Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Три во едно за гласачката машина

Оливера Војновска

Еден од пратениците го испуштил авионот, друг имал висока температура, а трет бил оправдано отсутен. Заеднички именител е што се дел од власта. „Три во едно“ - и сосема доволно за дебакл на двотретински закон во Собранието. Сепак, нема простор за очајување, владината коалиција е стабилна, а драматиката е дел од политичките шпекулации. Така барем тврди премиерот.

Власта контролира огромно мнозинство во парламентот. Портокаловата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ брои 63 пратеници. Заедно со Фијат Цаноски од ПЕИ и 18 парламентарци од ДУИ, Владата може да смета на 82 гласа. Со ваква фантастична поддршка таа во Собранието може да го спроведе секој проект што ќе го посака. Впрочем, тоа постојано се случува во изминативе две и пол години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Силната гласачка машинерија во парламентот ја верификуваше буквално секоја владина иницијатива. Не е тајна дека повеќето од пратениците на владиното мнозинство не само што не ги читаат законите туку не знаат ни што гласаат. Изгледа, мислат дека тоа не е ни потребно. Доволно е само да внимаваат да го притиснат зеленото копче. А за секој случај, за да не се збунат, пред чинот на изјаснување координаторот на пратеничката група дава команда: „за“.

Сепак, деновиве го видовме и тоа чудо. За првпат во Собранието не помина закон предложен од Владата. Паднаа законските измени за организација на органите на државната управа. Шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, дојде болна само за да гласа. Се појави и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ретко може да се види на пленарните седници, најчесто кога има обраќање на некој странски државник. Но, бадијала, и тоа не помогна. Парламентарното мнозинство не успеа да обезбеди 80 гласа. Недостигаше само еден глас.

Што, всушност, се случи и каде затаи секогаш прецизниот гласачки апарат на власта? Во салата ги немаше пратениците Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Борис Стојменов од ВМРО-Македонска и Хајрула Мисини од ДУИ. Меѓутоа, тоа беше позната информација. Спикерот Трајко Вељаноски уште во почетокот на седницата ги најави како оправдано отсутни. Нејасно е зошто тогаш го стави законот на гласање ако знаеше дека го немаат потребното двотретинско мнозинство? Дали власта направи грешка при пребројувањето или сметаа на поддршката на тројцата пратеници од Нова демократија? Тие при електронското изјаснување никако не гласаа. Којзнае, можеби во последен момент се премислија, па при јавното прозивање кажаа дека се „против“. Само, овој пат и либералдемократите гласаа „против“. Не и' помогнаа на Владата како неодамна за пакетот системски закони за судството.

Впрочем, за реформите во јавната администрација власта не се ни обиде да го слушне мислењето на опозицијата и на граѓанскиот сектор. Уште помалку да го уважи. Арогантно тргна на јуриш убедена дека целта и' е на дофат. Многу и' се брзаше Министерството за информатичко општество да ги преземе и ингеренциите на Агенцијата за државни службеници.

Административците здивнаа, но само за момент. Власта не се откажува од намерата да ги донесе измените. Според најавите, законот набрзо ќе се врати во Собранието. Формално, како предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за да се избегне деловничкото ограничување - закон што не поминал во парламентот да не може да биде предложен во иста форма и од ист предлагач најмалку три месеци.

Во меѓувреме, пратениците од парламентарното мнозинство ќе го јакнат имунитетот со ударна доза на витамини. Бидејќи, со покачена температура или не, ќе мора да се појават во парламентот и да ја чекаат наредбата за гласање. Членовите на Комисијата за надворешна политика: Теута Арифи, Назим Буши и Васко Шутаров, кои денес треба да се вратат од Турција, никако не смеат да го испуштат авионот. Тие ќе треперат од возбуда дали ќе стасаат навреме за да ги притиснат зелените копчиња.


#
Статијата е прочитана 1064 пати.

Испрати коментар

Од: Збогум СДСМ
Датум: 09.12.2010 12:27:22
Не ги разбрав аплаузите од жолтите канаринци кога не се изгласа законот. Немало 80 гласови, туку само 79. И тие тоа го сметаат за некаква нивна победа??? До каде паднаа. Ќе се вратат на власт на куково лето.
Од: забеган.
Датум: 09.12.2010 12:50:30
Јас мислев овие знат да бројат до 100,Ама тие не знаеле нити до 80.Затоа не одела Преродбата.Првин треба да научат да бројат па потоа ќе тргне Преродбата.
Од: (a)KKK
Датум: 09.12.2010 13:29:13
dajte be luge otvorete malce oci i poglednete koj ne vodi. Kako ne moze veke ednas da sfatite deka nasite pralamentarci glasaat za zakoni, za koi ni samite nemmat pretstava zosto se tie...a koj ja plaka cenata na toa...jas i ti prijatele..i nikoj drug..zaradi takvi raboti ke plakame jas i ti prijatele astronomski sumi za frlen pikavec pri nemanje na kanti...zaradi takvi raboti ke plakame sumi za javno uriniranje pri nemanje na edno ednistveno javno wc...jas i ti plakame...ne plakaat parlamentarcite...dajte da otvorime oci i da kazeme veke NE na ovaa neodgovornost. Dodeka nie se raspravame dali bil ubav Dame ili Goce, deca ucat vo skoli bez pokriv i rodilki umiraat vo bolnici zaradi nesoodvetni uslovi. Dosta e. Vreme e da gi vratime pravite vrednosti na ova opstestvo.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.12.2010 16:23:17
Ако имаме дебакл на некој тогаш некој би требало да победи.Што би рекол шаховскиот чирак едни екипи во фудбалот добиваат другите губат.Власта несобрала мнозинство а кутрата опозиција таквото нешто како успех си го припишува себеси.Инаку оваа екипа повторно за неколку дена го става законот во собраниска процедура.Фудбалски кажано одложениот меч ќе се одигра наскоро со позната завршница.
Од: R.R.
Датум: 09.12.2010 16:28:53
Boli porazot????Crvenkovski i ostanatite so nego nikako da arzberat deka narodot ne gi saka.Malkumina se tie kako niv sto razmisluvaat.Narodot e zadovolen so odlukata na Vladata.Pozdrav i golema podrska !
Од: Predvidliv
Датум: 09.12.2010 18:51:41
Lugeeee,nesto se kuva,ama kakva mandza ke izleze.Hnzite se mnogu disciplinirani,tie ce dojdat na glasanje.A koga neko bi izostanal,tesko nemu,vednas tuka e Gordeto pa ke mu najde nesto.Grujo ne prifaka da izleze na izbori.Pricina bila negoviot ili nivniot visok rejting pa ce dobiele dvojno povece parlamentarci nego sega.Ne saka covekot da go izblamira SDSM i opozicijata i da ostanat bez nitu eden pratenik.Sto islite,ne ke e taka.
Од: zoltoklunec
Датум: 10.12.2010 10:05:39
kanarincite se raduvaa za kratkotrajnoto odolzuvanje, a vsusnost TIE treba da go podrzat ovoj zakon. Ako ne se brka od Drzavnata Administracija, tuku samo ako raste nie ke staneme Parazitska drzava. So sekoj izbori novi i novi vrabotuvanja vo drzavna administracija. Pa Drnovshek vo Slovenija prvo sto napravi 1991 e gi izbrka site do cistacka i si vraboti svoi. Znaci ako Kanarincite mislat seriozno deka ke se vratat na vlast, ovoj Zakon im e dobredojden za da si stavat svoi luge a da gi izbrkaat vmr ovcite, bez da ja zgolemuvaat Drzavnata Administracija. Pa duri i da ne se menuva vlasta, treba povremeno osvezuvanje na kadarot. Ako moze vo proizvodstvo da ima Tehnoloshki vishok, n.pr. 2006 OHIS izbrka 120 vraboteni, voglavnom iskusni kadri, mnogu i so VSS, i toa bez pricina (bidejki ostanaa 800 i toa so mnogu polosha kvalifikaciona struktura od izbrkanite) zoshto i vo drzavnata administracija da ne moze da se proglasuva tehnoloski vishok i da se brka ??

Најди! во Утрински
Едиторијал
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud