|
|
|
|
|
|
Караџоски потрошил 18.000 евра за ручеци и за виски
Антикорупциска бара од Владата да го разреши директорот на „Македонски шуми“ поради недомаќинлак
Катица Чангова
Антикорупциска комисија побара од Владата да го разреши директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, поради недомаќинско работење. Јавното претпријатие со кое раководи Караџоски во 2010, наречена година на економска криза, исплатило 11.500 евра само за ручеци и за вечери во кафеани. Фрапантно е тоа што првиот човек на „Македонски шуми“ потрошил 6.500 евра за репрезентација, најголем дел за скапи алкохолни пијалаци - виски.
Но, тоа не е се'. Директорот Жарко Караџоски и неговиот возач, Љупчо Здравевски, месечно примале надомест за одвоен живот од 200 евра месечно, иако на релација Скопје - Прилеп патувале со службеното возило на претпријатието. Ова значи дека секој од нив лани ставил в џеб по 2.400 евра.
Првиот антикорупционер, Илми Селами, вчера на прес-конференција потенцира дека ваквото однесување на носител на јавна функција е спротивно со Етичкиот кодекс. Тој е зачуден од разузданото располагање и трошење на јавните пари доколку се има предвид дека со години раководството на „Македонски шуми“ се жали дека работи или со загуби или со минимум добивка, со тенденција кон нула.
„Само во текот на еден ден биле направени седум фактури и биле потрошени над 1.000 евра. Во добар дел станува збор за фиктивни фактури за фиктивни угостителски услуги преку кои директорот испумпал пари од буџетот на претпријатието, со цел прибавување финансиска корист за себе или за друг“, информираше Селами. Државната комисија работи и на кривичноправниот аспект на фактите од овој случај, со цел да примени и други алатки од сопствената надлежност.
Претседателот на Антикорупциска оцени дека е крајно време и Јавното обвинителство и судството да се отрезнат и сериозно да ја сфатат својата работи затоа што само со ефикасно и ефективно постапување по иницијативи на Комисијата ќе се спречи корупцијата и кај граѓаните ќе се влее доверба во правниот систем.
Комисионерите поднесоа уште две иницијативи до градоначалниците на Битола и на Тетово за разрешување на директорите на битолското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, Јасмина Миќиќ-Десановска, и на тетовското основно училиште „Гоце Делчев”, Цветко Видоески. Десановска, со цел да го задржи директорското место, ја вработила ќерката како советничка за образование и наука во Битола, а Видоески направил повреда на правото на работен однос. |
#
|
Статијата е прочитана 1232 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Стојанчо |
Датум: 28.01.2011 12:13:21 |
|
Тој не ги изеде сам парите туку со другиот директор Александар Флоровски. Зошто и за него не се пишува? А? Многу багабонти има во државаа и треба таа од нив да се оттарси.
|
|
|
|
|
|
|
Од: val |
Датум: 28.01.2011 13:16:44 |
|
A ubavo se omrsil. Aferim be kardas. |
|
|
|
|
|
|
Од: TRPKO |
Датум: 28.01.2011 13:37:27 |
|
E skoro 99% od funkcionerite na dpmne se isti kako ovoj kriminalec, dodeka bese vo parlamentot bese eden od najglasnite protiv kriminalot, i taka neli kako zasluzen go stavija direktorce. TAKA se raboti po instrukcii na grujo. BRAVISIMO Da e samo toj nisto tuku site nivni direktorcinja se isti |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 28.01.2011 13:41:27 |
|
А што демагогии продаваше додека беше во Парламентот, а некого нарекуваше лопови. Тие кои нему за лоповлок неможат ни вода да му носат! |
|
|
|
|
|
|
Од: една обична фукара |
Датум: 28.01.2011 13:49:02 |
|
Во Преродбата критики не се предвидени, затоа
ве молам не критикуваје и не барајте одговорност
за деа не бидете земени на одговорност.Како бе-
ше она : Just do it! ( За децата од власта еве и пре-
вод: на англиски тоа значи : Едноставно стори го
тоа што ти прднало на умот!).
|
|
|
|
|
|
|
Од: Embas dvojka |
Датум: 28.01.2011 15:02:55 |
|
Pa zarem ne go znaevte koj e Karadzovski. Cel Prilep go znae kako golem smecar i covek poln so lagi i izmami. Za Floriovski sto ima da se kaze.: Klasicen tip na nevospitana b..... koja po igra na slucaj preku partiski spregi bese duri clen i na Parlamentot |
|
|
|
|
|
|
Од: prijatel |
Датум: 28.01.2011 15:42:52 |
|
Тоа ти е Вмро кој од кој повеќе краде,и ја пљачка сопствената држава,епа народе видете кого сте гласале. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola troa skolovan |
Датум: 28.01.2011 15:46:02 |
|
Koga Frcko velese od kade se ovie faci proizlezeni evegi na tacna gi gledame arno ama lekarsko uverenie se bara za se osven za ...... |
|
|
|
|
|
|
Од: slagana |
Датум: 28.01.2011 16:02:15 |
|
ова е позитивен потек на антикорупциска но да не станува збор за онаа ,,грујовистичката,,ке биде разрешен но ке бидеш поставен на друго работно место.Инаку срами се г- не Караџовски во услови кога на вработените и се намалени платите до 40 ПОСТО ВИЕ ДА ПРАВИТЕ ГОЗБИ, СОФРИ , и да изигравате шумски цар .Е г-не тоа не го заслужуват вработените во Македонски шуми бидејки не сте цар на шумите. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mitre od dolnodupeni |
Датум: 28.01.2011 20:28:22 |
|
Бајаги ми се приугоил...од ова хранава...А да се испитува криминал...не, не смее ,тие се членови на ДПМНЕ... |
|
|
|
|
|
|
Од: me |
Датум: 29.01.2011 09:29:01 |
|
sramota!!!grabni kolku mozes, dodeka si tamu!bruki, kako ne mu e sram, covek lopov na negovi godini, sram za familija, sramota za drzavata i mak narod, kako negov prestavnik! |
|
|
|
|
|
|
|
|