Број 3384  петок, 17 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Хороскоп

ОВЕН

Не ви е лесно, но што да се прави? Доколку рационално ги трошите психофизичките потенцијали, полесно ќе испливате од проблемите од здравствена природа. Кога ви е лошо, таа состојба едноставно ја одбива околината од вас, или создава дополнителни компликации. Тешете се, зашто веќе од утре може да биде многу подобро.



БИК

Доколку бидете подготвени да вложите дополнителен напор, ќе ја остварите саканата цел. Кога подобро ќе размислите, сфаќате дека залудно сте се мачеле и лишувале, зашто не само што нема да уживате во реализацијата на целта, туку ќе увидите дека таа е несоодветна, дури и минорна. Ракот ви нуди многу љубов, но и неизвесност.



БЛИЗНАЦИ

Доколку не бидете внимателни, приливот на енергија може да доведе до повреди. Настојувајте да не работите повеќе работи во исто време, зашто преоптовареноста има своја цена. Избегнувајте луѓе и ситуации што ве прават агресивни. На емотивен план можни сте нервози поради различниот поглед на проблемите.



РАК

Не дозволувајте депресијата да тропне на вашата врата. Свртете се кон хобито и личностите што на вас влијаат позитивно, а отфрлете од себе се' што ве прави депримирани. Можни се емотивни проблеми или, пак, ги гледате и таму каде што ги нема - тие се само во вашата глава, а последица се несигурноста и пречувствителноста.



ЛАВ

Новите предизвици се добар начин да ги избегнете нервозите и стресовите, кои веќе некое време ве оптоваруваат. Емотивната ситуација е интересна: една Водолија на големи ѕвона влегува во вашиот живот, обидувајќи се да го смени од корен, настојувајте да го совладате неоснованиот страв од губењето на слободата.



ДЕВИЦА

Поради што станавте толку лесно ранливи? Тешко е сознанието дека немате на кого да се потпрете и да му го доверите она што ве мачи. Но, и другите се во слични ситуации, па не очајуваат. Значи, не сте никаков исклучок. Обидете се да се усогласите со саканото лице. Можеби таа ви нуди решение на сите проблеми.



ТЕРЕЗИЈА

Реагирате брзо и непромислено, соодветно на припадноста на знакот. Сепак, ве следи среќа, зашто вашите потези, иако спонтани и непромислени, се правилни. Со леснотија ги решавате проблемите врзани за далечните краишта. Наскоро пристигнуваат посериозни расчистувања, па полека подготвувајте се за тоа. Успех!



СКОРПИЈА

Можни се погрешни постапки и идеи на планот на љубовта. Пожелно е во односот со саканото лице постојано да биде подготвени за соработка, барем колку да ги избегнете проблемите. Бидејќи постои опасност од инфекции, било да се во прашање бубрезите или жлездите со внатрешно излачување, поведете сметка за имунитетот.



СТРЕЛЕЦ

Пред себе сте поставиле премногу цели, па постои шанса да се изгу��ите во нив. Мора да бидете пореални, кога се во прашање потребите и можностите, зашто само така ќе можете да ги избегнете проблемите од нервна природа и судирите со околината. Партнерот е секогаш дежурен виновник, па можете да имате проблеми со него.



ЈАРЕЦ

Неусогласени сте со себе и со сопствените потреби и тоа, пред се', затоа што сте распнати меѓу желбите и можностите. Бидејќи тоа почна во толкава мера да ве оптоварува, намалете ги потребите и активирајте се за да најдете нови материјални можности. Можни се проблеми со видот, па советот на офталмолог добро би ви дошол.



ВОДОЛИЈА

Упорно се обидувате да се усогласите со Биковите. Ако забележите дека не оди, не инсистирајте, зашто очигледно сте во дисхармонија. Свртете се кон лицата со кои можете да најдете заеднички јазик. Со Раковите, на пример. Постојаниот партнер нуди спокојство, додека новата љубов ве прави дополнително несигурни.



РИБИ

Вложувате натчовечки напори за да постигнете минимални резултати, па прашање е колку тоа ќе ви се исплатува. Пожелно е да го зачувате она малку што го имате, а тоа е физичката кондиција. Не се нервирајте поради глупости и обидете се да бидете повнимателни во комуникацијата со околината. Внимателно во сообраќајот.












#
Статијата е прочитана 258 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Жаклина Хаџи-Зафирова
Си велам
Ерол Ризаов
Поглед
Сања Наумовска
Мислења
Јосиф Ќурчиев
Интервју
Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи

Џејми Оливер
По три ќерки, конечно, син