Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Анализа

Мислења

Лиу е достоен за Нобел

Вацлав Хавел и други

За неговата храброст и јасна мисла за иднината на Кина, Лиу Ксијаобо ја заслужува Нобеловата награда за мир за 2010 година

Минатата година на Божик, еден од најпознатите активисти за човекови права од Кина, писателот и универзитетски професор Лиу Ксијаобо, беше осуден на 11 години затвор. Лиу е еден од главните планери на „Повелбата 08“, на петицијата инспирирана од „Повелбата 77“ на Чехословачка, со која се повикува кинеската влада да се држи до сопствените закони и уставот, и се бараат отворени избори на јавните претставници, слобода на религијата и на изразувањето, и укинување на законите за „субверзија“.

За неговата храброст и јасна мисла за иднината на Кина, Лиу ја заслужува Нобеловата награда за мир за 2010 година. Постојат две причини поради кои веруваме дека Лиу би бил достоен добитник на таа престижна награда.

Прво и пред се', тој се вклопува во традицијата на лауреатите на Нобеловата награда за мир, признати за нивниот придонес во борбата за човекови права. Нобеловите лауреати, како што се Мартин Лутер Кинг, Лех Валенса и Аунг Сан Су Кји се само неколку од многуте примери кои Нобеловиот комитет ги награди во претходните години.

Убедени сме дека концептите кои Лиу и неговите колеги ги изнесоа писмено во декември 2008 година, се и универзални и безвремени. Тие идеали - почитување на човековите права и човечкото достоинство, и одговорност на граѓаните да обезбедат услови нивните влади да ги почитуваат тие права - претставуваат највисоки дострели на човештвото.

Доколку Нобеловиот комитет реши да им оддаде признание на храброста и на жртвата на Лиу за изразување на тие идеали, нема само да го привлече глобалното внимание кон неправдата со 11-годишната казна за Лиу. Тоа, исто така, ќе помогне да се зајакнат универзалните и хуманистичките вредности во Кина, за кои Лиу се бореше голем дел од животот.

Втората причина зошто Лиу ја заслужува Нобеловата награда за мир се совпаѓа со оригиналната намера на Алфред Нобел за наградата. Работејќи да се промовираат човековите права, политичките реформи и демократизацијата во Кина, Лиу даде значаен придонес за вредностите на мирот и братството меѓу нациите, за што размислувал и Нобел кога ја создал наградата пред повеќе од еден век.

Секако, демократизацијата автоматски не гарантира подобро однесување на светската сцена. Меѓутоа, овозможува целосна и строга јавна дебата околу клучните прашања за надворешната и домашната политика на една држава. Таа активна и детална конверзација, која е обележје на едно демократско државно уредување, е најдобрата надеж за подобри одлуки на владите, и дома и во странство.

Преданото залагање од страна на Лиу, во име на демократијата во Кина е, пред се', во полза на кинескиот народ. Но, неговата храброст и пример можат да помогнат да се забрза доаѓањето на денот кога учеството на Кина во меѓународните прашања ќе биде помогнато од експертиза и надзор од граѓански општествени групи, независни медиуми и ангажирано граѓанство, способно да ги изрази своите ставови преку гласачките кутии.

Првенствено од овие две причини веруваме дека Лиу би бил достоен добитник на Нобеловата награда за мир за 2010 година. Доделувајќи му една од највисоките награди во светот на Лиу, Комитетот повторно би сигнализирал на значењето на човековите права и демократијата, од една страна, и светскиот мир и меѓународната солидарност, од друга страна.

Строгата затворска казна за Лиу беше замислена како примерна мерка, сериозно предупредување до сите други Кинези кои можеби би посакале да го следат неговиот пат. Ние сме убедени дека има моменти кога примерното граѓанско ангажирање, како што е она на Лиу, бара примерен одговор. Доделувањето на Нобеловата награда за мир е токму одговорот што го заслужува неговата храброст.

(Вацлав Хавел е поранешен претседател на Чешката Република; неговото височество Далај- Лама е духовен лидер на тибетскиот будизам; Андре Глуксман е филозоф; Вартан Грегоријан е претседател на корпорацијата „Карнеги“ од Њујорк; Мајк Мур е поранешен директор на Светската трговска организација; Карел Шварценберг е поранешен министер за надворешни работи на Чешката Република; Дезмонд Туту е добитник на Нобеловата награда за мир; Григориј Јавлински е поранешен претседател на руската Обединета демократска партија Јаблоко. Текстот е напишан за „Проект Синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект Синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 648 пати.

Испрати коментар

Од: Ito Hirobumi
Датум: 23.01.2010 05:52:34
Vi blagodaram Utrinski!! So vas makedonskoto novinarstvo ostojuva, prodolzete taka!!

Најди! во Утрински
Анализа