Број 3459  петок, 17 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Со мртвите предци против промена на името

Здружението за неменливост ќе се бори за нашето име, јазик и идентитет на името со позитивна енергија создадена од гладување

Здружението за неменливост на името, предводено од биоенергетичарот Ѓорѓи Филев, денеска ќе почне 24-часовен штрајк со цел позитивната енергија што ќе се создаде со гладувањето, помогната со енергијата на нашите мртви предци и на сите живи луѓе во земјава да се насочи кон зачувување на името, македонскиот јазик и идентитет. Седумте члена на организацискиот одбор собрани околу Филев вчера соопштија дека еднодневното гладување со вода, всушност, е првата фаза од енергетското обединување на сите со добри срца и со позитивна енергија што сакаат да и' помогнат на земјата. Втората етапа ќе биде во февруари-март, со штрајк од 48 часа во повеќе градови во земјава, а последната фаза ќе биде во јуни-јули, со штрајк што ќе трае бесконечно и во него ќе се вклучи и дијаспората. Филев, како што рече, имал желба утрешниот настан да се случи во канцеларијата на евроамбасадорот Ерван Фуере, но не сакал „да ја прави работата политичка и против Европа“. Здружението вчера се декларираше како натпартиско, велејќи дека нивна цел не е да се мешаат во политиката. „Ние сакаме да ја сплотиме енергијата на мртвите, на предците и да и' помогнеме на земјата, бидејќи за нас е непојмливо да го смениме името“, рече Филев. Според него, „оној што ќе се дрзне да го смени името ќе биде казнет од природата и неговиот ген ќе биде уништен“. „Колку луѓе, колку наши предци ќе се свртат в гроб ако го смениме името“, праша тој.

За членовите на Здружението причина за штрајкот е „нецивилизираниот притисок, тоа што го има еден народ и тоа што му го дал Господ да му се одземе“. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 2162 пати.

Испрати коментар

Од: Тоше
Датум: 17.12.2010 12:42:48
Ако некој издржи и умре од глад, е тогаш ќе им поверувам во нивните намери
Од: цане
Датум: 17.12.2010 13:00:42
е и оваква ГЛУПОСТ немавме видено и ова го видовме и чувме.
Од: student
Датум: 17.12.2010 14:24:36
celosno sum so vas
Од: Latino
Датум: 17.12.2010 14:27:56
I onie na semoforite sekoj den strajkuvaat so glad pa ne se potrese nekoj nesto.
Од: Андреј
Датум: 17.12.2010 14:40:45
Луѓево се многу, ама МНООООООГУ отидени. Пола саат ми требаше да се приберам од смеење и сега ми е малце страв што го делам градот (и државата) со вакви.
Од: Теа
Датум: 17.12.2010 14:43:18
Ооо. Срциња тие.
Од: b
Датум: 17.12.2010 14:47:14
Се е мерливо! Само глупоста нема крај!
Од: Слика
Датум: 17.12.2010 14:52:21
Ме радува што објавивте и слика од забеганите,кои наводно би штрајкувале! И тоа цели 24в часа!Нека штрајкуваат до крај,за да ги сфатам сериозно!
Од: Stojko
Датум: 17.12.2010 17:53:22
Neka strajkuvaat nadvor, i uzivo da se prenesuva.
Од: ПОДРШКА
Датум: 17.12.2010 19:29:22
Жалам што не стигнав барем малку да ви се придружам.
Од: Od Aristid praveden
Датум: 17.12.2010 23:27:05
ЕЕЕ, немојте, многу ќе ги насекирате оние коишто се причина на вашето штрајкување. Па зарем не ви е јасно дека тие тоа го сакаат ние да не постоиме , а сега пак сме склони и кон самоотепување, тоа всушнбост нив ги чини посреќни.
Од: dijaspora
Датум: 17.12.2010 23:50:07
ce se vklucela i dijaspora?koja tie polupismenite od avstralija sto neznaat sto e eu?nie od eu sme za pridavka toa nisto ne menuva i maked ce stane kako eu i ce mze da si dojdime vo maked istoto kako sto go storija gastarbejterite og rciija koga tie pred 25god vlegoa vo eu da zivee eu toa e demokratija kade nikoj ne trpi.
Од: sebastian
Датум: 18.12.2010 00:21:00
тешко на нивните блиски со вакви ....

Најди! во Утрински
На прво место
Зимска офанзива на опозицијата врз „Илинденска“
Кој му плете свилен гајтан на Протоѓер?
„Јово, не се враќаме!“
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run