Број 3371  вторник, 31 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Евтините авиобилети утопија

Турски ТАВ во овие шест месеци се сконцентрира на модернизацијата на скопскиот аеродром, но не и на менаџирањето со него

Соња Маџовска

По визната либерализација, како и по преземањето на аеродромите од страна на турски ТАВ, бројот на летови од и до Македонија се зголемил минимално, односно само околу 10 отсто, иако се очекувало растот да биде меѓу 30 и 40 проценти.

Но, поевтини летови се' уште нема.

Познавачите на состојбите велат дека на поевтини летови македонските граѓани можат да се надеваат дури откако ќе биде изграден, односно модернизиран новиот скопски аеродром „Александар Велики“. А тој интензивно се гради. Веќе работат на продолжувањето на пистата, а се поставени и столбовите за новата терминална зграда, која треба да биде десет пати поголема од сегашната. Според договорот, аеродромот „Александар Велики“ треба да биде завршен до крајот на идната година, а ТАВ почна да работи пред речиси три месеци.

Колку ќе тежи инвестицијата, се' уште е енигма. Иако, според договорот, таа требаше да достигне 200 милиона евра, според пишувањата на некои странски медиуми, во меѓувреме се спушти на 110, а сега се шпекулира и со сума од 80 милиони евра. Турците засега молчат.

Очигледно е дека тие во овие шест месеци, колку што стопанисуваат со скопскиот и со охридскиот аеродром, се сконцентрираа на модернизацијата, но не и на менаџирањето со нив. Во овој период тие не донесоа нови авиокомпании што ќе оперираат во земјава, а кои требаше да ја зголемат конкуренцијата и да придонесат да се намалат цените на авиобилетите.

На македонските граѓани и натаму им е поисплатливо да патуваат до Белград, Софија, Приштина или, пак до Солун, па оттаму до посакуваната дестинација. Тоа го потврдуваат и од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори, кои велат дека токму евтините авионски билети се предуслов да се зголеми и бројот на туристи во земјава.

„Скопје е слепо црево на Балканот. Поповолно ни е да летаме од Софија, од Солун или, пак, од Белград. Проблем е и тоа што се' уште ги нема и нискобуџетните авиокомпании, како секаде во светот, кои нудат летови од 20 до 50 евра за повратен билет за која било европска дестинација во рамките на земјите од ЕУ. Овие авиокомпании не се заинтересирани за земјава затоа што пазарот е мал. И со оние со кои преговарале, главно, биле заинтересирани за охридскиот аеродром, бидејќи на скопскиот, поради климата и честата појава на магла, во зимскиот период има голем број откажани летови“, вели Рената Донева од „Нет беј“.

Моментно билетите од Скопје до европските градови се изгор скапи, и тоа без пресметани аеродромски такси. На пример, повратен билет од Скопје за Виена чини околу 400 евра, а од Софија, пак, само 70 евра. Скопје - Белград - Брисел достигнува цена од 400 евра, исто така, без аеродромски такси. Скопје - Виена, преку „Аустријан ерлајнс“, чини од 259 евра најниска до 820 највисока цена. Додека преку Подгорица билетот до Виена чини од 70 до 450 евра. За лет��т Скопје - Прага цената е од 139 до 542 евра. И, на пример, Скопје - Лондон, преку „Монтенегро ерлајнс“, чини од 39 до 500 евра. А преку „Кроација ерлајнс“ достигнува цена од 67 до 660 евра. Од агенциите велат дека иако има повеќе тарифи, сепак, колку е повисока цената, толку е поголема веројатноста да се обезбеди билет. „Секоја авиокомпанија што оперира во Македонија има објавено и ниски и високи тарифи за одредена дестинација, која зависи од повеќе фактори. Од расположливоста на летот, сезоната, од времетраењето на престојот. Меѓутоа, патниците од земјава речиси никогаш не можат да ги користат ниските тарифи, бидејќи никогаш нема место за нив“, објаснува Донева. Таа вели дека патниците често реагираат поради тоа што овие ниски цени за авиобилети, иако се објавени, никогаш не можат да се добијат.

Првиот човек на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсовски, веќе најави дека ќе преиспитуваат зошто авиобилетите во земјава се толку скапи, со тоа што на авиокомпаниите што оперираат во земјава, а ги има околу десет, ќе им достават прашалник во кој ќе треба да одговорат колку изнесуваат реалните трошоци и дали тие соодветствуваат со цената на билетите. Тие ќе треба да даваат месечен извештај за уредноста, за редовноста, но и за цената на билетите, цената на горивото, односно за вкупните трошоци што ги имаат компаниите и колку тие влијаат врз цената на авиобилетите. Такви извештаи авиокомпаниите ќе мора да доставуваат до Агенцијата, најверојатно од септември, но ќе мора да презентираат податоци и за летните месеци, односно и за јуни, јули и август, колку изнесувале трошоците, а колкави биле цените на билетите.

Мојсовски најави дека се можни и законски измени, со тоа што повторно државата ќе се вклучи во делот на давање дозволи за летање на нови авиокомпании, доколку ТАВ не успее во тоа. И од АЦВ велат дека засега е очигледно оти нема некои ефекти од разговорите на ТАВ со одредени нискобуџетни авиокомпании.

Побаравме став и од турскиот инвеститор ТАВ за состојбата со авиосообраќајот во земјава, но не добивме одговор. Оттаму веќе неколку месеци најавуваат брифинг со новинарите, а, според последните најави, најверојатно, ќе се реализира во почетокот на септември. Инаку, фреквенцијата на патници на скопскиот аеродром „Александар Велики“е околу 500.000 патници годишно. Еден милион патници имало само во време на косовската криза. За разлика од кај нас, во соседството се води вистинска битка за привлекување патници. Преку приштинскиот аеродром патуваат 1,2 милиони патници, а од Белград 2,4 милиони патници. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 3884 пати.

Испрати коментар

Од: PUTNIK
Датум: 26.08.2010 00:40:36
jas patuvam ccesto od SAD kon SRM. Ne se isplati od 2 priccini: - Vrskite kon SAD se uzzasni zatoa ssto nema direktni letovi kon najgolemite evropski aerodromi kako ssto e na primer Frankfurtskiot... a ako vek'e se odbere takva destinacija, treba da se cceka na nekoe vozdussno pristanisste povek'e od 6 ccasa - Od Belgrad, Sofija ili Solun pak, ne samo ssto aviobiletite se za 30% poeftini, tuku i ima direktni letovi. Ve molam objavete i proverete ja ovaa informacija
Од: Vasco Beleski
Датум: 26.08.2010 01:29:07
Vistina e deka ima Aviokompanii koi nudat poevtini Aviobileti megutoa tie se sekogas ograniceni taka gore vo textov se naveduva nekade od 20 i 30 Evra, mozebi no od 150 patnici takvi avio bileti ke dobijat mozebi 5 patnici i seto toa ne e realano, tuku e scenario na eden dobar smislen markting, sto se odnesuva na niskobugetnite avio bileti gi nema ni vo turcija taka eden aviobilet do istanbul cini do 150 evra, kako niskobudgetenen aviobilet bi bil eden od 50 do 80 evra se drugo e mackanje na oci i reklama, vo interent srekavame smesni ceni . megutoa ako sega na primer znaes kade i koga ke patuvas posle 6 meseci eh.....vo sekoj slucaj niskobudgetni letovi nema nitu belgrad nitu zagreb tolku ......(Ohrid Belgrad 150 Evra, na salter velat ima i za 90 ama potroseni se eh...da normalno 5 bileti brzo se trosat toa e toa pozdrav
Од: ilija
Датум: 26.08.2010 07:35:35
nema zosto dase pravdame-ubeduvame fakt je nije vo makedonija imame naj skapi avijobileti vo evropa seprasuvam kakoje mozno da avijobiletite do sofija-solun -pristina-belgrad bidat i po 150 evra poeftini.dalie toa nezasitnost na avijokompanijte ili nezasitnost na nasite preprodavaci na avijobileti.
Од: mkd
Датум: 26.08.2010 08:24:45
Bez novata terminalna zgrada NEMA POEFTINI letovi.Sekoj koj barem kalce ima logika toa mu e jasno. Tie t.n. nisko budzetni kompanii odat so poniski ceni a poveke turi.Tie baraat od Aerodromot za 30 minuti da gi rastovari i tovari novi patnici sto so kolibava koja e denes e neizvodlivo bidejki ima SAMO eden terminal ( na hartija2). So novata zgrada toa ke bide vozmozno i samite ke dojdat , zatoa dotogas kulirajte.
Од: ^-^
Датум: 26.08.2010 09:20:59
Amsterdam - Zagreb : 75 evra povratna Eindhoven - Sofia - 55 evra povratna Amsterdam - Solun - 45 evra povratna Taka patuvav poslednite 3 pati, ovoj pat rekov da ne se maltretiram ke patuvam do Skopje. Amsterdam - Skopje 366 evra povratna. Problem ne se kompaniite, na 366 evra 150 evra se Aerodromski taksi vo Skopje 2 x 75 evra.... Skopje ne e slepo crevo na Balkanot, Skopje e a**sot na balkanot
Од: patnik
Датум: 26.08.2010 09:59:38
posleden pat koga patuvav odnesuvanjeto na vrabotenata kaj detektorot beshe tolku bezobrazno i se cudam kako mozhe vo aerodrom da rabotat takvi lugje.idete vo zapad pa ke vidite kako se odnesuvat vrabotenite.
Од: Maja
Датум: 26.08.2010 10:12:50
Onie koi patuvaat cesto znaat i po 6 meseci odnapred koga i kade ce patuvaat. A od Evropskite zemji ima navistina bileti za po 20, 30, 50 evra. Za 60 funti moze da se leta Atina-London so Easyjet. So Italijanska kompanija niskobudzetna bev za 40 evra povratna karta Rim-Pariz. E aj sega neka ne mi macka oci nekoj deka ustvari cenite od Mk se realni!!! Ama nie mislevme deka stom go dademe aerodromot na Turcite epten ce ne bidne! Ete gledam, Grcite puknaa od maka, a nie vidovme golemo podobruvanje. Ne ni znaeme kolku ce e investicijata. Politika na nivo na mali deca!
Од: KE LETAME AMA NISKO
Датум: 26.08.2010 10:25:23
ako e celata nadez za vo TAV (a izgleda e) togas loso ni se pisuva. Mesto 200 milioni investicija im se dozvoli 80 milioni i odlozen Stipski aerodrom za 10 godini -demek ke merele vetrovi - pa vo Shtip ima meteoroloska stanica shto meri vetrovi veke 50 godini! Po aerodromive mesto da donesat nova oprema ja prefarbaa starata i stavija logo TAV, rakovodnite turci se bivsi recepcioneri i totalno nesoodvetni kadri, dosega trebase se da e izgradeno a ne se ni saglam pocnati, spremaat programa za ispustanje vraboteni, raspisaa masoven konkurs za vrabotuvanje od koj nikoj ne e vraboten.... - kako sto stojat rabotive zasega TAV MAKEDONSKOTO VOZDUHOPLOVSTVO GO VRATI 5 VEKA NANAZAD - PAK TURSKOTO
Од: german wings
Датум: 26.08.2010 13:56:54
Jas sum vraboten vo German Wings - niskobudzetna avio kompanija. Principot e vakov: prvite 20-30% od patnicite koi najrano ke rezerviraat ke kupat po cena od 30EUR. Slednite 50% ke platat 80-90EUR i poslednite 20% ke platat 150-180EUR. Ako ne se napolni avionot kompanijata prodava karti po 30-50EUR na lice mesto (last minute ticket). Ovie ceni vazat SAMO ako se napolni avionot! Mora sekoj let da e poln! Ako nema dovolno patnici na SEKOJ let ili ke se otkazat site letovi ili ke se plakjaat REDOVNI ceni. Vo makedonija nikogas ne moze da se napolni redovna linija sekoj let. Ima mnogu malku ziteli a uste pomalku od niv imaat moznost da patuvaat. Site avio kompanii go znaat ovoj podatok. Toa e vistinata.
Од: Nekogo
Датум: 26.08.2010 14:12:13
mnogu cesto patuvam niz evropa skoro sekogas vo poslednive 2 god. Letam od sofja ili solun . Nasiot aerodrom go izbegnuvam poradi cenata na biletite no najmnogu poradi nekulturata na peersonalot vraboten tamu vklucuvajki gi prvo aerodromskite sluzbenici policijata i pretstavnicite na avio kompaniite. Sugestia do TAV pratete go vasiot personal da uci malku bon-ton na Heatrow , Framkfurt , Praga ili duri mozat da ucat od nivnite kolegi od Sofija. Sramota primitivci vo skopje , a treba da znaat deka tie zemaat plata od patnicite so plakaat aerodromski taksii.
Од: Ace
Датум: 26.08.2010 15:04:22
A so koi kompanii se leta do Amsterdam od Solun i Sofia?
Од: Bajram
Датум: 26.08.2010 15:47:35
Sonja,da ne si zgresila - Првиот човек на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсовски, - mislam deka ne e toj , tuku Zoran Krstevski. Pozdrav,

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Даниела Трпчевска
Поглед
Деспина Трајковска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски
Малку им треба за да се разведат

Мадона
Не дозволува биолошкиот татко да ја види ќерката