Број 3364  сабота, 21 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Климатизирана соба привилегија за одредени болни

Јасмина Јовановска

Климатизирана болничка соба е привилегија само за одредени пациенти. На клиниките се' уште има простории во кои пациентите се препотуваат. За разлика од минатите години, состојбата со разладени соби сега е подобра. Сепак, во некои болнички соби има, а во некои нема разладни уреди, со што пациентите се дикриминираат. Таму каде што нема климатизери, пациентите се разладуваат со вентилатори што ги носат од дома или го практикуваат испробаниот систем на провев. На клиниките веројатно како добредојде им беше препораката од Министерството за здравство да обезбедат барем една разладена болничка соба.

Во интернистичкиот блок има клиники каде што поголемиот дел од болничкиот капацитет е целосно климатизиран. Тоа се однесува за Нефрологија. И додека кабинетите на професорите и амбулантите се разладуваат, во болничките соби врие, така е на клиниките за ревматологија, за гастро, за уво, нос и грло, за кожни болести, за пуломологија. Исклучок се само одделите за интензивна нега каде што е пријатно за пациентите.

„Клима-уреди има во одделот за дијализа, во болничките соби на горниот кат, во одделот за хипертензија. Нема соба која не е разладена“, тврди директорот на Клиниката за нефрологија, д-р Александар Шиколе.

Малку подобра состојба има на Клиниката за кардиологија, каде што половина од болничкиот капацитет се разладува, а во другиот дел пациентите се разладуваат со вода од тоалетите. Од Кардиологија велат дека пациентите прво се сместуваат во климатизираните болнички соби, а ако нема место, тогаш напомош се оние другите во кои нема разладни уреди. Слична е состојбата и на Детската клиника, каде што најголемиот дел од болничките соби се климатизирани. Директорот Ацо Костовски е категоричен дека сите катови се климатизирани заедно со амбулантите.

Најлоша е состојбата на Онкологија, на Инфективна клиника, на Гинекологија, како и на Хируршките клиники, каде што на прсти се бројат болничките соби во кои пациентите се лекуваат на температура од 24 степени, како што препорачува Министерството за здравство. Оправдувањето на раководствата на клиниките е дека имале толку можности, но дека секоја година се обидуваат да ги поправат летните услови за болнички престој.

На Клиниката за онкологија, двете дневни болници и амбулантите се ладат со клима-уреди, додека од 46 болнички соби, само во 12 имаат разладни уреди. Што се случува кога е најтопло? Од Клиниката велат дека пациентите привремено ги префрлуваат во разладените соби доколку го побараат тоа. И на Инфективната клиника има недостиг од разладени соби.

„Интензивна нега има систем за ладење, а на сите четири ката, каде што има посебни оддели, има една до две разладени соби. И да се префрлуваат од една во друга соба, се внимава пациентите со различни дијагнози да не се ставаат во иста соба, за да не дојде до пренесување на болничките инфекции“, вели д-р Жаклина Шопова од Инфективната клиника.

И на Хируршките клиники не е многу сјајно. Секоја клиника се снаоѓа како што знае и умее да ги разлади болните. Малку со донација, а нешто со сопствени средства се купуваат разладни системи, а на некои клиники болните ги залажуваат дека се пушта централниот систем за ладење. Неофицијални извори велат дека тој многу ретко се пушта, со исклучок на операционите сали.


#
Статијата е прочитана 772 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Осум компании пријавени за концесија