Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Иницијатива „Секој седми бесплатен“

Трајан Малиновски, Скопје



Отпадот што произлегува од задоволување на нашите секојдневни потреби по својата природа треба да биде наша грижа. Еден сегмент од многуте видови отпад е и дневниот печат. Секој ден огромни количества хартија се доставуваат до читателите. Се сметало, со изумот на радиото, со неговата масовна примена, дека ќе им дојде крај на печатените медиуми. Напротив, не само што печатените информативни медиуми одолеаја на тој силен електронски медиум (радиото, а подоцна и телевизијата) туку тие наредниот ден го соборувале претходниот рекорд со издадените примероци. Меѓутоа, како и секоја стока и дневните весници си имаат свој век на траење. Тој век на траење е од изгрејсонце до зајдисонце. Утрото ќе блесне - вечерта ќе згасне. Тоа значи дека тие купишта хартија - барана стока, веќе следното утро се непотребен отпад.

Моево обраќање има за цел на тој сакан и користен придружник во животот (весникот) да му се најде достојно место и кога ќе биде „старец“ по еднодневниот живот. Да се изнајде пат и начин повторно да ни се врати во нова облека (руво), млад, нов и користен.

Ако добро се обмисли организацијата на прибирање на старите весници, би имале корист и издавачите на дневните и други весници, како и читателите. Најголемата корист би било тоа што ќе го нема растурен по улиците таков вид отпад, а со тоа ќе се стекне една корисна навика - старо за ново.

Иако има повеќе начини на прибирање на старите весници, еден од можните начини, според мое мислење, би бил следниов:

Секој прв понеделник во месецот спакувани шест примероци стари весници или секој втор понеделник во месецот спакувани 12 весници се заменуваат за еден бесплатен весник. Замената дали ќе биде шест спрема еден или дванаесет спрема еден,ќе зависи од економските пресметки. Замената старо за ново по правило се врши во киоск каде што секој од нас купува весник.

Начинот на прибирање на старите весници треба да се договори меѓу издавачките куќи и субјектите заинтересирани за прибирање отпад - стара хартија. Договорно би се утврдиле правата и обврските на секој учесник. Евиденцијата на сево ова би се направила така да биде лесна, едноставна, применлива.

Финансиските односи, приходите и расходите помеѓу субјектите за извршување на оваа општествена и корисна за субјектите работа би се базирала врз основа тиражот на издадени весници од страна на секој субјект. И овие односи би се воспоставиле врз основа една лесна и применлива пресметка.

За реализација на оваа општествена и според мое мислење корисна иницијатива, иницијатива која има за цел да реши еден сегмент од многуте видови корисен отпад, предлагам: да се формира едно тело - група од претставници од издавачките куќи на дневни весници; издавачките куќи да определат овластено лице кое ќе се вклучи во групата за изнаоѓање начин за реализација на оваа иницијатива; овластените лица од издавачките куќи да се состанат со цел да се реализира првиот меѓусебен контакт.



Статијата е прочитана 399 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Александар во Абхазија
разникот се славеше насекаде