Број 3403  сабота, 09 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Спорт

Радомир Антиќ ќе го наследи Јонуз?!

Според извори од Белград, двајца познати менаџери го водат во Скопје досегашниот селектор на Србија

Миодраг Мицковиќ

Веста звучи неверојатно, но во фудбалот се' е можно. Зарем некој веруваше дека еден од најдобрите светски ракометни стручњаци Лино Червар ќе дојде во Македонија и ќе седне на тренерската клупа на малку познатиот во европски размери Металург? Токму затоа, не' замисли кога еден белградски колега во телефонски разговор ни рече дека лесно може да се случи на кормилото на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз да биде наследен од досегашниот селектор на Србија, еден од најпознатите светски фудбалски тренери Радомир Антиќ.

Според информацијата на колегите од Белград, двајца познати менаџери, од кои едниот се обидуваше на чело на македонската репрезентација по заминувањето на Среќко Катанец да го доведе хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ, веќе им навестил на р��ководните луѓе на Фудбалската федерација на Македонија дека постои можност Антиќ да дојде во Скопје, и покрај многуте понуди што ги има од сите страни на светот, кои се обидуваат да го ангажираат Антиќ по неговото заминување од селекторската функција на Србија и неговиот судир со челниците на тамошниот фудбалски сојуз.

Меѓутоа, многу работи ќе зависат од двата наредни меча на нашата репрезентација со Андора и со Русија, од кои ќе зависи судбината на Мирсад Јонуз. Евентуалните порази ќе значат и негов крај на оваа функција, тоа на сите им е јасно, но, сепак треба да се причека до вторник и дуелот со Русите во Скопје, кога многу работи ќе бидат појасни.

Деновиве во дневниот печат се појави и информацијата дека за наследник на Мирсад Јонуз ФФМ го подготвува поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски, кој моментно е тренер во Азербејџан, но тој овие информации ги демантира и тврди дека со него не се водени разговори на таа тема, иако не криеше дека би ја прифатил понудата за селектор само доколку Јонуз се повлече од репрезентацијата.

Радомир Антиќ, доколку дојде до негов ангажман, сигурно би бил најпознатото тренерско фудбалско име што работело во Македонија. Тој беше тренер на Атлетико Мадрид, Сарагоса, Селта, па се' до европските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

Интересна е приказната за Антиќ во делот поврзан со Македонија. Во далечната 1969 година, кога беше играч на Слобода од тогашно Титово Ужице, требаше да потпише за Вардар. Тренираше заедно со неговите играчи речиси еден месец, но од непознати причини Вардар се откажа од неговите услуги, ангажирајќи ги Мехо Бајрактаревиќ и Ибро Муратовиќ, исто така играчи на Слобода. Наместо во Вардар, Антиќ замина во Партизан, каде што направи блескава фудбалска кариера, потоа играше за Фенербахче, за Сарагоса и за англиски Лутон.

Во текот на вчерашниот ден се обидовме телефонски да разговараме со него, но неговиот мобилен беше исклучен.


#
Статијата е прочитана 4346 пати.

Испрати коментар

Од: Gledac
Датум: 09.10.2010 12:29:07
Antic ili Hitzfeld bi bilo najdobroto.
Од: Dejan
Датум: 09.10.2010 12:34:18
E pa ajde redno e nesto ubavo da ni se sluci,kolku i da zvuci seto ova neverojatno
Од: Matrix
Датум: 09.10.2010 12:58:33
Uste edna od mnogute "science fiction" vesti napisani od peroto na renomiraniot ni g-din Mickovic!!!!Daj be covece, olabavi veke!!!Koga Antic ke stane selektor na Makedonija, jas ke ti dadam Pulicerova nagrada!!!
Од: vlado
Датум: 09.10.2010 13:31:58
opsto poznata bolka na makedonskite selektori,se drzat do izrekata deka timot sto pobeduva ne se menuva,so taa razlika sto nivniot tim gubi.pri selekcija na igraci se vodat od najraznovrsni interesi,najcesto baraat pari od fudbalerite za da nastapat za nacionalniot tim(mito),ova site go znaat,ama site molcat.e pa nema fudbal.sto se odnesuva do R.Antik,ne mozam da komentiram,da ne e na zalez na karijerata,demode,ne znam
Од: Александар
Датум: 09.10.2010 14:38:48
Пак овие од вардар знаеле и тогаш да промашат кој е талент исто како со случајот со бербатов кој исто така требало да игра за вардар ама тогаш нашиве стручњаци процениле дека не бил талентиран а дечкото еве го сега растура во манчестер јунајтед. до кога вардар ќе го прави ова.
Од: Realen
Датум: 09.10.2010 15:18:59
Koj bese ovoj Antik,onoj sto ja zaeba Srbija na svetskoto prvenstvo vo Afrika so Avstralija!??So tie igracki iminja sto gi imase Srbija i jas da bev trener ke postignav podobar rezultat.Abe gitla tamo,sto mu davate milinski sumi.Jonuz e sto pati podobar
Од: Trpe
Датум: 09.10.2010 16:10:11
Prazni carsiski moabeti Antic ima 25 miliona evra u banka i mislite doadja u skopje da raboti Mnogu glup komentar
Од: bm
Датум: 09.10.2010 17:22:00
i koga se razbudiv nadvor se razdenilo.2 000 000 evra po godina e negovata cena na pazarot .
Од: Aleksandar
Датум: 09.10.2010 17:33:11
Antic e dobar strucnjak , megutoa vo momentov podobro resenie e Hadzievski , znae kako da ja sredi reprezentacijata za po kratko vreme .
Од: hrte4sscs
Датум: 09.10.2010 19:15:09
neznae covekot so koj si ima rabota.sega dava para, ama posle dve.
Од: zozo
Датум: 09.10.2010 20:34:58
Hadzievski ili Branko Ivankovic najmnogu odgovaraat vo momentot za selektor,Makedonija i da ja pobedi Rusija Jonuz da si odi oti sekogas ima pogresna taktika .
Од: goran
Датум: 09.10.2010 22:34:20
mozno e ama neznam so ke praj so nasata reprezentacija neznam do kaj ke stigni i sojma da popraj koga se e rastureno nemozi da ne spasi da vlezime na ep-2012
Од: Од Запад
Датум: 10.10.2010 04:53:31
Уффф,, звучело неверојатно... Бре, мислиш Пеле или Марадона ќе биде тренер. Кој сака нека дојде, се ќе остане исто. Шупелка се прави од квалитетно дрво. Од која лига, од кои фудбалери ќе направи тим? Да не мислите човеков е маѓосничар?- Македонија на фудбалската сцена во светските медиуми практично и не постои.
Од: dragan
Датум: 10.10.2010 10:51:27
Sto ocekuvate da se sluci?Pa,on so Srbija ne stigna do nigde(izgledaa smesno na teren)
Од: ЗА Ѓоко Хаџ или Б Иван
Датум: 10.10.2010 20:23:54
Најдобро за Македонија е само со Хаџиевски а ако не со Бр Ивановиќ. Јонуз многу лоша тактика.
Од: kamaco
Датум: 10.10.2010 22:04:02
Znaete li kolku e tesko da se raboti vo Makedonskiot fudbal Mirsat Jonus kako selektor vo Makedonija e suvo zlato.Ke ja pobedi i Rusija sigurno ,pustete go covekot si ja znae rabotata.Sega e sansata na reprezentacijata so nego .Koj saka neka dojde vo Makedonija ne moze da raboti kako Jonus pa i Maradona da dojde nisto.
Од: mecho
Датум: 11.10.2010 04:15:15
ODLICNO !!! Da se nadevame deka konecno Makedonskata reprezentacija ke ja vodi iskusen i dobar selektor.Antic e najdobro resenie.
Од: ace
Датум: 11.10.2010 13:55:52
a nie da uvezeme fudbaleri namesto selektor
Од: Kemal Ataturk
Датум: 12.10.2010 09:51:03
Na taa beda od fudbaleri ni gospod ne im pomaga
Од: romeo
Датум: 12.10.2010 10:28:17
и свети петар да дојде исто ни се фаќа

Најди! во Утрински
Спорт
Металург ја спасува европската сезона
Антиќ бара два милиона евра од Фудбалски сојуз на Србија
Барселона подобра од Лејкерси!
Атанас Костовски се враќа на местото претседател во Вардар
Ред бул доби крилја во Сузука
Октомвриски коњички турнир во Маџари
Кога скијачот Швајнштајгер се заби во дрво
Монфис го елиминира Родик во Токио
Енвер Мариќ преживеа тежок мозочен удар
Бен Арфа не го прими „џелатот“ Де Јонг во болница
Во Бохум почна судењето на обложувачката мафија






Five thousand roses to clean soil in polluted Macedonian city
How Milosevic fostered 20 years of Serbian football violence
Former Croatian PM scrutinised by parliamentary committee