Број 3268  вторник, 27 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Избирачкиот список стана државна тајна

Власта не ги открива резултатите од прочистувањето иако вети дека ќе ги објави овој месец

Катица Чангова

Избирачкиот список и неговото ажурирање станаа државна тајна. Власта, којзнае од кои причини, упорно молчи и не ги открива резултатите од прочистувањето иако вети дека ќе ги објави во текот на овој месец. Затоа никој не знае до каде стаса ажурирањето на гласачкиот регистар и какви фалинки во базите на податоци детектираа надлежните институции во Гостивар и во Виница како први општини за тестирање.

Државната изборна комисија која доби водечка улога за списокот нема никакви информации за текот на ревидирањето. И меѓународната заедница, која по последните изборни циклуси се посомнева во точноста на запишаните гласачи е исклучена од податоци. Граѓанскиот сектор очекува транспарентност од државните институции и информации за списокот. Опозициските партии, пак, бараат учество во ревизијата како набљудувачи за да се отстранат сомнежите за штимување на гласачкото тело.

Многуте отворени прашања за списокот останаа неодговорени на вчерашната трибина во Скопје што ја организираше Институтот за социјална демократија „Прогрес“ со тема „Прочистен Избирачки список - клучен фактор за фер и регуларни избори“, бидејќи власта ескивираше од присуство.

Претседателот на ДИК, Александар Новакоски, изјави дека Државната изборна комисија ја нема водечката улога за сите прашања што се однесуваат на Избирачкиот список, кој е фреквентна база на лични податоци на државјани на Македонија, како и државјани кои се на привремена работа или престој во странство.

„МВР ги трансферира податоците два пати годишно, во февруари и во јули, но се доставени до Министерството за правда, а не и до ДИК“, објасни Новакоски. Според него, политичките партии мораат да бидат вклучени во префрлањето на Избирачкиот список во ДИК од Министерството за правда.

Претставниците на партиите сметаат дека префрлувањето на Избирачкиот список во ДИК е важна работа и изразија надеж дека во овој процес ќе се вклучат сите фактори. Јани Макрадули од СДСМ апелираше до Владата да и помогне на ДИК за брзо завршување на трансферот на лицата од Министерството за правда во Комисијата кои се вклучени во работата околу Избирачкиот список. „За жал, од декларирањето на политичката волја на терен нема рефлексија“, нагласи Макрадули. Тој забележа на кампањата на МВР за вадење лични карти на средношколци кои стануваат полнолетни, а со тоа и гласачи за сметка на таинственоста и ставањето под тепих на проектот за проветрување на Изб��рачкиот список.

Ристана Лалчевска од Либералната партија побара транспарентна атмосфера и учество на партиите како монитори во чистењето на регистарот за гласање. „Ова е единствен начин за да се отстранат сите сомнежи дека има влијанија на овие или оние во постапките за прочистување на списокот“, објасни Лалчевска. Таа посочи дека во сите досегашни избори испливувале фантомски гласачи и рече дека станува збор за сива зона од 400.000 виртуелни гласови, што е реален проблем и кој треба веднаш да се реши.

„Ревидирањето на списокот треба да биде транспарентно и инклузивно, да ги вклучува сите институции, што ќе создаде доверба кај сите политички фактори“, нагласи заменик-амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ, Наталија Дрозд. За неа успешноста на изборите зависи од институционалната рамка, а дека клучен фактор за слободни и фер избори е списокот. Дрозд рече дека ОБСЕ со нетрпение ги очекува резултатите од проверката на списокот.

Според претставниците на мисиите во земјава, ревидирањето на Избирачкиот список требало да се  направи одамна, односно да се отстранат двојните податоци и податоците за починати лица.

„Министерството за правда прави нешто за списокот. Но, треба да се направат конкретни чекори во смисла на побрзо поправање на неревидираниот список“, порача Енди Хемрик од амбасадата на САД.

Тој истакна дека треба да се направат сите подготовки околу гласањето на дијаспората.

„Додека Македонија чекори кон ЕУ, не треба да постојат сомнежи околу нејзините демократски капацитети. Важно е дека македонската јавност треба да има доверба во изборите“, рече Хемрик.


#
Статијата е прочитана 1304 пати.

Испрати коментар

Од: Лазо Стефанов
Датум: 27.04.2010 07:59:05
Страмото што немаме точен Ибирачки список, а земја -кандидат сме! Зар е тоа толку тешко да се направи? Секретарите на Општинските изборни комисии да станат професионалци и да помогнат во тестирањето на точноста на списокот.
Од: Izbirac
Датум: 27.04.2010 08:02:48
Транспарентност, се разбира за оваа власт тоа е мислена именка.Инаку никогаш во Македонија немало регуларни а нарочно не фер избори, а така очекувам и да остане.
Од: nekoj
Датум: 27.04.2010 10:35:36
"patrioti" kade ste? Da se saka svojata zemja e da se ima red, da se pocituvaat zakoni! Da se znae sto i koj e, koga se rodil, kade zivee, kade ke glasa! Toa ne e identitet? Se pomocoavte na identitetot vo izbirackite spisoci ama zatoa uporno go "branite" preku imeto! Prazno vi e imeto koga se sto pravite e protiv osnovnoto pravo- DA SE BIDE. Eve vi moznost-izbirackiot spisok. Ajde bidete...
Од: нека биде тајна
Датум: 27.04.2010 14:43:51
до лазо... јас како секретар, не работам во статистика,,, а ти да знаеш дека со тие гласови работат само ВМРО и СДСМ,,, тоа е единствениот начин да се победат албанците,,, пошто албанците се народ чиј наталитет е се се поголем, а кај македонците е се се помал..... ако се чисти избирачкиот список,., што мислиш колку пратеници ќе имате..... тоа дека ќе имате 80 % заборавете,,, пошто ќе ви останат само 55% ,,, од тоа се плаши и ВМРО и СДСМ...

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
„Бумеранг“ по своја глава
Ерван Фуере распали по Владата