Брoj 2767  среда, 20 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Бидејќи денот е неповолен за практични работи, би било добро да почнете со нова работа. Потрудете се да се олабавите во прегратките на партнерот или во друштво на пријателите. Прошетката покрај вода може многу да влијае на вашето расположение.



Бик

Денес е нагласена вашата нерационалност. Ви годи женско друштво. Машките припадници на знакот конечно чувствуваат благодат, љубов и разбирање од саканото лице. Одете на културно-уметнички настани и ќе се чувствувате одлично.



Близнаци

Полни сте со енергија и разбирање за се', а од мрзливоста ни трага. Имате премногу љубов, затоа и несебично ја делите. Правите заеднички планови со саканото лице. Решивте да направите темелни промени.



Рак

Храбри сте. Интуицијата ви покажува дека сте на вистинскиот пат кога станува збор за работата. Мислевте дека воспоставивте хармонија со саканото лице, но повторно се излажавте. Не грижете се - старата љубов непрестајно мисли на вас, а на повидок е средба.



Лав

Сите стапици успешно ги решавате, ги восхитувате шефовите, кои го очекуваат тоа од вас, но и соработниците. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Фантазирате за една средба.



Девица

Успешен професионален ден, пријатни случувања и наклонетост кон уживања се работите што ќе го обележат овој ден. Мал број припадници ќе немаат проблеми, па ќе почнат да ги измислуваат. Насочете се кон новата љубов.



Терезија

Иако имате многу сопствени проблеми, повеќе се грижите за туѓите. Сметате дека сте во подобра позиција од сите оние што ве опкружуваат, затоа и сте посилни. Во последно време здравјето почна да попушта. Морате да води повеќе внимание за себе.



Скорпија

Денеска ќе постигнете видливи резултати, бидејќи функционирате со зголемена доза енергија. Пред се', насочени сте кон љубовта и желбата да ја зацврстите врската. Бидејќи сте упорни и тврдоглави, никој не се сомнева дека ќе успеете во тоа.



Стрелец

Не можете да се олабавите, бидејќи размислувате за нов професионален проект. Не умеете смирено да реагирате, туку на сите им ја фрлате вистината в лице и ги шокирате. Тоа често ви се случува, зашто не сте свесни кога на другите им е непријатно. Евидентни се засилени емотивни реакции.



Јарец

Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се и разочарувања. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате е заснована исклучиво на физичка припадност или, пак, фантазирате за тоа.



Водолија

Колку повеќе луѓе и средби толку подобро. Комуникативноста, една од вашите главни особини, ви е во прв план, па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Ако ништо друго, долг телефонски разговор ќе ви помогне па го пребродите чувството на осаменост.



Риби

Се чувствувате осамено, а не знаете што ви недостасува. Моментално мислите дека судбината ви го свртела грбот. Една од причините за мрзливоста е намалениот имунитет, но и сознанието дека потрошивте многу повеќе од она што го планиравте.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.