Што прават денеска
Лидија Перчинкова
стилистка
Овој продолжен празничен викенд ми е комбинација на работа и одмор. Денес сум работно на „Макфест“, го уредувам стилот на учесниците на фестивалот. Потоа планирам да отпатувам малку на викенд - одмор надвор од границите на државава.
Кире Костов
композитор
Овој период сум посветен исклучиво на работата врз проектот на Мартин Вучиќ. Се подготвува голем концерт со македонски народни песни во една симфониска верзија, нешто слично во стилот на музиката на Вангелис. Најверојатно, концертот ќе се случи во текот на ноември.
Зорица Панчиќ
актерка
По завршувањето на вчерашната претстава, ми започна долгоочекуваниот слободен празничен викенд. Прво, имам намера убаво да се наспијам, да уживам во семејниот ручек, да се релаксирам во прошетка со кучето... И, конечно, да се видам со пријателите, бидејќи од обврски не стигнувам да им се посветам. |