Број 3459  петок, 17 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

„Јово, не се враќаме!“

Андов и Поповска не ја прифаќаат поканата на Манасиевски да се вратат во ЛДП

Либералот Стојан Андов и претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, не го сфатиле сериозно повикот на лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски, кој на крајот од дебатата за распуштање на парламентот ги покани да се вратат во старото јато. И двајцата сметаат дека Манасиевски тоа го кажал за да биде репликата поинтересна. Сепак, неговите поранешните сопартијци додаваат, дека нема шанси да се вратат во ЛДП.

„Тоа беше кажано на шега, барем така мислам. Ама, којзнае, можеби тој искрено не' повика, но на памет не ми паѓа да се вратам“, кусо ни рече Андов.

И Поповска смета дека Манасиевски тоа го кажал реторички, понесен од атмосферата на седницата и сакајќи да биде што повпечатлив со репликата. „Мислам дека сакаше да има поинтересен настап. Не беше тоа сериозна покана, но и да е така, далеку од умот е да се враќам во ЛДП. Па, јас имам своја партија – ДОМ што е веќе етаблирана“, вели Поповска.

Манасиевски завчера, пред гласањето за барањето за распуштање на Собранието, во контрарепликата до Поповска рече: „Нема европски пример каде што зелените се поврзани со конзервативните партии. Затоа Ве повикувам, вратете се во старото јато и бидете зелено крило на ЛДП. ЛДП ќе биде најголемо изненадување на изборите, ќе излезе со парола: ’Да си оди Груевски, да не се врати Црвенковски‘!“

Потоа истата покана му ја упати и на Андов. „Го почитувам фактот дека сте единствен од таканаречениот фронт што не облече ступидна жолта маичка. Бидејќи, како либерал, знаете дека либералите никогаш не одат во стадо. Затоа и Вас Ве повикувам да им се вратите на своите изворни корени, да го напуштите друштвото на Угриновски и на Црвенковски и, наместо да не' враќате во економски популизам, да одиме во реформи“, рече Манасиевски. Додека тој го повикуваше Андов, поранешниот лидер на ЛДП, Ристо Пенов, кој седеше до Манасиевски, ги крена рацете и прокоментира нешто во смисла: „Е, сега веќе претера!“ (О.В.)


#
Статијата е прочитана 1968 пати.

Испрати коментар

Од: Тоше
Датум: 17.12.2010 12:40:42
Пусти Јово. Со своите т.н. политики се разбрка од ЛДП, па сега ќе повикува да се вратат назад. Можеби, но ако Јово си даде оставка од челната позиција.
Од: m.t
Датум: 17.12.2010 14:00:08
Manasievski prodolzuva da se glupira,na teren partijata negova skoro i da ne postoi,maksimumot sto mozat da osvojat glasovo vo sekoja opstina veke ne pominuva poveke od dvesta glasovi, atoj e uste ubeden deka rejtingot ke go podigne so napad vrz SDSM i Crvenkovski.Ne znam dali ima luge vo negovata partija koi ke go predupredat za pogresnata strategija ili pak celta mu e da zgasnat kako politicka partija.
Од: realen
Датум: 17.12.2010 16:09:54
Popovska nema partija, odnosno ima Zelena partija, a ne DOM (Demokratska obnova za Makedonija). Mazno i blazirano mafta, a menuvacnicite i rabotat (perat ) pari i, fakt e , vo koalicija e so VMRO DPMNE. Ona e olicetvorenie na bogot Janus, opasna e i perfidna.
Од: vlatko
Датум: 18.12.2010 09:34:38
Ako LDP izdrzi i posle slednite izbori koga ke pobedi povtorno VMRO, da ne vleze vo vladata, a ocekuvano ke se sluci raspad na SDSM,togas realno ima sans da stane vtora opcija vo Makedonija(na mestoto na SDSM) posto ovaa ke se raspadne.

Најди! во Утрински
На прво место
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
Кој му плете свилен гајтан на Протоѓер?
Со мртвите предци против промена на името
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links