Весна Атанасовска - Вучиќ
дир. на ФНИП „Пеце Атансовски“, Долнени
Веќе сум во Прилеп, од каде што најдобро можам оперативно да функционирам за организационите подготовки на претстојниот фестивал за народни инструменти и песни во Долнени. Фестивалот ќе се одржи викендот на 7 и 8 јуни, па од четврток-петок веќе ги очекуваме и учесниците.
Зоица Пуровска
примабалерина
Со обврските околу КЕЦ „Сцена“, влегувам во еден турбопериод. Го подготвуваме завршниот концерт со нашите ученици, кој ќе се одржи на 12 јуни, а на 23 јуни треба да патуваме за Тулуза, Франција, каде што ќе настапиме со исечок од балето „Блесок“. И денеска имаме проби на програмата, но и административни обврски околу вадење визи.
Ева Нединковска
пејачка
Најголемиот дел од денот сум ангажирана како преведувач на еден семинар што го организира Факултетот за туризам. Доцна попладнето се враќам за Скопје, каде што во 21 ч. имам проба со „Тавитијан брадрс“, како подготовка за настапот на 6 јуни во „Цанкарјев дом“ во Љубљана. |