Обложувалниците и манипулативниот трошок
Петре Стоjанов, Скопје
Повод за писмово е веста „Обложувалниците воведуваат манипулативен трошок“. Имено, сметам дека ако се прочита новиот закон за оваа материја, ќе се види дека давачката за обложувалницата не е некоја новина. Според стариот закон, тие плаќаат 19 отсто на разликата меѓу уплатата и исплатата. Сега, со новиот закон, оваа давачка се укинува и се заменува со 4 отсто од вкупната уплата. И сега, овде настанува финтата: обложувалниците под маската на манипулативни трошоци сакаат да ја избегнат давачката која и досега ја плаќале кон државата. И не е како што велат, дека тоа им го наметнува државата, да имаат манипулативен трошок (никаде во законот не се спомнува манипулативен трошок). Плус, како што велат, каде се видело материјален трошок да се пресметува во процент од дури 4 отсто.
Според мене, обложувалниците ќе увидат дека тоа делува негативно на нивното работење. Особено, што не е законски да мора да наплаќаат манипулативен трошок, па некои обложувалници, можеби новоотворените, за да се пробијат на пазарот, нема да наплаќаат такви „додатоци“. |