Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Мими Шејкероска

изв. директорка на „Пристоп МК“

Во преполната агенда со состаноци, дел од работниот ден ми е посветен на денот на Словенечко-македонскиот бизнис-клуб, кој ќе се одржи во ГТЦ. „Пристоп МК“ ќе се презентира под мотото „Препорака за комуникација“ - одлична можност за средба со колегите од клубот, нашите деловни соработници и заинтересираните граѓ��ни. Попладнето и вечерта ги минувам со моите Горазд и Војдан.

Антонио Георгиев

кардиолог

За мене денеска е финалето на еден поголем труд од научно-публицистички карактер. Во 14 ч., во ресторанот „Воденица“, ќе биде промовирана мојата книга „Молекуларни и социомедицински аспекти на коронарно- артериските болести“. Инаку книгата е публикувана во Германија и верувам дека ќе придонесе за афирмацијата на македонската наука.

Лира Грабул

костимографка

Среќна сум што денот ми е исполнет со младост и креативна енергија. Тоа ми го овозможува работата со учениците во Средното уметничко училиште, каде што сум професорка. Денешниов ден ми е посветен на матурантите, со кои денес имам часови, како и за нивните животни одлуки. Попладнето е за одмор и за семејни активности.


#
Најди! во Утрински
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial