Брoj 2779  четврток, 04 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Законот за енергетика под лупа на ЕУ

Амандманите на законот сега се разгледуваат во Европската комисија

Маја Томиќ


Претставници на Eвропската комисија на 17 септември ќе пристигнат во Скопје на разговори со Владата, а една од главните теми за кои ќе се дискутира се најновите измени во Законот за енергетика, дознава „Утрински“ од извори на Канцеларијата на ЕУ во Скопје. Според нив, дури пред десетина дена, откако измените беа усвоени во парламентот, Владата го испратила законскиот текст на разгледување во Европската комисија. Ваквите информации ги демантираат изјавите на премиерот Никола Груевски, како и на другите владини претставници, дека за измените претходно е добиена согласност од ЕК.

Кристина Наѓ, портпаролка на еврокомесарот Оли Рен, за „Утрински весник“ изјави дека единственото мислење на Европската комисија за Законот било испратено до македонската Влада во јануари оваа година. „Новите амандмани на Законот неодамна беа испратени до Европската комисија и сега тие се разгледуваат од релевантните служби во Брисел“, вели Наѓ.

Една од главните забелешки на Брисел беше дека со измените постои опасност ЕЛЕМ, која е државна компанија, да стане монопол на пазарот, бидејќи ќе му се овозможи истовремено да биде производител и трговец со струја.

Лани во декември претставници на Европската комисија побараа од Владата средба на која ќе се испеглаат забелешките на ЕК околу законските измени.

 


Статијата е прочитана 458 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 04.09.2008 09:39:08
Narodot veli: Vo oci te gleda i laze! Narodot veli: Tolku e golem kradec, sto dete pri majka moze da ukrade! E takva e nasata Vlada! Kolku pati slusnavme deka izmenite se usoglaseni so EU. Pa zosto sega EU gi gleda izmenite?
Од: aleks
Датум: 04.09.2008 09:40:11
na lagata i se kratki nozete.ako EU dal zeleno svetlo za zakonot za energetika, togas zosto pak ke go razgleduva i komentira? portokalovite nemozat da sfatat deka so EU nemozes da si poigruvas. zatoa Makedonija namesto napred odi samo nazad. veke ni so Albanija ne mozeme da se tesime.
Од: jimmy1
Датум: 04.09.2008 09:53:10
Neznam zosto tolku i se dozvoluva na EU da go pika nosot vo nasite vnatresni raboti. Dali nekoj od niv ne prasal nas za nivnite raboti. Neznaci deka tie se eksperti pa kaj niv e sve kako sto treba.
Од: Трпе
Датум: 04.09.2008 11:23:27
Во Македонија имаме голем број кои уште во гаките мократ а не се способни да си ги соблечат или облечат а покажуват сила дека на Македонија помош не и треба од никого.Тие можеле се сами.Детски работи.
Од: Кичево
Датум: 04.09.2008 14:36:15
Jimmy1 да се надеваме дека не си од тие јас што ги знам со тоа име,односно надимок,па така може да ти се прости што навистина само за да кажеш нешто трапосуваш,ЕУ не требело да се меша.Си се запрашал дека ние треба да е молиме ЕУ да не прими,оти немаме никаков излез,а како гледам и народот почна да се однесува и изгледа како африкански народ,пошто не можеме да речеме од Пустец,сега тие се поарни од нас...Гледаш на ТВ кога ги ваѓаат луѓето нешто да кажат тие обичните како изгледаат,срамно сигурно ке се поправиш.Ама да се надеваме пошто не верувам да имаш поголема заслуга во ВМРО од мене па така би ти простила исти аминџии има многу во ВМРО ,па биди и ти еден од многуте...Да живее Македонскиот народ среќно во Европанска унија бидејки Македонија е дел од Европа и таму и е месттото.Направи добро за Македонец да докажеш дека си Македонец...Позз.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Спасеноски нема одговори за бруцелозата во Битола
Дисперзирани студии по право во Велес
Трактори за пелагониските земјоделци
„Кабелтел“ ги нуди своите услуги и во Штип
Водич за убавините на Шара
Референтните цени на лековите на ревизија