„Се тресеше гората, се роди глушец“. Вака иронично професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Мирољуб Шукаров, ја коментираше иницијативата на шефот на опозицијата за уставни промени.
Намерата на првиот македонски директор на Агенцијата за приватизација, сигурно не била да се потсмева на идејата на Бранко Црвенковски. Ако ништо друго, затоа што токму тој во владеењето на СДСМ и на Црвенковски ја извршуваше оваа многу значајна функција. Никој подобро од него не знае како се продавале фирмите во изминативе години, дали била криминална приватизацијата и колку работници останале со куси ракави.
Затоа, повикувањето на Шукаров на оваа позната реченица не е случајна. Не е ништо друго, освен изблик на реалност. Кој на најдобар можен начин ги сублимира јавните прогнози околу тоа какви би можеле да бидат ефектите од ревизијата што се бара по две децении. Затоа што навраќањето на ова прашање, кое е актуелно колку и ланскиот снег, на многумина им личи на нова приватизациска лустрација. Трошење непотребна енергија, чиј краен резултат ќе биде никаков. Бидејќи не станува збор за некаков револуционерен изум, туку само за обид за политичко поентирање и надмудрување.
Законската регулатива и сега дозволува да се преиспита секоја спорна приватизација. Кој му забранува на Груевски, а претходно на Црвенковски, Георгиевски или на Бучковски да ги преиспитаат незаконски спроведените трансформации на капиталот. Секој премиер во свои раце ги имал инструментите на власта, почнувајќи од полицијата, обвинителството, правобранителството, судовите...
Секој оној што сакал, можел да ги исправи направените грешки. Се разбира, онолку колку што можело и колку дозволувале условите. Дел од тие сомнителни приватизации вешто се вклопени во растегливите законски рамки. Некои фирми, пак, на чуден начин успеаја да се „провлечат“ низ иглени уши. Директори без вложен денар станаа богати сопственици, фирмите се обезвреднија, а работниците останаа на улица. За жал, спрегата извршна власт - законодавна власт - судска власт отсекогаш одлично функционирала. Не само порано, туку и сега.
Опозицијата фрли јадица, а власта свесно се фати на неа.
На Црвенковски изгледа му дојде преку глава да го гледа вперувањето на прст во него.Владејачката партија постојано сака да го прикаже како единствен транзициски виновник и синоним на криминална приватизација, па реши да возврати на ваков начин. Сакаше да покаже дека нема од што да се плаши. Сега на премиерот не му останува ништо друго, освен да го прифати жешкиот костен, иако е свесен дека станува збор за политички блеф на неговиот конкурент. По примерот на Црвенковски и на Груевски, мораше да демонстрира дека нема од што да се плаши.
Но, каква е ползата од нивните повредени политички суети? Никаква.Токму затоа целата оваа игра на нерви личи на фрлање прашина в очи. Власта свесно бега од жешките теми, а опозицијата како намерно да и' нафрла лоши топки, кои завршуваат во празно.
Песочниот часовник неуморливо тече и наближува јуни. А, никакви видливи поместувања нема околу решавањето на спорот околу името со Грција. На Груевски никогаш не му одело полошо на планот на меѓуетничките односи. Неговиот партнер во власта, ДУИ, се' поотворено се заканува со излегување од коалицијата.
Политичкиот дијалог во земјава е во сериозна криза. Македонија ризикува да добие негативни оцени во извештаите за напредокот во ЕУ и тоа на неколку пунктови. Парламентарното мнозинство решило свесно да не ги почитува европските директиви од само ним познати лукративни побуди, кои немаат врска со интересите на граѓаните. На Владата не и' цветаат рози ни на планот на економијата...
И наместо Груевски и неговите министри да се концентрираат на решавање на проблемите, тие го засилуваат притисокот врз сите сектори. Прашање е само до кога може да го прават тоа?
Кажав и вчера, а еве и денес пак ќе повторам - им мачкаат очи на луѓето. И двата табора се табори на арамии, само стиловите им се разликуваат. Едните демек беа поинтелектуални, суптилно вешти крадци кои повеќе децении изигруваа препаметни директоришта - и си вртеа-сучеа закони за да можат демек со чиста совест да крадат, а другиве богами понекогаш ми изгледаат како планински ајдути - се краде апасус на глупости (изградба на споменици и слични ујдурми). Следново што ќе го кажам не е филозфија туку економска логика - за секој кој се збогатил некој се осиромашил - многу богаташите надвор како Бил Гејтс, Опра и слични, добро го знаат тоа, и затоа барем донираат за сиромашните.
Од: jovan
Датум: 16.04.2010 00:54:43
Se istrcaa so privatizacijata za da se dokazat koj e pogolem Robin Hud, pa sega ke ne zamajavaat so ovaa bezsmislena prikaska uste nekoj den, pa ke smislat nekoja nova prikaska, i taka ke si "knizat eftini poeni". Prikaskite, pogotovo onaa za Robin Hud, se znae za kogo se nameneti, za deca pred spienje. Parazitite i stetocinite i toa onie so "solidni" referenci go poseduvaat celiot imot sto bese stvaran, tie se i Vlasta(vo senka), onie pametnite i sposobnite se ili proterani po beliot svet ili se tuka nekade sutnati i zaboraveni, narodot e totalno izmanipuliran do stepen na izbudalen, taka da ,mozebi Sukarov i ne gresi koga veli deka "se tresi gorata, se rodi glusec", no i Makedonija "se trese", a ke se izrodi bogami nesto postrasno od glusec.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 16.04.2010 07:05:04
Зошто расмислуваме дека премиерите не презеле мерки? Вистинското прашање е: зошто институциите на системот не презеле мерки? Каде е одговорноста на лицата што раководеле со тие институции?
Од: Moris
Датум: 16.04.2010 08:51:14
Pa Branko poveke nema da gi brani oligarsite koi gi napravi i im ovozmozi da napravat kriminalna privatizacija, a koga mu e tesko kako opozicioner ne go esapati mu go svrtea grbot. Branko im praca jasna poraka deka treba malku d arazmislat so praat. E toa e . Treba pari da s epraat sega z aizbori i nee loso malku da s epotsetat oligarsite deka ako ne si dadat toa ke gi snajde. Samo VMRO toa ne go gleda tak JBG slaba analitika. i informacii.
Од: Komu frlas prasina Sukarov?
Датум: 16.04.2010 10:06:09
Ovaj prof.na Univerzitetot na Jugoistocna Evropa (kakvo samo glorifikatorsko ime) koj vo vremeto na privatizacijata i onie kriminalni transformacii opstestveniot kapitral i pljackaneto na narodot "do gola koza"bese na funkcijata direktor na Agencijata za privatizacija( kujnata kade se gotvese corbata od site ie kriminalni i zlocinacki zakoni kon narodot. I sega toj ima lice da kazuva za frlanje na prasina vo oci.Pa kako strucnjak od taa oblast mozevte od avion da viditie kon sto vodi , seto toa ,pa ako imavte i tronka moral uste togas ce go dignevte svojot glas protiv toj ajdukluk ili od moralni pricini ce podnesevte ostavka na funkcijata. Taka vo civilizovanite zemji ludjeto so moral i cista sovest postapuvaat. No Vie nemate ni moral, a uste pomalku cista soves da zboruvate za privatizacijata.Verojatno i vie nesto se ofajdivte , pa sega zboruvate za frlanje prasina vo oci.Hitler ne ce mozese gi napravi onie zlocini ako gi nemase kako sovetnici i poslusnici Gebelsa, Ribentropa, Himlera
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.04.2010 10:51:46
Г-динот Шукаров е по вокација економист и за правото знае толку колку ние останатите.Затоа неговиот коментар е релевантен само од економски аспект а никако од правна гледна точка.Во написот пречи промовирањето алиби за ,,фрлањето прашина,,Прво страв од посочените примери па по прифаќањето на амандманот превртена теза да сее магловито и тешко спроводливо.Затоа нема јадица и нема фатен нанеа.Имаме игра со целулидното топче еден вика пинг другиот одговара со понг.Да видиме како ќе заврши партијата.