Булеварот „Илинден“ затворен за сообраќај
Булевар „Илинден“ од денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај, и тоа на потегот од булевар „Свети Климент Охридски“ до улицата „Ленинова“. Градските власти потсетуваат дека забраната за движење на моторни возила на овој потег од булеварот „Илинден“ ќе важи до завршување на градежните работи за проширување на коловозот, односно до 31 август годинава. Тие им порачуваат на учесниците во сообраќајот да ги користат околните сообраќајници. Уште еднаш ги потсетуваат граѓаните дека булеварот „Илинден“ е затворен за сообраќај и во делот од раскрсницата со улицата „Ленинова“ до раскрсницата со „Наум Наумовски-Борче“ и во делот од раскрсницата со „Рузвелтова“ до улицата „Никола Тесла“. На потегот од булеварот „Илинден“ од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски-Борче“ до раскрсницата со улицата „Рузвелтова“ важи посебен сообраќаен режим и е поставена соодветна патна сигнализација. (Сн.К.) |