Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Александар ја згази економијата

Слободан Најдовски

Старо-новите коалициски партнери не разговараат за нивна заедничка платформа што би била во функција на економски напредок

Според истражувањата на јавното мислење, пред секои избори граѓаните покажуваат дека на прво место според нивниот интерес е економијата. Големата стапка на невработеност, малите плати и нискиот стандард граѓаните ги посочуваат како главни проблеми со кои се соочуваат. Нормално е да се очекува дека и партијата што ќе понуди можни и реални решенија на тие проблеми, да биде фаворит во изборната трка. Но, кај нас тоа е случај со мал број избирачи. Штом ќе започне кампањата, многу други елементи имаат поголемо одлучувачко влијание отколку реалната понуда на економски мерки. Многу други прашања во калабалакот што го предизвикува кампањата ги потиснуваат предлозите за решавање на секојдневните потреби на граѓаните. Но, сега кога изборите завршија, секој граѓанин се свртува на фактичката состојба и гледа д��ка проблемите поврзани со неговата егзистенција остануваат.

Додека граѓаните очекуваа главната посветеност на новоизбраната власт да биде економијата, сепак, почетокот беше најавен со координирано поставување на спомениците посветени на античките херои. Што би се рекло, Александар ги потисна економските прашања. Општо е познато од минатото дека во ситуација кога голем број семејства немаат доволно продукти да се прехранат, тогаш владетелите барале супституција за нивните маки во „духовната храна“ и игри. Така и кај нас. Деновиве неколкутонски дигалки го кренаа споменикот на воинот на коњ, или Цане Бабачкото, како што некои на наш јазик од милост го викаат Александар Велики или Македонски. Во Битола цела ноќ траеја подготовките за конечно, по неколку години чекање, а се пресели татко му Филип од општинскиот двор до плоштадот „Магнолија“.

Кај нас спомениците се покажаа како добра замена, еквивалентна на секојдневните човечки потреби. Но, никако не можам да најдам објаснување зошто денешниве храбри поклоници на македонизмот ги менуваат имињата на спомениците, па не знаеме за какви споменици се работи и на кого се посветени. Ако се убедени во исправноста на своите постапки, нема потреба од отстапки во нивното именување.

Додека античките херои не' гледаат од височини, проблемите поврзани со егзистенцијата на луѓето остануваат. Некако срамежливо се најавуваат и промени во економската сфера.

Првите најави од економска природа се укинување на данокот на добивка, или таканаречениот данок на вкупен приход, намалување на цената на зелениот картон при регистрација на возилата, намалување на данокот на туристичките услуги, поволности при купувањето стан...

Најавените промени треба да се поздрават, но со одредена резерва, со цел да се почека и да се види што, всушност, ќе понудат измените во споменатата сфера. Резервираноста произлегува од досегашните искуства. Многу најавени мерки што во минатото требало да донесат позитивни промени биле само добро маркетиншки спакувани, а потоа следувале горчливи искуства. Најавите за намалувања на даноците за стопанството честопати при донесувањето на законите завршувале со ново даночно оптоварување, само во прикриена форма. Така е со мерката за укинување на данокот на приход за фирмите што остваруваат приход помал од три милиони денари. Оваа мерка само ја покажува неинвентивноста за економски реформи и вртењето во круг. Овој данок е воведен токму од оваа политичка гарнитура, како реформска мерка што требаше да помогне во поедноставување на постапката и намалување на административните трошоци на малите претпријатија. Но, таа значеше само оптоварување на и онака исцрпените мали претприемачи. Таа не беше реформска мерка, туку новонаметната давачка на стопанството. Токму оттука произлегува и стравот дека е можно од една страна намалување на некоја давачка, а на друга, ненајавено воведување нова. Треба да се почека да се види кои угостителски услуги ќе ги опфати намалувањето на ДДВ на 5 проценти и дали ќе треба да се плаќаат некои нови дозволи и такси. За кратко време ќе видиме и дали поволностите што се најавени за купување стан ќе бидат во функција на поевтинување на станбениот квадрат и дали условите што ќе бидат пропишани реално ќе можат да ги исполнуваат граѓаните на кои станот им е најнеопходен.

Македонската економија се соочува со многу поголеми проблеми што не може да се решат со парцијално предложени мерки. Прашањето на енормно, големиот буџет и неговото нерационално и ненаменско трошење е главниот проблем. Финансирањето на дефицитот, проблемот со полнењето на пензискиот и на здравствениот фонд од редовните приходи и се' поголемото учество на државата во нивно сервисирање, само покажува дека се неопходни посеопфатни промени.

ММФ културно и со дипломатски речник не' предупреди, но и ни укажа дека нема да не' поддржува ако се продолжи со досегашната буџетска политика. Само така може да се протолкуваат изјавите да не се користат позајмените пари како досега и да се бара начин пред време да се вратат веќе искористените пари во предизборниот период.

По пет години перманентна популистичка пропаганда, редно е да се посвети внимание за вистински реформи во економијата. Почетокот на мандатот е најпогоден да се направат економските реформи во сферата на фискалната политика, особено во буџетската. Но, дали има подготвеност новата Влада да се зафати со овие прашања. Почетокот не ветува многу. Старо-новите коалициски партнери не разговар��ат за нивна заедничка платформа што би била во функција на економски напредок. Тие многу повеќе се заинтересирани за техничка поделба на ресорите и за министерства што имаат поголем буџет и распределуваат повеќе пари. Никој не споменува дека го посакува, а камо ли да има недоразбирање за министерството за економија. Напротив, индеферентноста за овој ресор во поделбата на колачот на власта само го покажува односот кон економијата или, пак, потребата од реорганизација на економските ресори.

Останува да почекаме и да видиме дали ќе дојде на дневен ред вистинското зафаќање со решавањето на проблемите од економијата или ќе се продолжи со шминкерај во функција на перманентна изборна кампања, која ќе резултира со сиромаштија на најголем дел од населението.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1916 пати.

Испрати коментар

Од: Миле - Охрид
Датум: 28.06.2011 00:17:53
Народот го кажа тоа што имаше да го каже. Вас ви рече збогум. Ве смести во историјата. Редно е да покажете малку почит кон неговата воља. Престанете со вашите детруктивни активности. Македонците ќе си го задржат своето име.
Од: Slavko Lazovski
Датум: 28.06.2011 02:02:41
Ekonomijata na prvo mesto im e samo na nesto pomalku od 3% od zjitelite na RM.Samo na ovie pretpriemaci i sopstvenici na kapital prioritetna cel im e ekonomijata. Ekonomija ne nevrabotenosta, ne e siromastijata. Tie se posledica na neuspesni politiki.Tie ne se resavaat isklucivo so merkite na ekonomskata politika.No za da ima uspegh vo resavanjeto na ovie problemi, a isklucitelno vazjno za ekonomijata e da ima pocituvanje na cocekovite prava, demokratija i vazjenjeto na pravoto. Mora da prvo mesto da bide slobodata na graganinot, pa potoa ekonomijata. Sloboden graganin, sloboden pretpriemac, silna ekonomija. Dobri pravila, celosno nivno pocituvanje, ekonomski razvoj. I Pinoce velese na prvo mesto ekonomija. Ova sto se slucuva vo odredeni arapski zemji, e tokmu zamenata, graganinot si doaga na prvo mesto. I vo RM sledniot period ke mora na prvo mesto da dojdat pravata i slobodite na graganite, a ekonomijata ke si go najde svojot pat na razvojot.
Од: do Slavko Lazevski
Датум: 28.06.2011 08:22:45
Nitu na vas samite ne vi e jasno sto sakate da kazete. Nemalo ekonomija bez slobodni gragjani, Zarem gragjanite neslobodno i vo diktatura izleguvaat maltene sekoja godina na izbori i toa bez nikakva potreba.Pa sega sto da pravime sto ete graganite ne ja izbiraat vasata opcija, I sega sto ke se demonstrira po ulicite za sloboda. Na samite sebesi ke si zdodeete.
Од: Katica
Датум: 28.06.2011 09:57:46
Napisot e vistinata. A za zeleniot vmrovec podolu, narodot nisto ne izbra, tuku 450000 zeleni glavi dobija mok da go unistat ostanation del od narodot. Sram da vie.
Од: deki
Датум: 28.06.2011 14:14:28
ej narode prost uste malku ke gi grickate spomenicite makedonija e na rabot na ambisot onie pobednicite megu sebe glavi si vadat a treba da si ja cukaat zasto i oni svatija sto napravija nema vise zivot ovde cao

Најди! во Утрински
Мислења

"""