Мора да ги контролирате емоциите и постапките. Вашите негативни особини и желбата за влегување во конфликти моментално се во преден план. Тешко ја прифаќате туѓата желба за доминација, но кога ќе размислите подобро, не може вие секогаш да бидете главни.
Бик
Бидејќи уметничката наклонетост е нагласена, доколку се насочите во тој правец може да постигнете успех. Сакате да бидете на врвот, но тоа нема да ви успее бидејќи недоволно се трудите. Нешто веднаш морате да промените, вие најдобро знаете што е тоа.
Близнаци
Ве очекува успех доколку се занимавате со истражувачка работа. Решавате тешки проблеми и енигми. Доколку сакате да ја постигнете целта набрзина, само ќе се нервирате. Се' ви се случува со стилот еден чекор напред, два назад.
Рак
Сакате околината да го цени она што го работите. Суетни сте повеќе од вообичаеното, тешко на оној што на кој било начин ќе ви се спротивстави. Нема да бирате начин да им покажете заби на соработниците. Напнатоста е резултат на незадоволвството.
Лав
Иако денот е успешен на професионален план се советува успех. Опасноста е таму каде што најмалку се надевате. Бидејќи проблемите што ги имате не се сериозни, насочете се кон здравјето. Периодот не е добар за склучување договори.
Девица
Во елемент сте. Тоа значи дека вредно работите, а притоа не се оптоварувате со ништо. Бидејќи времето ништо не ви значи, се' работите бавно, но темелно. Единствено нешто што може да ви го расипе расположението е болест.
Терезија
Бидејќи ве очекува напорен ден без видливи резултати, мора да го прифатите како таков. Можна е опасност од болести, доколку пред себе си поставите премногу барања. Бидете внимателни во односот со партнерот. Занимавајте се со уметност.
Скорпија
Свесни сте за некои свои мани. Една од нив е "змијата во џебот" кога се во прашање парите. Тешко се одвојувате од нив, бидејќи денот е добар за заработка, ќе се олабавите малку повеќе и ќе купите некој вреден предмет. За тоа сте вистински мајстор.
Стрелец
Во љубовта ви се случуваат неубави работи. Не ви е лесно. Разделување, макар на кратко може да помогне да ја пребродите кризата. Љубоморни сте, а не покажувате чувства, расправиите се неминовни. Тешко на оној што ќе се впушти во врска со вас.
Јарец
Успешен професионален ден, проследен со многу обврски, но и конкретни резултати. Кризата е зад вас, па може да уживате во сопствените остварувања. Мирни сте, но тоа не значи дека не може да избувнете. Внимавајте на здравјето.
Водолија
Имате изразена потреба за успех, но мора да се подготвите и за вознемирувачки искуства. Нема се' да се одвива лесно како што планиравте. Немојте да се впуштате во работа која ќе ви создава стресови. Некој се труди да ви помогне, прифатете.
Риби
Бидејќи во прашање е добра заработувачка, прифатете го предизвикот. Ќе успеете успешно да ги исполните туѓите очекувања. Пред вас се неколку успешни денови, па искористете ги за професионално усовршување. Практични сте и ќе се снајдете.