Премногу огин насекаде околу вас, но одлично се чувствувате бидејќи токму тоа ви прија. Потрудете се да не се расправате со околината и да најдете внатрешен мир. Тоа не ви е јака страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате ќе успеете да ја пребродите слабоста.
Бик
Бидејќи се забавувавте до бескрај сфативте дека тој начин на живот не ви одговара и тргате во љубовно освојување. Работата тешко ви оди, но не и комуникацијата со блиските. Планирате преселба, направете го тоа што побрзо додека сеуште имате силни нерви.
Близнаци
Доколку очекувате поддршка од страна, нека не ве изненади нејзиното изостанување. Морате некои работи самите да ги завршите, затоа ангажирајте се повеќе од планираното. Извесна ситуација навистина е ризична, но морате да ризикувате.
Рак
Подготвено излегувате во пресрет на барањата на околината. Се грижите за другите и покрај тоа што и самите се наоѓате во тешка ситуација. Треба да бидете помалку горди а повеќе вредни ако сакате да постигнете нешто во животот.
Лав
Немате време за губење. Бидејќи сте свесни за тоа вложувате дополнителни напори за да извлечете максимум од моменталната ситуација. Внимавајте на кардио-васкуларниот систем. Бидете внимателни, само така ќе избегнете повреди.
Девица
Сите обврски треба да ги ставите на свој грб. Бидејќи дозволивте околината да ве доживее како личност подготвена за се, која не умее да каже не, морате да стегнете заби. Од време на време користите ситна лага или изговор, доколку сакате да се ослободите од натрапници.
Терезија
Одличен ден за љубов и емотивно задоволување а лош за работа. На професионален план работите се одвиваат лошо и бараат дополнителна енергија која, за жал ја немате. Насочете се кон партнерот и ќе бидете среќни.
Скорпија
Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги окривувате другите, потрудете се да го најдете својот дел од одговорноста за да ја пребродите кризата. Многу проблеми бараат сериозен пристап на проблемите.
Стрелец
Зголемете ја дозата на реалност, вашите претерани очекувања можат да ве доведат до незавидна ситуација. Ова особено се однесува на професионалните обврски и финансиските вложувања. Пожелно е добро да размислите пред да тргнете во акција.
Јарец
Потрудете се да најдете рамнотежа помеѓу работата и приватноста. Врската со јавниот живот може да биде интензивна, а партнерот љубоморен. Ќе имате важен повик од странство. Денес нервите се во ред, но можни се проблеми со вируси.
Водолија
На околината делувате моќно, затоа сие околу вас се трудат да ви излезат во пресрет, па дури и намќорестиот шеф. Со партнерот не сте во добри односи бидејќи претеравте со посесивноста и љубомората. Бидејќи него му е доволна тортурата од вас ќе се потруди да се дистанцира.
Риби
Бидејќи имате успех во игрите за среќа надевајте се на голема добивка. Пред вас се напредок, признание и успех на материјален и духовен план. Доколку ја разберете слабоста на околината ќе можете дополнително да уживате во кругот на семејството.