Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Проектот готов, се бара изведувач на првиот кружен тек во Карпош

Ротондата ќе го опфати делот каде што се сечат улиците „Париска“ и „Варшавска“, во близина на гимназијата „Георги Димитров“

Наредниот месец ќе почне изградбата на првиот кружен тек на подрачјето на општината Карпош, на раскрсницата кај средното училиште „Георги Димитров“. Општинарите деновиве ќе распишат тендер за избор на изведувач на градежните работи кои очекуваат да ги завршат до почетокот на учебната година. Градоначалник Стевчо Јакимовски информираше дека проектот за кружниот тек е готов и до средината на идната недела планира да го распише тендерот за изведувач.

„Плановите ни течат според зацртаната програма, што значи дека наскоро ќе избереме изведувач и веднаш ќе започнеме со теренски работи за ротондата да биде изградена до 1 септември. Новото сообраќајно решение ќе го опфати делот каде што се сечат улиците ‘Париска‘ и ‘Варшавска‘, непосредно до влезот на гимназијата. Убеден сум дека со изградбата на кружниот тек во голема мера ќе ја зголемиме безбедноста во тој дел на Карпош каде што сообраќајот сега е особено фреквентен поради близината на училиштето“, вели Јакимовски, кој смета дека со изградбата на ротондата ќе се намалат честите сообраќајни незгоди и метеж во близина на училиштето. Проектот ќе се финансира со општински пари, а пред почетокот на изградбата, општинарите планираат целосно да ја реконструираат улицата „Париска“.

Инаку, реализацијата на оваа ротонда, како што најавува Јакимовски, ќе го означи почетокот на изградбата на неколку планирани кружни текови во општината, бидејќи надлежните утврдиле дека токму ваквите сообраќајни решенија се соодветни за зголемување на безбедноста и растоварување на сообраќајот на неколку локации низ Карпош. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 615 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Скопје
Заеднички потрошената вода останува на душа на куќните совети
Уреден парк во Јурумлери