Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Едиторијал

МЕРИДИЈАНИ

Дали Грција ќе се спаси?

Дани Родик

Доколку грчката економија не закрепне, преземањето нов долг е привремена мерка што ќе бара поголемо штедење понатаму

Грција купи малку време со новиот пакет финансиска помош, но земјата се' уште не е излезена од криза. Останува да се види дали зајакнатата политика на штедење што владата на премиерот Јоргос Папандреу ја вети ќе се покаже како политички прифатлива и одржлива.

Историјата посочува некои основи за скептицизам. Во демократија каде што побарувачката на финансиските пазари и странските кредитори се судира со онаа на домашните работници, пензионерите и средната класа, вообичаено е локалното население да го има последниот збор.

Излезот на Британија од Златниот стандард во 1931 година останува историски белег. Откако ја направија грешката со враќање на паритетот со злато на ниво што ја остави економијата очајно неконкурентна, Британија неколку години се бореше со дефлацијата и со растечката невработеност. Иако невработеноста достигна 20 проценти, Банката на Англија беше обврзана да г�� одржува високите каматни стапки за да спречи масивен одлив на злато. На крај, се' поголемиот притисок на финансискиот пазар ја оттурна земјата од златото во септември 1931 година.

Тоа не беше првпат финансиската чесност да бара реалната економија да страда под Златниот стандард. Британија стана подемократско општество: работничката класа стана синдикално организирана, политичката франшиза четирикратно се прошири од крајот на Првата светска војна, мас-медиумите и' даваа публицитет на економската несреќа на обичниот народ и социјалистичките движења беа во зачеток.

Овој филм беше виден во Аргентина кон крајот на 90-тите години. Главната точка на аргентинската економска стратегија по 1991 година беше Законот за конвертибилност, кој законски го врза пезосот за американскиот долар со курс 1:1 и забрани рестрикции за проток на капитал.

Сомневањата околу способноста на Аргентина да го сервира својот надворешен долг се мултиплицираа, довербата се урна и наскоро кредитната способност на Аргентина се спушти под онаа на некои африкански земји. На крај, она што ја запечати судбината на Аргентина не беше недостигот од политичка волја кај нејзините лидери, туку нивната неспособност да наметнат уште поскапи политики кон нивните домашни избирачи.

Можеби постои друг пат. Обрнете внимание на Латвија, неодамна таа се најде во економски тешкотии слични на оние на Аргентина од пред една деценија. Латвија забележа рапиден развој откако и' се приклучи на ЕУ во 2004 година, на товар на обемно надворешно зајмување и домашна криза во секторот со недвижни имоти. Предвидливо, глобалната финансиска криза и брзиот пресврт во приливот на капитал во 2008 година, остави стапката на невработеност да се искачи до 20 проценти, а БДП да падне до 18 проценти во 2009 година. Латвија има фиксен курс на валута и слободен проток на капитал, исто како и Аргентина. Меѓутоа, за разлика од Аргентина, политичарите во земјата успеаја да издржат без девалвирање на валутата и воведување контроли на капиталот.

Она што изгледа дека го промени балансот на политичките трошоци и бенефити беше изгледот за досегање до ветената земја со евентуално членство во еврозоната, што ги натера креаторите на политиката во Латвија да ги исклучат сите опции што би можеле да ја загрозат таа цел. За возврат, тоа го зголеми кредибилитетот на нивните акции - и покрај многу високите економски и политички цени за тие акции.

Дали Грција ќе биде Аргентина или Латвија? Доколку грчката економија не закрепне, преземањето нов долг е привремена мерка што ќе бара поголемо штедење понатаму. Како што покажа искуството на Британија меѓу двете светски војни - и во поново време Аргентина и Латвија - политиката е таа што на крај го одредува исходот. За грчката програма да има какви било шанси, владата на Папандреу мора да направи монументален напор да го убеди домашното гласачко тело дека економската болка е цената што тие треба да ја платат за посветла иднина.

(Авторот е професор по меѓународна политичка економија на Универзитетот „Харвард“ и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел о од мрежата на„Проект синдикејт“).


#
Статијата е прочитана 1417 пати.

Испрати коментар

Од: Уште не им иде умот
Датум: 20.06.2011 07:19:56
Дали Грција ќе се спаси? Се надеван не. Можеби тогаш ќе им дојде умот и ќе разберат дека целата светска историја не е нивна, туку имало и други и пред нив и по нив и крај нив.
Од: Pero Trajkov
Датум: 20.06.2011 10:38:12
Ovie napisi nikoj ne gi cita, ama za Ace na konjo - prepolno e so komentari. Za nas e najvazno - da ne gi navredime "najdobrite" komsii, kolku narodot nemal pari - a se arcelo, pa kolku bile losi uslovite vo bolnicite (zab.Toci), gladni, nevraboteni, pa protesti na mladite, pa gej parada, pa Grujo diktator... i taka vo nedogled. Vo bibliotekata na spin literaturata - za vakvi napisi- nema mesto. Pa ne znam, zosto voopsto gi objavuvate. Mozebi poradi avtorot koj e profesor?! Pa i nie si go imame Frcko! Plus na toa nosi i cviker... (i Rollex covece...)
Од: Gjore
Датум: 20.06.2011 11:30:18
Во македонскиот јазик не постои земја „Латвија“. Срамота за некој што се смета за новинар.
Од: Eвропеец
Датум: 20.06.2011 12:17:32
Секој ден написи за Грција и жалопојки. Дали ќе се спаси Грција? Нема таа да се спаси,ќе ја спасат уште еднаш истите кои ја создадоа таа вештачка творба и измислена нација,Германија и В.Британија.
Од: cilev
Датум: 20.06.2011 12:37:27
grcija propadja samo vo umot na vmro vladata i nivnata propaganda demek grc tone...grc ne proppadnala 10ilj god nema ni sega bogata e i ima prijateli i e clenka na nato,eu,maked e vo mnogu polosa polozba odete videte kao ziveat vo grc,prosecniot makedonmec e beda kompir i leb.........
Од: dedo dimo
Датум: 20.06.2011 13:32:41
Znachi novinarivena Utrinski poveke e zalat Grcija od Makedonija .izgleda gi izmesshale brzinite pa neznaat kade se naogaat odnosno kade ziveat .Dali nie treba da se sekirame za Grcija i nivnata vlada, koga tie sakaat po sekoja cena nas da ne snema.Shto ne prestanite i zaboravete gi kako tie da ne postoat ,
Од: k2
Датум: 20.06.2011 13:59:19
Kakov spas be....ovie se divi pleminja ne se civilizirani koj Latvija ....ovie se od mala azija ......
Од: MILE
Датум: 20.06.2011 15:09:22
Златниот стандард и замената со правење на пари од ветер и магла е измислица на банкарите од Волтстрит. Морган Стенли, Ротшилд и компанија. Тие се првите кои оганизирано ке ја направат првата светска криза т.е. големата депресија и притоа ке приграбат огромно богатство. Економиите на Аргентина, Бразил пропаднаа до ниво на стокова размена поради кредите на ММФ и Светска Банка. Од тогаш тие две држави не сакаат ни да слушнат за овие две институции и сега се едни од најдобрите економии во светот. А на Грција исто како и последната голема светска финансиска криза некој и го намести. Кои се причините ќе ги видиме за неколку години само немојте да мислите дека нас поарно ќе ни е!
Од: Дали Грција ќе се спаси?
Датум: 20.06.2011 15:14:10
НЕ.
Од: Perec Kifla
Датум: 20.06.2011 15:46:17
Grcite ke se spasat. Tie se buntoven narod, i nema da dozvolat dolgot koj drugi im go napravija,tie da go vrakaat. Pre ke se raspadne EU otkolku Grcija.

Најди! во Утрински
Едиторијал

"""