Број 3324  понеделник, 05 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Собранискиот инцидент запечатен со писмa

Тензиите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кулминираа со преписка меѓу секретарите на двете партии

Александра М. Митевска


Отворени писма со потписи на секретарите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, меѓусебни обвинувања за загрозување на евроатлантските перспективи на државата, потраги по виновникот за собранискиот инцидент во противничкиот атар... Веќе неколку дена не стивнува пожарот што се разгоре меѓу двете најголеми партии по тензиите што се случија во парламентот откако не беше изгласан законот за стечајците.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, вчера дотури масло на огнот, испраќајќи му отворено писмо на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Цитирајќи мисли на поранешниот американски претседател - демократот Џон Кенеди, навлегувајќи во лични квалификации, вадејќи секвенци од минатото, не одбирајќи зборови за дискредитација, Протоѓер му порача на Црвенковски дека ќе биде поразен и „во ноември, и по две години, и утре ако треба, и секогаш“. Протоѓер, кој во петокот сакаше да ги смири страстите меѓу парламентарците, па му телефонираше колегата од СДСМ Андреј Петров, сега жестоко го нападна Црвенковски, нарекувајќи го „транзициски ’херој’, кој, извршувајќи државнички функции 15 години, остана да живее во 60-ина квадрати и без автомобил“.

„Ние не го избираме времето во кое живееме, ама избираме како ќе живееме. Но пассаран! Тоа го велат граѓаните. Тоа ме радува. Прочитан е! И тој го знае тоа. Му се гледа во погледот, замижаните очи, несигурното удирање во градите, грчот што го прави кога му дава 1.000 денари на чистачот на чевли. Порано даваше ветувања што не ги остваруваше, сега не дава ниту ветувања“, констатира Протоѓер.

Од СДСМ експресно одговорија со писмо, кое секретарот на партијата, Петров, го адресираше до премиерот Никола Груевски, Протоѓер „и исплашената фамилија инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ“, нарекувајќи ги претставници на исфрустрираните и предупредувајќи ги дека повторно ќе ги снајде 2002 година. Петров им порача дека ќе одговараат за криминал и дека треба да си ги спакуваат куферите, бидејќи автомобилот на власта тргнал низ удолница.

„Колку ли сте уплашени за да пишувате вакви гнасотилаци, господа од ВМРО ДПМНЕ? Од каде таква пизма, од каде таков бес, од каде таков нагон за самоун��штување? До кога ќе правите списоци на непријатели? Освен неизбежните за Вас, Црвенковски и СДСМ, секојдневно го проширувате списокот, зависно од Вашето расположение: со меѓународната заедница, медиумите, невладините организации, Уставниот суд, стечајците, професионалните војници, бранителите и кој уште ли не“, забележува Петров.

Судирот на дел пратеници од опозицијата со припадници на МВР, кои ги снимале парламентарците и стечајците во Собранието, викендов прерасна во вербална пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, за потоа да кулминира во преписка меѓу секретарите на двете партии. Капак беше прашањето што му го постави еден новинар на вчерашната прес-конференција на Сашко Стефаноски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Новинарот праша дали се точни шпекулациите дека пратениците на СДСМ биле под дејство на алкохол кога се случил инцидентот, на што Стефаноски одговори дека слушнал за тоа, но дека немал докази, бидејќи не знае дали на пратениците им е направен алкотест. Претходно, тој ги обвини социјалдемократите дека биле лош пример за младите, бидејќи спроведувале политика на тупаници, наместо на разум. За Стефановски запрепастувачки се информациите дека овој инцидент негативно ќе се одрази врз европските интеграции на Македонија и ќе придонесе земјата да добие негативен извештај. Од СДСМ одговорија со соопштение, посочувајќи дека актуелната Влада и по четири години, не успеала да обезбеди датум за преговори со ЕУ и дека најавите на Стефаноски за уште еден негативен извештај од ЕК се сигнал дека Македонија треба да очекува уште еден пораз под водство на Груевски.

Адвокатски тим на СДСМ ги анализира сите правни детали околу инцидентот во Собранието, по кој опозиционерите ја напуштија тековната седница. Тие, иако велат дека излегле само од седницата, денеска, веројатно, нема да присуствуваат на закажаните комисиски расправи, во очекување партиските тела да ги договорат идните потези како одговор на инцидентот. Од таа одлука зависи и дали социјалдемократите ќе се појават на пленарната собраниска седница закажана за в четврток и дали преку интерпелации ќе побараат одговорност од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и од првиот парламентарец, Трајко Вељаноски, во кои ја лоцираат политичката одговорност за случајот. Од СДСМ посочуваат дека е прекршен член 43, кој беше вметнат во Законот за Собрание од 2008 година по сугестија на Европската комисија, а по тепачката меѓу пратеници од ДУИ и од ДПА во законодавниот дом. Според таа одредба, во парламентот никој освен интерното полициско обезбедување не смее да влегува и да носи оружје. Ако, пак, е неопходно да се обезбеди засилување од МВР, за тоа би морало да се информираат членовите на собраниското претседателство, вклучително со координаторите на опозициските пратенички групи и потпретседателот на парламентот од редовите на опозицијата. Во случајов, според СДСМ, таа процедура не била испочитувана, бидејќи координаторката Цветанка Иванова и потпретседателот Јани Макрадули не биле известени дека во текот на расправата за законот за стечајците во парламентот ќе бидат присутни полицајци во цивил, кои носеле и пиштоли, иако не се дел од регуларното собраниско обезбедување.

Министерката Јанкулоска, пак, ги ослободи од одговорност припадниците на МВР, кои критичната вечер беа во Собранието. По средбата со нив во Секторот за обезбедување, а откако ги разгледала снимките од безбедносните камери, Јанкулоска побара од опозициските пратеници да се извинат за инцидентот. Таа најави дека за однесувањето на опозицијата ќе бидат известени сите странски амбасади во државата. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 2755 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 05.07.2010 00:07:10
Се’ тоа е наместено и планирано од власта, за да го пренасочи вниманието на јавноста (посебно на стечајците) од вистинскиот проблем - немањето желба да се решат вистинските (социјални) проблеми. ( http://otpor.log.ph )
Од: Bojan
Датум: 05.07.2010 00:10:18
Brane e car ke se vrati na vlast toa sigurno a grujo ne znam kade ke bega togas oti ke nema policija i gorili da go cuvaat podobro neka bega koga ke izgubi i taka ja kupija pola Ceska neka facaat patot
Од: gimi
Датум: 05.07.2010 00:42:10
Македонија отсекогаш имала едно проклетство да страда од кодоши и шпиони кои произлегуваат од нејзините редови.Водени од желбата за богатство, за лична корист, за власт не избирале средства како да го направат тоа па по цена и да посегнат по нешто што треба да биде свето за секого од нас.За срека не биле многу и секогаш на тие изроди народот им судел порано или покасно. Дали на 15 септември или на некој друг датум тоа и не е толку важно.
Од: Vineam Makedonski
Датум: 05.07.2010 00:45:04
Oruzje e zabraneto a i kameri ke se zabranat zosto site vidovme deka gos. V.B i ostanatite sonego sakaa da mu ja odzemat kamerata na ne uniformiranoto lice a kamerata e nekogas najgolemoto oruzje bas me interesira sto li snimil poiciskio sluzbenik pa tolkava galama se napravi...
Од: Жарко,Ресен
Датум: 05.07.2010 00:45:14
Колку само омраза има во овој млад човек Протоѓер,просто да се чуди човек.На што се должи тоа незнам.Највероватно се работи за фрустрација и некој комплекс.Таков човек да ги држи сите конци во државата просто е незамисливо.Со право го доби епитетот "македонскиот Гебелс".
Од: Трпе
Датум: 05.07.2010 00:48:58
Џукелите обично ѓавкат од страв.Само во Македонија, може власта повеке да критикува од опозицијата.Ова мора да влезе во рубриката "Верувале или Не "
Од: mihajlo
Датум: 05.07.2010 00:57:59
Ne mi e jasno sto saka da postigne Jankulovska so toa sto ce gi izvestela stranskite diplomati.Jankulovska e inteligentna licnost i znae deka tie sto saka da gi obavesti,znaat za celiot nastan,predi da taa doznae.Dali na ovoj slucaj mora da mu se dava takva tezina,prasanje e na eden obicen gracanon.Vo normalni demokratski drzavi ova za 24 casa ce se zaboravi i edni so drugi ce si pruzat raka.Ovde e nesto drugo.Ovde nastana takva omraza sto poliricarite taa omraza ja prefrlija vrz"pucanstvoto". Za zal obicniot gradjanin e vece zatruen i teska e dekontaminacija.Zasto ova mora da bide vaka,se prasuva obicniot gradjanin.Dali da se grizi kako da si gi plati smetkite a da mu ostane za leb do krajot na mesecot ili da se pazi od komsijata oti edniot e od "patriotskata" a drugiot od "predavnickata" partija.Gospode boze pomagaj,oti edino Ti ni ostana,vo ovie ne veruvame povece. Ako pak i Ti si ne zaboravil,zemine pobrgu da ne se macime so ovie "VOJSKOVODCI".
Од: terezija--Doprva ke se odrazi i ispliva na povrshina PRAVIOT efekt na protestniot miting...Panikata i stravot se pochetnite "simptomi" na KOSHMAROT... t
Датум: 05.07.2010 01:00:19
Mnogu porano popametnite rekle: SEKOMU PREMA ZASLUGITE... Na ovaa momentalna VLADEACHKA PROSTA MASA, poadekvaten t.e. POPRIZEMEN i POPROST generalen sekretar ni samiot Gospod Bog ne mozel da mu 'natokmi'..?! A jaden nash Narod se chudi i prashuva ZOSHTO seushte 'nekoj' ne ovozmozil da se dobie datum za pregovori??! Zarem politichki analfabeti kako dotichniot Protogjer se sposobni za biloshto vo toj pogled?! G-dine Gen.Sekret.- AMATERCHE ; Sekogash prvo se prashuva zoshto rabotite zazemaat "nekakov nepovolen tek" - koga e na VLAST (bilokoja Partija, vo sluchajovDPMNE/SDSM) a ne OBRATNOTO kako shto Vie sakate da prikazete. Bezbednosno - politichkata sostojba na sekoja zemja zavisi ISKLUCHIVO od vladeachkata garnitura i NIKAKO od OPOZICIJATA...No,ne me chudi,zashto vo Vashata tragikomichna politika - prvo ja osvoivte vlasta,pa prikrpuvavte "kadri"za da pochnete da se obuchuvate da vladeete... Vprochem kako i se' drugo ODNAOPACHKI so Vashite Talibanski maniri-olicetvor.na Kanibalskava Vla
Од: Makedonec vo EU
Датум: 05.07.2010 01:14:02
Na koe deredze dojde FYROM... Za pasos se ceka 10 pati podolgo otkolku vo Nigerija, nevrabotenosta e povisoka od onaa vo Brazil, a glavnata politicka bitka e pomegju Branko i nekoe tatino since so kupena diploma.....
Од: Рампо
Датум: 05.07.2010 06:40:42
Дали овој Протоѓер,случајно не е наследник на генералот Протоѓеров?Па тој го нарача убиството на великанот Тодор Александров.Ама тогаш го имавме уште поголемиот Иван Михајлов......Тешко нас,сега ни се закажува.........
Од: Crn pojas
Датум: 05.07.2010 07:17:16
Super komentari sekoj den samo placite vladata ova vladata ona,Premierot ova Premierot ona VMRO e gotova i taka natakaevo na primer ovoj Zarko istRESEN mislam od Resen i ako prespa bese pod kumunisticka vlast se do lani koja go ispusti prespanskoto ezero i sr razbira cela prespa uste nemoze da se smiri oti kumunistite izgubia,evo za da ve ohrabram so sreka na izborite ke dobiete ha ha ha ha haaaaaaaaaaaa.
Од: marija
Датум: 05.07.2010 07:26:00
So vakvi izrezirani incidenti na vlasta koja si zema za pravo namesto da gi sproveduva i pocituva zakonite i toa vo parlamentarniot dom kade istie se nosat, a po se ohrabreni od izjavite na premierot i ministerkata za kultura, deka i pokraj odlukata na ustaven sud da odlozi gradenjeto do ureduvanjeto na GUP, sto stanuva so obicniot graganin. I jas ke kazam od utre nema da plakam danok , nema da gi plakam smetkite za struja , parno , voda e moj premiere, edno da znaes ne ja sakam MKD vakva kako sto ja uredivte Vie, ne terate da gi krsime i da ne gi pocituvame zakonite, pa zatoa ke vi se slucat i uste mnogu mitinzi zosto Ve procitavme i zatoa ke Vi poracame deka sme za POBEDNICKA MAKEDONIJA
Од: mitre od dolnodupeni
Датум: 05.07.2010 07:28:46
Овие пусулшиња на писарот и пријателот на Груевски, кажува како тие ја замислуваат државата.Како крава музара за која сите други треба да водат грижа а нивна задача е да го собираат млекото.Ова продолжувањето со поделби на народот продолжуваат - па така било и после 1903.Имаат историја.Она со пресметка со непријателот -пусулчето- кое беше пратено до комитетите продолжува.Навистина ќе истребуваат? ако не со кама и пиштол а она со гладувања на оголениот народ?Се покажа дека не ги бива - чуму толкава паника во нивните редови - можеби затоа што Љубе и Љубчо си ги враќаат членовите назад?Или да го "доработат" народот. Времето им помине - но за парите се работи а можеби и за одговорноста?
Од: flying-monaco
Датум: 05.07.2010 07:39:40
Bravo Protugjer sto sobra hrabrost da im ja kazes vistinata na SHERIFOT i negovite, no chuvaj se zashto tie se kako smrtonosnite osi koi im go rasturish gnezdoto.Za niv se e dostapno i vo stanje se fizicki da se borat i samite velat ako treba i krv ke padne, samo za foteljata na premierot, i vladata.
Од: Dance
Датум: 05.07.2010 08:11:15
Slusaj ti zoltoklunce edno, na Crvenkovski nemoj poveke da mu go spomnuvas imeto a kamoli da go kritikuvas. I da, Toj e tranzicionen heroj zosto privatizacijata i prodazbata na firmite vo Negovo vreme ne se odvivase vo cetiri oci i parite od nea ne zavrsuvaa vo Grcka, Ceska i vo kupuvanje na stanovi, a toa sto Crvenkovski zivee vo 60-tina kvadrati e negova dobles i fakt sto treba sekoj da go pocituva. I sto se razbesne pak ti sega, dobro si kjutese i so tasniceto im bese samo pratilja na tvoite rabotodavci, da ne si besen zosto mladite vo tvojata naselba nemozes poveke da gi lazws pa ti pobegnaa site na mitingot na SDSM ?
Од: FALANGA
Датум: 05.07.2010 08:44:00
POCELO JE POCELO, vo panika se ovie vmrovcite i toa golema, i sega da go svrtat vnimanieto kriv im e Branko za nivniot kriminal, im dojde krajot, samo gospodine Branko pred vreme Sutka da ja prosirite oti za site ovie kriminalci ke nema mesto, ke treba ubijcite da gi pustite na sloboda, bidejki OVIE kako glujo se poopasni od niv. POZDRAV
Од: EDNA MAKEDONKA
Датум: 05.07.2010 09:00:32
Samo da dodadam: Brako zavrsi ELEKTRO vo Skopje so prosek bilizu 10, a Grujo zavrsi PRILEPSKI (korumpiran) EKONOMSKI so prosek 6,1. Pa lugje moi, pa dali se spredlivi TIE DVE LICNOSTI?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 05.07.2010 09:10:37
Замислете,очекував-писмо со десничарски ставови!Самото повикување на Џ.Ф.К.,наместо на некој републиканец е изненадувачко!Но изгледа детенцево се заборавило,па наместо писмо со облици на десничарско-граѓанска демократија,тоа повеќе наликува на писмо од Jugendbund der NSDAP,облечен во кожата на Титов пионер!Уште повеќе,наликува на писмо од некоја Сенилна и Грда Баба,која заборавила дека отсекогаш била Дел од Власта!Историската улога не е за недораснати дечиња кои се сеуште во пелени!„Време на својата младост/Но пассаран!/финалната битка/На нашата-онаа на народот/Ќе ги поразиме“се само дел од Фразеологијата од писмото,кое назначува дека битката ја бијат „заради дедо ми и баба ми“ (*во културниот свет,вообичаено, дамите имаат предност!)!„Македонија има сила“,завршува,но најверојатно вистината е дека Македонија има Силеџии-полуписмени,недооформени,закржлавени,искомплексирани лигави инфантилни сподоби на 30-годишна возраст!(Гањо,“Но Пасаран!“-на кирилица се пишува со едно,а не со две С!)
Од: mene
Датум: 05.07.2010 09:43:52
I ti le sine MARTINE??? Znaci i ti si isfrustriran i iskomplerksiran od Branko do nemajkade!!! Toa se slucuva koga decata mesto da igraat dzamlii i nosat pampers si igraat politicari. kako ne ti e sram da pisuvas vakvo pimo, a te stavile gensek!? Sramota Martine, dzabe go imas onoj intelektualen izgled, ist si kako i site drugi od tvoeto semejstvo. Leleee deteo uplav imalo, ne mu zameruvajte, mal e. Pozz do BC i SDSM.
Од: Socijaldemokrat
Датум: 05.07.2010 10:15:59
Poslednite slucuvanja vo Sobranieto se kulminacija na nepristojno odnesuvanje od dvete politicki partii.Vo slucaj ako ednite postojano provocirale bilo so kameri ili neindefikuvani setaci niz sobraniskite hodnici togas drugite tebale da bidat po operativni i vednas da gi izvestat nadleznite sobraniski sluzbi za nastanatite slucuvanja, da gi iskoristat site zakonski moznosti za odstranuvanje na problemot no ne i samite licno da se spravuvaat so problemot. So vakvite sluvcuvanja ednite vlegoa vo semata na drugite no gubi Makedonija, gubat graganite od cii sredstva ziveat narodnite izbranici. Sega ednite pak ke trcaat kako mali deca kaj nadvoresnite diplomati !!! Sramota i greota za ovoj narod koj nad 60% od naselenieto edvaj vrzuva ili ne vrzuva kraj so kraj vo mesecot!! Narodnite izbranici mandatot treba da go koristat za resavanje na problemite a ne da sozdavaat problemi!
Од: Гањо
Датум: 05.07.2010 10:18:37
Крвта на бугарскиот генерал и крвник Протогеров тече во вените на новиот македонски “патриот“.На гнасотиите на македонскиот Гебелс,му веруваат само “македонските патриоти“ со бугарски паспорт! Неспособноста се прикрива со пласирање секојдневни лаги.Прочитани сте веќе!
Од: ODNADVOR
Датум: 05.07.2010 10:26:05
Pa na sto lici toa, jankulivska da odi i da ja cinkari opozicijata kaj stranskite diolimati?! Nie Drava sme ili protektorat ne proteziran ,na stranskite diplomati.? Sto tie ke mislat i kakov izvestaj ke ispratat na svoite pretpostaveni( so sto si ja pravat karierata) koga ne sme vo sostojba, valkanite alista sami doma da si gi ispereme! ! Ovoa ne lici na Drzava so Ustav koj vprocm denovive se pokaza deka Vladata ne go pocituva!
Од: ne e bitno
Датум: 05.07.2010 10:31:58
FYROM padna na toa nivo sto tesko nekoj moze da ja vrati nazad, pred se poradi toa sto problemot e dlaboko vo mentalitetot na makedonecot. Treba mnogu rabota so vas, mnogu, itoa samo ako dojde nekoja treta opcija na cesni, mladi, rabotlivi i so NE-makedonski mentalitet, tuku so otvoreni sfakanja i razbiranja za svetot onkaov kakov sto e, a ne kako sto se gleda od dupkata vnatre t.e. Mk. Nekoi raboti se tolku ocigledni, no vie site, toa pa toa... So sreka, narode, izguben vo prostor i vreme, od Branko do Grujo. Ako cekate ovie da vi gi resat problemite ke se iznacekate.
Од: Tode Brown
Датум: 05.07.2010 12:26:20
Ajde be pa nemase mrtvi, kakov incident zboruvate?
Од: Brian, Canada
Датум: 05.07.2010 12:43:44
Kolku samo ve pogodi pismoto na Protugjer! Nikoj ne komentira za sodrzinata, zatoa sto predstavuva cista vistina. Covekot ima ostar zbor, elokventen intelektualec, diametralno sprotiven od nekoi bivsi premieri koi se drapaat so sluzbeni lica - policajci vo parlamentot. Vasata mizerija(SDSM) dozivuva krescendo. Duhovna mizerija.
Од: Alpha +
Датум: 05.07.2010 13:19:13
Za toa pod kakva vlast ziveeme i na sto se ne se spremni odredite na Grujo i Protoger razmislete za slednoto: dali vo parlamenite na demokratskite drzavi vo svetot moze da se zamisli ili se slicilo nekoj vo civilna obleka, nepovikan i bez pricina da vleze vooruzen i da snima onaka za sebe za "privatni potrebi".Kako bi reagirale i sto bi napravile na takva situacija nivnite ministri za vnatresni raboti,premierot,sefot na parlamentot?Da obvinuvas drug za vakvi neofasisticki incidenti,da ja lazes celokupnata domasna i stranska javnost,megunarodni avtoriteti vo drzavata i nadvor deka si go ispolnil sekoj uslov za vlez vo EU,a od druga strana bezocno,drsko i bez najmala zadrska da pravis nevidena partizacija na se,da urivas demokratski principi,agresivno i so podli intrigi da se odrzuvas na vlast po sekoja cena od strav pred narodnoto nezadovolstvo i otpor,pokazuva vrv na hipokrizija,sto vsusnost misli Grujo za svojot narod i za negovite intelektualni kapaciteti.No seto toa nekoj go gleda i
Од: crn
Датум: 05.07.2010 14:34:28
pod dejstvo na alkohol :))))))) i sega lugevo treba da progoltaat deka za bedotijava sto ni se desava na site nivoa, kriv e nekoj tret, a ne vlasta...

Најди! во Утрински
На прво место
Клиниките во распад, сите во паника
Иванов му го честита 4 Јули на Обама
Помалку испити за среднистите