|
|
|
|
|
|
Си велам
Доаѓа жешка зима
Ерол Ризаов
Изгледа и власта и опозицијата се задоволни да нема избори пред време
Ќе нема предвремени парламентарни избори. Така одлучија коалиционите партнери на власт. ВМРО-ДПМНЕ ја потсети јавноста и опозицијата дека редовниот термин за парламентарни избори е пролет 2012 година, кога завршува шестгодишниот мандат на премиерот Никола Груевски и неговите влади. Тоа е легитимно право на власта. Само парламентарното мнозинство може да го распушти парламентот. Така е според Уставот. Но, како е според политичкиот прагматизам: имало-немало вонредни избори, Македонија ја очекува жешка зима иако сите прогнози навестуваа големи студови и снегови. Илјадагодишната зима, се чини, ќе се стопи од високата политичка температура. Не е на арно високи температури среде зима. Тогаш најмногу се шират заразни заболувања. Велат, нема ништо позаразно од политиката.
Наредните денови ќе бидеме бомбардирани со анализи, информации шпекулации и манипулации кој се плаши и кој бега од соочување со народот, а кој блефира и сака да дојде на власт по недемократски пат. Погодувате, поддржувачите на власта и медиумските трабанти ќе ни сервираат секој ден докази за високите рејтинзи и големите успеси на власта. Ќе не' убедуваат дека власта не сака сега мерење на силите оти има многу поважни работи за државата. Да сака веднаш, ќе ја прегази опозицијата, бидејќи водела на анкетите два спрема еден. Критичарите на Владата и опозицијата, пак, ќе ни покажат каков уплав добила власта од митинзите и маршевите за демократија и колкава кукавица е Никола Груевски кога бега од мегдан со Бранко Црвенковски. Опозицијата ќе презентира секој ден докази дека народот се буди и бара промени.
Ваквата дебата би можело да биде и здрава за македонската демократија, бидејќи нема ништо понормално во политичкиот плурализам опозицијата да бара предвремени избори, а власта со мнозинство во парламент да одлучува кога и дали ќе оди на вонредни или редовни парламентарни избори. Тоа е политичка класика во земјите со етаблирана демократија. Кај нас битката за власт ја претвора ниската политичка култура во фактор на дестабилизација на земјата. Се заоструваат и се радикализираат меѓупартиските и меѓуетничките односи. Јазикот на омраза, покрај провладините медиуми, почнуваат да го користат и политичарите од високите ешалони. Партизацијата добива се' подраматични димензии, што се' заедно создава напрегнат амбиент во државата.
Лично мислам дека и власта и опозицијата се задоволни од одлуката да нема предвремени парламентарни избори. Опозицијата добива нови крила дека власта стравува од одмерување на силите. Бранко Црвенковски не блефирал кога барал предвремени избори. Митинзите и нивната посетеност покажаа дека власта не е сама во државата и дека преземањето во владеење на сите институции на системот со поддршката само од една петтина на граѓаните раѓа се' поголемо незадоволство. Владата јавно покажува дека не сака контрола на својата работа, што е основен предуслов за работа на одговорна, транспарентна, демократска и компетентна влада. Од друга страна, со неприфаќање предвремени избори, Владата со своите коалициони партнери добива уште една и пол година да потроши покрај два буџета од три-четири милијарди евра, дополнително уште цела милијарда евра нови задолжувања на државата за да ги оствари своите партиски програми и ветувања. Тешко е да се верува дека ММФ ќе дадеше толкав заем на влада која оди на избори. Можеби тука се крие една од причините што власта процени дека не и' оди во прилог да прифати предвремени избори. Како и да е, фактурата до народот да ја плати сметката властите мора да ја испорачаат најдоцна до март 2012 година кога граѓаните ќе можат да проценат, ако не го направиле тоа порано, дали паметно се потрошени нивните милијарди евра и задолжувањето во нивно име и дали го добиле тоа што го очекуваа од оваа власт. Што дотогаш, до пролет 2012 година. Дали ќе се остварат некои македонски приоритети.
Убеден сум дека најголемите изненадувања и најважната работа во државата не се ниту редовните ниту предвремените избори. Најголемите очекувања на граѓаните се губат во наездата на примитивизмот. Провинционализмот и балканскиот простаклук во гарнир со комплексите на малите нации ни носат секој ден непријатни изненадувања. Не бадијала народот рекол. Од она што паметниот се срами, будалиот се гордее. Се' подалеку сме од Европа и од Европејците, а се' поблиску до Хималаите и до Хунзите. Не можеме да преговараме со Европа, ама можеме да склучиме сојуз со нашите заеднички предци. Тешко градиме европско општество, ама лесно градиме кралска палата со нашите сонародници и блиски роднини, составени во наследство од Алаксандар Македонски, некаде во северен Пакистан под покривот на светот. Во Паљурци кај Гевгелија ќе никне царскиот дворец на новата Александрова династија сочинета од еминентни преставници на антички Македонци и антички Хунзи зачувани во изворна ендемска форма низ сите овие илјадалетија на континуитет. Во бунарот на св. Павле во Паљурци, од каде што почнало да се шири христијанството низ светот, според најновото евангелие кое го пишуваат нашите световни и црковни великодостоинственици, ќе се удрат темелите на новата македонска историја во кралството на Македонците и Хунзите, двата братски народа со исти корен, посадени лично од Филип Втори македонски.
Само пред неколку години некој да напишал ваква хумористична, сатирична драма, или трагедија, немала да биде толку смешна и тажна како денес кога хоророт станува јаве и наше секојдневје. На зародувањето со Хунзите, преку Александар Македонски, ни се смее светот. Поради тоа имаме се' помалку пријатели и поддржувачи во наметнатиот спор од Грција за името на државата, што е клуч за нашите евроатлантски интеграции. Ваквите непромислености и политички стимулираната и скапа антиквизација од која нема никаква корист, а поради која се задолжуваме дома и во странство ја уриваат оваа Влада многу повеќе отколку митинзите и маршевите на опозицијата.
Не знам кој го советувал премиерот да даде интервју за белградското п��пуларно радио Б-92, ама многу згрешил. Тие безобразни белосветски новинари го доведуваат премиерот Груевски во многу деликатна ситуација да не знае што да каже кога поставуваат однапред недоговорени и непријатни прашања, за антиквизацијата, архитектурата, спомениците, стадионите, еленизацијата... притоа, замислете, изнесуваат и лични впечатоци. Затоа нашиот премиер треба да остане на релација МРТВ, Сител, Канал 5... таму брилира, нема изненадувања и непријатни прашања. Таму си е свој на своето. |
#
|
Статијата е прочитана 3168 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kavadarci |
Датум: 10.12.2010 12:14:41 |
|
Тамам понислив дека Ерол конечно напишал објективна колумна за состојбите во земјава и тогаш го прочитав последниот пасус и гледам дека тоа е стариот Ерол/СДСМ-овец. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 10.12.2010 12:25:01 |
|
Г-дине Ризаов, не сте сосема добро информирани. Не можете да ми кажете дека онаа безобразна новинарка од радио Б-92 не е платена од соросоидите. Ако не е така, тогаш сигурно има замешано прсти лицето БЦ. Мора еднаш да научите, оној кој немисли како нашиот омилен водач, тој е предавник, безобразник, соросоид. А што се однесува до нашиот принц од Пакистан, можам едно да кажам: тој што ја бутка таа работа е чист психијатриски случај! |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandar |
Датум: 10.12.2010 12:39:31 |
|
"бидејќи нема ништо понормално во политичкиот плурализам опозицијата да бара предвремени избори, а власта со мнозинство во парламент да одлучува кога и дали ќе оди на вонредни или редовни парламентарни избори. Тоа е политичка класика во земјите со етаблирана демократија. "
Gluposti. Ednostavno ne e tocno. Nikade na Zapad nema izbori dodeka vladata e stabilna. Nikogash opozicijata ne predlaga izbori samo za da pokaze deka e se uste relevantna. Na Zapad partiite sto nemaat uspeh se reformiraat. Toa e izmislena imenka za SDSM. Samata pomisla deka "vlasta" moze da "odluci" za izbori e smesna na Zapad. Probajte ova da mu go kazete na stranski ambasador i ce vi se smee. |
|
|
|
|
|
|
Од: Evandjelie po Djole |
Датум: 10.12.2010 12:42:42 |
|
G-dine Rizaov! Kazuvate deka duri vo mart 2012 godina gradjanite ce treba da procenat kako se potreseni nivnite milijardi. Pa zarem mislite deka tie milijardi se na gradjanite? Tie milijardi se na Grujo Stavreski i FAMILIJAT, i istite ce gi trosat po svoj cef , na najbezdarnicki nacin, a gradjanite samno ce gi vracaat. Ne e cudo i nas togas da ni se sluci Sindromot Sanader- fufte preku granica! Sto se odnesuva za Paljurci, jas ne znam kade Djole procital deka Sv Pavle prestojuval tamu. Koga mu raskazuvase na Papata , istiot i pokraj obvrskata da ostani seriozen se zacudi i ostana podzinat. Sv Pavle imal 2 patuvanja vo Makedonija i gi posetil gradovite Filipi, Amfipol , Solun I Verija. Kakvi Paljurci , kakvi bakraci i fantazii na Djole?! |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 10.12.2010 12:43:32 |
|
И тука да повторам да сега опозиционерите да си прејдат на герила оти неги бива за востанија.Инаку никој неисполнува ,,музички желби,, на некого кога ќе му се ќефне.Лани истиот сегашен барател на избори и тоа вонредни му ја скубна од редовни преседателски избори.Текстот е добар од разочараната но прочитана блеферска опозиција па се до неговото подхималајско величество |
|
|
|
|
|
|
Од: vlatko |
Датум: 10.12.2010 12:46:17 |
|
Ne tresi gluposti lice b.Sekoj li vo ovaa drzava sto ne ja saka ovaa ajducka vlast e sorosoid? Intervjuto na Grujo za B 92 samo pokaza deka covekot nema vrska so zivotot. Zatupavel po selata otvorajki selski cesmi i detski igralista.Drzavata se afirmira vo svetskite centri na mok , aa ne vo selata sirum Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 10.12.2010 12:46:22 |
|
Temelna vivisekcija na makedonskata politicka scena so elementi na nadrealezam (Hunzite). Samo da spomenam: da otvorime oci nekoj da ne pobegne od zemjava, onaka - na prosetka. |
|
|
|
|
|
|
Од: Внимателен читател |
Датум: 10.12.2010 13:10:36 |
|
До Александар. Премиерот Никола Груевски вели дека нема ништо понормално опозицијата да бара предвремени избори, а мнозинството во Парламентот да одлучува кога ке го распушти. Изгледа не го следиш доволно својот премиер.
А како е на Заапад тресеш зелени.
Имаш Интернет па читај малку. |
|
|
|
|
|
|
Од: komentar |
Датум: 10.12.2010 13:23:49 |
|
Kako i sekogas mnogu korektno izneseno viduvanje. A kako i sekogas del od reakciite tipicni DPMNE - ovski. Ako ne si so nas togas si protiv nas. Vprocem edna mala digresija. Snosti slusajki gi dvajcata slovenecki evroparlamentarci (KAcin i Taler) koi se nesomneno nasi prijateli, se zasramiv sto pripagam na mojata nacija. Lugeto i pokraj seta politicka mudrost na momenti ne mozea da go sokrijat cuvstvoto na zacudenost (duri i potsmev) za potezit ena nasat apolitika. Ili mozebi BC e tolku moken pa duri cela Evropa igra po negovi noti, neli Feliks i kompanija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ацо CH |
Датум: 10.12.2010 13:35:51 |
|
Јас ја гледам Македонија како поле за некултурен натпревар помеѓу партиите.
Лично сметам, прво добро извршен попис на населението, потоа прочистен избирачки список кој ќе одговара на бројот на жителите и на крај се разбира, каков народ таква власт |
|
|
|
|
|
|
Од: student |
Датум: 10.12.2010 13:47:40 |
|
umot poseduva fenomen da si ja svrti rabotata kako sto mu odgovara na egoto.......i da bide daleku od vistinata i realnosta |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка до б |
Датум: 10.12.2010 14:13:29 |
|
Никој не треба ни пет пари да плати за да види колку му сече на твојот Премиер. Само уште најглупите не можат тоа да го видат. А сега со монументалните грдила кои ги гради во Скопје, и од авион ќе му се гледа глупоста.
Браво Ерол, како секогаш даваш реална, па дури и префинета слика на нашата реалност. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vasko |
Датум: 10.12.2010 14:47:52 |
|
Ало бе чекајте што туку се плеткате кај што не сте компетентни за било што да кажете а камоли да судите. За историја сте тапа и не ви се криви ни Хунзите никој што не си ја знаете Историјата на својата земја, на својот народ. Се знае за вас историја беше само од книгите кои учевме од Тито наваму. Се друго се учеше со прескакање. Второ за интервјуто во Б-92 не се поставени ништо поинакви прашања од оние
на што се палат новинарите како вас и сите од опозициските весници и телевизии. Нормално е дека такви прашања ке поставува нема да прашува афирмативни , не му е во изборна кампања. Сосема нормално си прашуваше. Она што секој новинар би го прашал. А јас не гледам дека на ТВ кога го прашуваат Премиерот вади ливчиња за да ги види однапред поставените прашања т.е одговори. не претерувајте. Не можам да Ви простам што останавте комунистички новинар. Сите претрпеа транзиција само Вие не. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 10.12.2010 14:52:12 |
|
Meterlozite predviduvaat kocan zima, sto znaci site ke si bideme "mrtvi ladni" ili potocno,nema nisto da e sluci. I VMRO i SDSM ti e edno isto,edni isti luge,interesi,biznisi, a toa sto prireduvaat "teatarski prestavi" od tipot izbori, aferi,skandali,korupcii, toa e samo prestava i zamajavanje na narod za da se stekne dojam deka nesto se slucuva ,nesto se menuva. Nisto ne se slucuva, nisto ne se menuva. I da dojde SDSM,pak istite biznismeni ke dobivaat tenderi,istite novinari i televizii ke bidat so Vlasta,istite sinovi i kerki ke bidat menandzeri,direktori......se e isto Erole, 20 godini e se isto i nema pricina(t.e nema koj) ova da go promeni. |
|
|
|
|
|
|
Од: caki |
Датум: 10.12.2010 14:57:27 |
|
Zheshka zima??Od vashiot shtab zboruvaa deka esenta ke bide zheshka...nishto od toa,SDSM nema energija za bilo kakvo sushtinsko zagrevanje,zatoa shto i fali patriotizam...t.e....ako treba ke ja unishtam RM samo da go unishtam VMRO ...toa ne pali.... |
|
|
|
|
|
|
Од: kaktus |
Датум: 10.12.2010 14:58:50 |
|
Предвремени избори се барале и порано, многу пати и од вмороните кога беа на власт.
Масата од 50.000 што излезе на марш навистина не е мала. Но, (секогаш има Но), едно е излегување на протест, а друго е да излезиш на избори. Предвид бројката на партиски нововработени, капиталот што го вртат, бројот на партиски полтрони и удбаши, не сум многу сигурен дека Баронот ќе ги добиеше предвремените избори. Ништо чудно да имаше избори вмороните да згазат like a shit. |
|
|
|
|
|
|
Од: belomorec 3 |
Датум: 10.12.2010 15:28:53 |
|
Erole,tamam pomisliv deka se koregiras vo pisuvanjeto.Povtorno razocaruvanje.Sto ti trba da pisuvas za raboti koi mnogu malku gi poznavas.Dali si cul deka tie se narekuvaat kalesi,postoi titula ;MIR;na mnogu objekti vo kamen e izrezbano sesnaestkrakoto sonce,dali si videl kakva nosija imaat,kako i kakvi ora igraat na nivnite proslavi.Pobaraj da Ti ispratat nekoja video kaseta od Skaj-Net.Daj gledaj si ja novinarskata fela koja tone vo korupcija.Odi utre na sobranieto,pomogni im.Prenesi im go tvoeto bogato iskustvo. |
|
|
|
|
|
|
Од: valerija |
Датум: 10.12.2010 15:44:06 |
|
Gledam site se fatile za prasanjata na novinarkata na B92 gi boliti toa sto premierot ne e dorasnat za rabotata sto ja raboti. Novinarkata ke prasa sto ja interesira, a premierot sto ne si go biva ako ne se prasanja po naracka toa e problem. Lesno ve mota sedejki kaj Milenko, Janko ili Latas raskazuvajki vi prikazni kako se e rozovo, a ne crnila. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 10.12.2010 20:04:54 |
|
G-dine Felix,nikot pod koj pisuvam go staviva samo
vrz osnova na tvoite "prosvetleni" viduvanja,!!!!
Duri i rekov deka ce go smenam koga ce otkries zosto
stavam nik (sifra) bas pod toj naziv.Se razbira deka ne otkri (so suster mat i ne mozes da otkries)!!!!!!!!!!!!!!!!!
Eve nesto i po odnos na cesto spomnuvanite pretsedatelski izbori. G-dinot poranesen Pretsedatel sakase i uspea da go istera na cistina
(ti razmisluvaj kako) premierot!!! I go istera,za tie sto razbiraat!!!! (Za Caki i kompanija ne vazi).
Ne sum voopsto srecen od toj negov potez,zosto,
sakajki da go nasamari premierot,vsusnost ne nasamari site nas (sega se cudis od kade toa)!!!
Eve,vo toa e razlikata so tbe i mojata (ogromna) prednost.Jas sum "opozicioner" po ubeduvanje,ne pod drugo vlijanie,a ti "pozicioner" po naredba!!!!!!!
Jas disam sam,so polni gradi,ti so inhalator!!!
A koga ce ti go zemat inhalatorot???????????? |
|
|
|
|
|
|
Од: Сергеј |
Датум: 10.12.2010 20:06:15 |
|
Од претходните коментари се забележува дека некои коментатори упорно се обидуваат да пртивниците на режимот на Груевски ги наречат со едно име - СДСМ (или „соросоиди“). Господа, тоа не е воопшто точно, додека СДСМ беше сам против Груески, дотогаш Груевски мирно спиеше, како јагне. Сега, кога најголем дел од граѓаните се против Груевски, тој Груевски го живее својот најголем кошмар. ( http://otpor.log.ph/ ) |
|
|
|
|
|
|
|
|