ТЕТОВО - Завчера попладне околу 17 часот на само место биле фатени четворица дрвокрадци од тетовското село Џепчиште, вооружени со автоматска пушка и пиштол. Полицијата ги привела на информативен разговор, а се најавуваат соодветни пријави. Посебни единици на Шумската полиција завчера биле во реонот на Шар Планина над тетовското село Сетоле. Во акцијата за попречување бесправна сеча на дрва и откривање на дивите дрвосечачи асистирале припадници на Граничната полиција од Рогачево и полициската станица од Теарце. Во месноста Рупа над Сетоле била извршена контрола на трактор „ИМТ 539” натоварен со околу три метри кубни дрва. Со тракторот се превезувале Абдулаид И. (46), неговиот малолетен син Б. И. (17), Сејнула М. (46) и Хавзи А. (41) од тетовското село Џепчиште. Кај Хазби бил пронајден пиштол марка „црвена застава” со рамка и четири куршуми што бесправно го поседувал. Во тракторот е пронајдена скриена во облека автоматска пушка со две рамки и 16 куршуми. Полицијата интензивно работи на целосно расветлување на случајот. (Г.Е.)
Posle 8 godini pustos vo reonot na s. Setole, nekoj se seti da intervenira. Treba da se ispita zosto do sega ne e intervenirano, koga se znae deka tamu se krade so traktori i kamioni.