Што барале грчки и бугарски распопи кај архиепископот, кои се претставиле лажно
Билјана Јовановска
Атмосферата во Синодот на Македонската православна црква се вжештува до точка на вриење, а на владиците им претстои тешка и мачна седница. Тие што поскоро ќе мора да ја расчистат дилемата - зошто струмичкиот митрополит Наум му препорачал на поглаварот Стефан да прими распопи од Грчката и од Бугарската црква, кои лажно се претставиле дека се од Црквата од Крит.
Минатата недела во кабинетот на македонскиот архиепископ биле примени „анхијалскиот епископ на Бугарската православна црква Харалампи“ и божемниот, грчки архимандрит Тимотеј Капсанис, со едно цивилно лице. Вториот му направил и интервју на г. г. Стефан, за што му кажал дека по авторизирањето, ќе биде објавено на „порталот на Грчката православна црква“. Објаснувањето е многу тенко и ако се има предвид фактот дека Грчката црква е нашиот главен негатор и кочничар за признавање на автокефалниот статус, тоа дури звучи и детски. Дотолку повеќе што поглаварот исклучително тешко дава интервјуа и тоа секогаш го прави откако однапред ќе му се достават прашањата.
Откако средбата беше обелоденета и уште побрзо симната од сајтот на Скопската епархија, се јавија првите реакции. Неофицијалниот сајт на Бугарската православна црква - www.dveri.bg, реагираше експресно и појасни кои биле гостите што ги прими и ги нагости г.г. Стефан.
Според овој сајт, архимандритот Харалампи бил размонашен од Синодот на БПЦ, а летово скандалозно бил „ракоположен“ за епископ на една од старостилните цркви во Грција, т.н. „Вистинска православна црква“ од расколничкиот митрополит Ангел Атанасиу. Харалампи тогаш бил замонашен со уште една уште поскандалозна личност - извесен Дим Дуков, кој не ги крие своите хомосексуални склоности.
Како вакви типови со сомнително потекло, кои лажно се претставуваат, можат да стасаат во кабинетот на нашиот архиепископ? Г.г. Стефан вчера преку соопштение го впери прстот директно во струмичкиот митрополит Наум. Како што стои во соопштението, „посочените лица, кои беа препорачани за прием кај неговото блаженство од страна на митрополитот Струмички г. Наум, се претставија дека доаѓаат од Бугарија и од Грција, односно од црквата на Крит. Тие не му беа познати на неговото блаженство, но поради препораката и поради нивното барање и претставување, беа удостоени со христијанско гостопримство. Архимандритот Тимотеј посочи дека неговата посета на Македонија, која е со благослов на Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. Вартоломеј, се должи првенствено на желбата изворно да ја запознае нашата земја и Македонската православна црква и патем да се поклонат пред нашите светињи“.
Иако станува збор за настан што фрла темна дамка на целата МПЦ, соопштението беше објавено само на сајтот на Скопската епархија. Дали одговорот треба да се бара во фактот дека главен уредник на официјалниот сајт на МПЦ е токму струмичкиот митрополит Наум? Ако е така, овој скандал отвора нови прегрупирања во врвот на нашата Црква.
Индикативен е и тајмингот на посетата на бугарските и на грчките распопи - се случи непосредно пред Соборот на СПЦ, кој почнува утре, а на кој сигурно ќе стане збор и за евентуалното продолжување на дијалогот меѓу црковен Белград и Македонската православна црква. Пред неколку години г. Наум беше заговорник на идејата МПЦ да се здружи со другите непризнати цркви од Југоисточна Европа (Украинската, Црногорската...) во некаква асамблеја и така заеднички да настапуваат. Оваа иницијатива, за среќа, не наиде на масовна поддршка кај епископатот на МПЦ, но на ова веднаш реагираше Српската православна црква, која ги информира сите помесни цркви.
Но, ако тогаш работите се забошотија, како сега г. Наум ќе го објасни „тројанецот“ со бугарските и со грчките распопи, кои ни ги разнишаа односите со Бугарската православна црква? Далеку од тоа дека архиепископот наивно треба да ги прима сите совети на собраќата.
Сигурно дека мора да одлучува, пред се', самиот и за своите потези да сноси консеквенции, ама овој пат, очигледно, дарата ја пречекорила мерата и првпат во историјата на МПЦ еден поглавар директно г�� посочува својот собрат за виновен. Врти ли МПЦ нов лист во комуникациите меѓу великодостоинствениците - ќе се покаже многу скоро, веќе на наредната седница на Синодот. (Б.Ј.)
Somnitelni popovi kaj uste posomniten vladika.Da bea nekolku raboti sto necinat vo drzavava,i taka i taka,ama ova bre nisto ne ni cini.Od nivinari,preku popovi,ministri,sudii,policajci...Ocaj!
Од: zrak
Датум: 16.11.2010 12:47:11
POP-RASPOP sto ima razlika biznis si e biznis. i popojte i raspopojte veruvat vo isto PARITE
Од: Јован АН
Датум: 16.11.2010 12:56:08
Имам впечаток дека воодредени медиуми,меѓу кои и *Утрински*,се повторува 2001 - та.Наиме,евидентни се негативните написи по неколку столбови - војска полиција,црква,судство,а за владатада не зборуваме.Deja vue!
Од: Благоја
Датум: 16.11.2010 12:57:35
Онака како што е поставен за поглавар,партиски, а не од народот(ДПМНЕ),а и како си брка бизниси,кои му се приоритет,и нашиов г.г.Стефан не е ништо друго туку распоп,па човекот си го нашол своето друштво.
Од: Македонски Православец
Датум: 16.11.2010 14:06:04
Велите: „Оваа иницијатива, за среќа, не наиде на масовна поддршка кај епископатот на МПЦ, но на ова веднаш реагираше Српската православна црква, која ги информира сите помесни цркви.“....... Што е тука СРЕЌАТА? Среќата очигледно е вашето србоманство. Вие во текстот повеќе ја браните Српската Црква отколку МПЦ. Вам повеќе ви одговара вазалството на МПЦ кон СПЦ отколку МПЦ да биде автокефална. И на крај, велите дека МПЦ не треба да ја лути СПЦ. Па зошто е толку ваѓна за вас СПЦ?! Попредавнички текст од овој горе не сум прочитал во последно време. Ако ти се СВИЃА СПЦ можеш слободно да се селиш во Шумадија!
Од: Богомил
Датум: 16.11.2010 15:44:24
НИКОЈ НЕ МУ Е ВИНОВЕН НА ПОГЛАВАРОТ. тОЛКУ КВАЛИТЕТНО МУ Е ОРГАНИЗИРАНО АДМИНИСТРАТИВНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ И ОПСЛУЖУВАЊЕ. Неодамна водеше бизнис разговори со еден нашинец, сомнителен, поточно - криминализиран тип од Австралија. Ги продаде на Грците, сопственици на Цементарницата, светилиштатакај Говрлево, што само поради протестот на верниците и новинарите, бизнисот на Стефан му пропадна. Така е кога мантијаш ја игра улогата на трговец, а е востоличен на тронот на кој седел Свети Климент Охридски. Колку и да се строго неприкосновени правилата црковни, на Синодот му треба и провев. Метла за оние што газат по црковната светост и канонските православни древности. Од секое дрво шупелка не бива, како што и од секој мантијаш поглавар не станува.
Од: karokan "gambit"
Датум: 16.11.2010 15:55:44
Znaci,g-dine Jovan AN,spored tebe,ne e vazno sto ni se povtoruvaat sostojbite od 2001 god.,tuku sto odredeni mediumi,megju koi i ovoj vesnik izvestuvaat zatakvite sostojbi.
Znaci deka realiziranata poseta na somnitelni grcki i bugarski raspopi,nemase da bide "realizirana",ako za toa ne izvestea tie mediumi!!!!!!
Vidi,vidi,"pameten" covek!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
A,pak jas mislev deka ,vo takov slucaj,samo nemase da se doznae deka e realizirana takva poseta.
Eden den mozebi i ti ce go razberes istoto,samo
narodot rekol (dijalektno):"Kasen akl,pari ne cini".
Од: mihajlo
Датум: 16.11.2010 16:01:35
Prvo da vednas rascistime.Golem vernik sum i veruvam vo Boga.Medjutoa ova sto se desava od doadjanjeto na ovoj g.g Stefan,vo lludjeto so mantii ic ne im veruvam.Za ova postojat tolku argumenti sto vo ovoj komentar nee mozno da se iznesat.Bidejci ne mi e poznat ustavot na MPC,mojot komentar ce bide vo vid na prasanja.Dali ima moznost za interpelacija na Vladika ili na glavniot Stefan ,demek).Dali moze toj Naum od Strumica da dobie pasaport za Bugarija ili Grcija.Dali ova ne znaci deka vo Makedonija ce se registrira uste edna crkva kako onaa na Vraniskovski.I za kraj.Dali nee vreme ,kako moralen cin, poglavarot na MPC,da podnese neotpovikliva ostavka,vo imeto Gospodovo.
Од: Egej
Датум: 16.11.2010 16:07:56
Somnitelni popovi,somnitelni/kodosi-nelustrirani/ politicari,somnitelno sudstvo,somnitelno ova,ona i to...
So ke ti bese prostete na izrazot e.i veter drzava.
Од: СРБИЈО УШТЕ ТИ ОДОЗГОРА
Датум: 16.11.2010 19:56:58
Малку ни се фашистчки Грција и Бугартија уште шовинистичка Србија не најде сили да ни ја признае црквата. Каква неправда. Пред само сто години Македонија и по население и по територија беше поголема и од Грција и од Србија. Мали шовинистички кралства не престанувате. Србијо доста туѓи територии врати уште треба да враќаш и ти како Грција и Бугарија а не да бараш.
Од: Zamonasuvanjeto e edini lek
Датум: 16.11.2010 20:32:52
Somnitelni i raspopeni lica na priem kaj arhiepiskop izbran na somnitelen( citaj partiski nacin) na taa funkcija. I nekako mnogu mu se zacestija ovie kiksovi na nasiot arhiepiskop. De Govrlervo , de biznis zdelki so Izgrev, de onaa sredba so onaj kriminalec gonet vo Avstralija , koj navodno trebase da vlozi 50 miliona evra vo hotelski kapaciteti i drugi slicni gluposti. G-dine Stefane vie ste svesteno lice i poglavar na MPC , a ne nekoj prematar , pa da vleguvas vo vakvi raboti.Odnesuvajte se so dostoinstvo , bidejci ja prestavuvas MPC. a mozenbi vie postarite( Timotej , Petar, Kirili ,Naum , zaedno so vas) najdobro e da se povlecete i zamonasite vo nekoj manastir i da prestanete da ja brukate MPC i nejzinite vernici
Од: nekoj
Датум: 16.11.2010 21:12:38
Do "zrak": Zakon komentar! :-))) Em duhovito, em vistinito :-)
Од: Malku objektivnost molam
Датум: 17.11.2010 01:58:18
Mene mi izgleda deka odgovornosta za izmamata ja barate na pogresno mesto - kaj makedonskite vladici (zrtvite na izmamata), a ne kaj vistinskite storiteli, raspopite od Bugarija i Grcija.