Број 3452  четврток, 09 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Сашо Тасевски

актер

Денеска сум преокупиран со промоцијата на мојата нова книга, збирката драми што ја нареков „Аеродромци“. Промоцијата ќе се случува во 12 ч. во просториите на издавачот „Култура“, а книгата ќе биде во продажба веќе од утре. Очекувам убав ден со дружење и интересни дискусии.

Валентино Скендеровски

муз. продуцент

Денот ми се опишува со малку зборови, но ме чека многу работа. Претпладнето ми е исполнето со предавањата за моите студенти на ЕСРА. Но, тоа не е се' од обврските за денешниот ден. По завршувањето на часовите, се затворам во студио и работам на доснимување на вокалите за албумот на една интерпретаторка од Виена.

Весна Димитровска

актерка

Вчерашниот празничен ден бев ангажирана со снимање на „Македонски народни приказни“ за МТВ. Затоа денеска верувам дека дел од денот ќе минам на заслужен одмор. Вечерта, сепак, одам во мојот матичен Велешки театар за да ги гледам колегите од претставата што ни гостува од Штипскиот театар.


#
Најди! во Утрински
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run