Број 2821  понеделник, 27 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Спорот со Грција е билатерален

Веб-коментар

Дали кога е склучена Привремената спогодба со Република Грција во 1995 година, поставувањето медијатор за следење на нејзината примена беше случајно? Не, напротив, тој не беше назначен како добар олеснувач кој ќе ги следи „разговорите“ за името,туку напротив - ќе ги следи преговорите помеѓу двете страни, а ќе иницира и предлози за надминување на спорот.

Треба да се истакне дека уште тогаш постоеја размислувања дека двете страни(Република Македонија и Република Грција) можат и да најдат заемно прифатливо решение.

Но, тоа решение може да не биде во согласност со мислењето на претставникот на меѓународната заедница кој е назначен од неа. Зошто? Затоа што може тоа решение да иницира проблеми со другите кои би се почувствувале загрозени од таквото „решение“.

Затоа наивно би било да се верува дека овој спор е билатерален. Ние и сега гледаме дека секој од соседните земји имал свои пресметки и кога нашата земја ја признавал по нејзиното уставно име.

Улогата на медијаторот Нимиц е многу важна, а неговата задача сериозна. Не треба неговите решенија да се отфрлаат лесно, без целосно проучување што значат навистина.


Статијата е прочитана 545 пати.

Испрати коментар

Од: Marina
Датум: 27.10.2008 12:53:12
Samata povelba na Obedineti Nacii ukazuva deka sekoj ima pravo na Nacionalnost i Samoopredeluvanje. Dokolku nekoj ignorira i proba da negira nacija gi krsi covekovite prava, vo ovoj slucaj pravoto na nacionalnost. Fakt e deka Grcija gi krsi covekovite prava na Makedonija so toa sto ne priznava, drzava i Makedonska nacionalnost. Medijatorot Nimiz pod pokrovitelstvo na SAMITE obedineti Nacii isto taka gi krsi / krsat covekovite prava na Makedoncite so toa sto insistira na pregovori za brisenje na edna nacija. Tie prasuvaat dali ke se vikate Makedonci ili Sloveni, nie vikame, neznam, mozebi, kako? Toa e celata prikazna, i nemojte da dozvolite nekoj da ve izigrava, pa duri i Nimitz neka e. Nauci gi covekovite prava i potoa kazuvaj sto funkcija ima Nimitz, i dali e znacajana licnost za Makedonija. Nie mu kazavme na svetot deka sme Makedonci, ako ne im odgovara, znaci go krsi pravoto na covekot da se narekuva kako sto toj se cuvstvuva. Pogolema diskriminacija od ova nema! Razbudete se veke!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Лоши услови во Домот „Здравко Цветковски“
Полихистори и синекуристи