj popot, toj e i predsedatel i blagajnik i se drugo ako nekoj zucni toj odma kazuva kako glasat kanonite...Da ima ama nema mazi koj ke im se spravat. Sekoj se plashi od boga.Naj zalosno e sto site makedonci se povlekoja za zal gi rastera site, crkvata nikoj ne ja posetuva, golema manipulacija ni napravi i eden den ke ja nemame nasata omilena crkva...
Од: Govrlevo
Датум: 13.03.2009 14:29:47
Mestoto na koe e garedn izgrev e na manastirot na Bogorodica; hotelot e graden so sila na padnatata vlast; ete, bil zalozuvan, i povekepati kupuvan. Toj da si ostani imot na manastirot, a tie shto se kockale so toj imot da snosat odgovornost i za kreditite i za ugledot na mpc koja ni kriva ni dolzna e posramena pred seta javnost; so svetosta i imotot na manastirot i mpc nema pravo nikoj da se igra.
Од: Kire
Датум: 13.03.2009 14:36:20
Pazete se da ne se zdruzi arhiepiskopot so profesorot Ivanov, zatoa sto ovoj moze da gi prokolne grafolozite do sedmo koleno.
Од: jimmy1
Датум: 13.03.2009 17:08:47
Kaj nas vo sve ima kriminal, pa neznam sto se bunime koga takov sistem baravme, kade sekoj mozi da raboti toa sto saka.
Do Ico Najdoski: Pa da ti kazam iskreno ako i ti imas malu sovest i razum nema da se javuvas, tuku ke se zastramis zosto vie ste najgolemite kriminalci vo taka narecenata Avtraliska Eparhija sto privatno e registriravte. Skapo te plaka onaj sto ne te znae a onie sto te znaat ne davaat nitu edna centa. Vie ste najgolemite vinovnici sto tolku golema suma na pari se potroseni za sudki sporovi, pa koga nemata pamet mozite da plakate. Vas vi bese planot od makedonskite crkvi vo Avstralija koi site se izgradeni so nasi pari, da napravite zlatna kokoska sto ke vi nesi zlatni jajca.
Ako seuste se smetas za "Makedonec" zastramise i ne se javuvaj poveke, zosto poveke vistini ke isplivaat na videlo, za vasiot kriminal.