Број 3398  понеделник, 04 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Северина во Скопје

Во Македонија се дебелеам

„Им се радувам на доаѓањата и на луѓето во земјава, ги сакам македонските традиционални јадења. Овде се чувствувам олабавено, како да доаѓам кај блиски, кај роднини, немам никаков притисок, а тогаш сум своја, тогаш е се' порелаксирано. Единствен проблем е тоа што секогаш ме водат во убави ресторани, а јас не можам да одолеам на тавче-гравче, селско месо, ајвар... Овде најмногу се дебелеам“, вели големата хрватска поп-ѕвезда Северина Вучковиќ, која деновиве е во Скопје. Директен повод за нејзиното гостување во Македонија е претстојниот концерт, дел од турнејата „Здраво, Маријо“, што ќе се одржи на 6 ноември во спортската сала „Борис Трајковски“, во организација на ТА „Гуливер милс“, на кој како специјален гостин ќе се појави Горан Бреговиќ.

Домашните медиуми, како и секогаш кога е во прашање Северина, ја окупираа хрватската пејачка со блицеви, камери, диктафони. Сексапилната Севе се појави во конгресната сала на „Борис Трајковски“ во секси фустан со длабоко деколте. Таа умее да кокетира со публиката и со камерите, трпеливо да позира, а потоа и да одговара на новинарски прашања.

По цели осум години, најави голем целовечерен концерт во Скопје, кој по Загреб, Белград, Љубљана и Нови Сад, ќе значи и завршница на турнејата „Здраво, Маријо“. Настанот е замислен како театарска претстава во која Северина ќе пее, глуми и танцува, во придружба на 25 танчари, проширен бенд, тамбураши, ќе менува различни костими, фустани...

Почетокот на концертот е закажан во 21 часот, а според информациите на организаторот, сите места ќе бидат за седење, додека цената на влезниците дополнително ќе биде објавена. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 2623 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Љубиша Станковиќ
Меридијани
Нина Л. Хрушчова
Мислења
Ана Павловска-Данева
Мислења
Васил Костојчиновски

Нова генерација паметни мостови

Парис Хилтон
Во реално шоу за сопствениот живот

Пловечки турбини ќе произведуваат струја

Пивото од Источна Германија го преживеа падот на Берлинскиот ѕид






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU