Заклучоците на Комитетот ЕУ - Македонија се патоказ
Владата му го доставила на Фуере акциониот план за исполнување на забелешките од извештајот на ЕК
Тамара Грнчароска
Заклучокот што ќе го усвои денеска Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ ќе биде патоказ за тоа како да се оди напред и што треба да се направи за земјава да се приближи кон ЕУ, порача вчера на стартот на дводневниот работен состанок на Комитетот во Скопје копретседавачот - европарламентарецот Антониос Тракателис. Нагласувајќи дека Комитетот работи на еден многу продуктивен начин со свои согледувања и коментари за работите важни за македонското приближување кон Унијата, Тракателис рече дека заклучокот на ова тело „ќе биде документ што ќе треба да се сработи и тоа нема да биде документ што ќе биде ставен во фиока, туку многумина ќе го прочитаат и ќе биде патоказ за земјата“.
На петтиот по ред состанок на Комитетот вчера свое обраќање имаше и вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, кој информирајќи ги европските претставници за она што го прави Македонија на патот на евроинтеграциите, изрази надеж дека Комитетот ќе ги потврди тие напори на земјата. Тој како еден од најголемите приоритети на Македонија во наредниот период ги посочи изборите во март, за кои рече дека „ќе направиме се' за одржување демократски избори“, а на темата визна либерализација го нагласи институционалното исполнување на критериумите од страна на нашата земја, како што рече, за „уривање на последниот европски ѕид - шенгенскиот“. Нагласувајќи го политичкиот консензус во земјата за членство во ЕУ, Боцевски изјави дека „Македонија има доволно политички, административен и граѓански капацитет утре да почнат преговорите за членство и да ги разубеди сите скептици во тоа“.
Боцевски вчера на европарламентарците и на евродипломатите им порача дека „Македонија е европска држава, македонскиот народ е европски и поради тоа не можеме да ја разбереме синтагмата ’замореност од проширување’, што преведено кај нас значи лицемерство“, туку дека Македонија, но и другите земји во регионот патат од постојаната посветеност за исполнување на критериумите на ЕУ, порачувајќи дека „време е за храбри политички елити кои ќе го интегрираат целиот регион во ЕУ“.
На изјавата на Боцевски одговори евроамбасадорот Ерван Фуере, според кого во јазикот на ниту еден европолитичар ниту на една европска земја не постои нешто што значи „замор од проширување“. Според Фуере, ЕУ останува посветена на интегрирањето на Западен Балкан. Тој, повторувајќи ги предизвиците со кои се соочува земјава за исполнување на препораките од ЕУ и окончување на реформите, информираше дека вчера од македонската Влада му бил доставен акциониот план со прецизна временска рамка за исполнување на забелешките содржани во извештајот на ЕК.
На состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ присуствува и Ерик Мејер, известувач на европарламентот за Македонија.
Лицемерие или хипокризија, е само благ збор за поведението на европската јавна куќа со седиште во Брисел.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 28.11.2008 09:25:23
do ljupo (BT):Pa koj ve tera da tropate neprekidno na Evropskata vrata,da se zdobivate so politicki okrvaven nos?Prestanete ednas da placete po Evropa i posvetite se konecno so pogolema nacionalna samodoverba na domasni problemi,koi ne moze Evropa da vi gi resi.Koj ti pomaga vo familijarni problemi?Nikoj!Organizirajte barem ednas(!) za ovie 17 godini izbori bez krvni inicidenti i neregularnosti.A sto se odnesuva do Grcija,EU ima pravo na solidarnost so taa zemja,bidejki a)e nivna clenka i b)kolku i da e zlobna nasiot juzen sosed,sepak pripagja "vo taa familija na vrednosti" i samo kade ima sloga i solidarnost,tamu ima prosperitet.EU ne humanitarna organizacija za lecenje na necii nacionalni kompleksi,tuku zaednica koja si gi zastapuva nejzinite strateski interesi,mada bile protiv i Makedonskite!Do Makedonija e samata da odluci dali moze da se vklopi vo tie "Evropskite interesi" ili osekja potreba da traze care na drugo mesto.Evropa vo takov slucaj ne vi se luti
sigurno;-)So pocit
Од: Rade
Датум: 28.11.2008 11:02:50
Слични изјави за наши ‘патокази‘, ‘стратегии‘, ‘агенди‘, ‘планови за имплементација‘, даваше и Габрела Конеска во претходните 3 соопштенија по Извештајот на ЕУ. Па ... ништо. Сеуште немаме статус- преговарач. Нешто тука не е во ре��. Не ќе да е до имање на добри намери туку во умеење.
Од: Do Nikola
Датум: 28.11.2008 17:01:58
Nikola, EU nema pravo, tuku moze da se solidizira so grcija. Tuka ima ogromna razlika, bidejki ako imanje moznost = imanje pravo, togas nacistika germanija imala pravo da gi ubiva evreite, stalin imal pravo da zatvora milioni rusi, i SAD imala pravo da go napadne irak. Inaku edna od osnovnite vrednosti na evropa, barem na hartija, e pravoto na samoopredeluvanje. I za kraj, toa sto zivees vo germanija ne ti dava pravo so podsmev ili ironija da pisuvas za Makedonija ("organizirajte", "so pocit", " ;-)" itn), bidejki ako nisto drugo Makedonija barem ti go dala identitetot i kulturata (vsusnost tebe ti dala mnogu malku, ama ajde). Imaj malce samopocituvanje, na koj jazik pisuva?