Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма
Монополско однесување спрема потрошувачите од страна на „Топлификација“

Ивест Рајчовски, Скопје



По долго време „Топлификација“ - Скопје монополски се однесува кон потрошувачите на топлинска енергија, при што со својата некритичност и недоволна аналитичка процена и одат на рака и недоволно согледаните нормативни решенија и одлуката на Регулаторната комисија. Во врска со ова се чини дека одлуките на Регулаторната комисија и' служат само како покритие за сето она што го прави кон потрошувачите на топлинската енергија, оправдувајќи се со „некакви“ правилници и нормативни акти кои, верувам, одамна ги прегазило и надминало времето. Не знам дали се нашол некој да изврши увид и инспекција на нивната содржина и дали тие се во согласност со нашето позитивно законодавство и дали се в ред и во врска со нашето право и правдина.

Мнозина граѓани се прашуваат зошто соодветното надлежно Министерство (или стручна служба) не побара преку оглас на јавен конкурс и друго претпријатие да врши услуги на испорака на топлинска енергија, со што реално би се создале пазарни конкурентски односи и во оваа област. Вака потрошувачите се изманипулирани и мора да плаќаат висока цена на затоплувањето (колку чини и колку што не' чини). И тоа според теркот како ќе и' текне на „Топлификација“, оти наводно имале загуби, кои без многу коментари и оцени ги префрлаат врз плиткиот џеб на потрошувачите.

Ако со фамозната транзиција се залагавме за пазарно стопанство и конкурентски односи, верувам дека и во оваа област би требало да важат пазарните законитости на побарувачката и потрошувачката, при што сигурно постојат начини и методи како да се направи тоа. Додека не се воспостават конкурентски односи во оваа област, „Топлификација“ ќе ги шиканира граѓаните и кон нив уште долго ќе се однесува по свој ќеф, како сака и умее, покривајќи ги своите субјективни грешки и промашувања.

Статијата е прочитана 224 пати.

Испрати коментар

Од: Joco
Датум: 09.09.2008 13:25:07
Neznam koj drug bi mozel da konkurira na Toplifikacija i dali voopsto nekoj ke moze da ponudi poeftini ceni od Toplifikacija. Toplifikacija sega gradi gasna centrala vo koja pokraj toplinska energija ke proizveduva i struja i so toa ke bide kompanija dosta profitabilna. Na nekogo toa ne mu odgovara pa denonokno po mediumive citame sekakvi gluposti protiv Toplifikacija se so cel da se obezvrednat akciite na ovaa kompanija za da nekoj si gi kupi po bagatelna cena, bidejki za godina-dve koga ke proraboti centralata ovaa kompanija ke vredi mnogu poveke. Zatoa i nema do sega druga kompanija koja navodno bi ponudila "poevtina" toplinska energija bidejki cenata e taa. Deka nekoj ke se nafati da gi gree graganite poevtino odkolku sto nudi Toplifikacija, TESKO, no nekoj uporno ke ne ubeduva deka "nekoj" (izmislen) poevtino ke snabduval toplinska energija. Malo morgen.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Се откажавме ли од НАТО?
Обложувалниците и манипулативниот трошок