Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Гоце Смилевски

писател

Вечерва во Кралскиот фламански театар во Брисел ќе ми биде врачена Наградата за литература на Европската унија, што ми беше доделена за романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“, во текот на годинашниот Саем на книгата во Франкфурт. Ова високо признание го доделува Европската комисија во соработка со Европската федерација на издавачи и тоа за мене претставува голема чест.

Маргарита Христова

пејачка

Пред две седмици се вратив од Кушадаси, Турција, каде што снимав две нови песни од композиторот Толга Ѓурдул. Во почетокот на декември повторно имам снимање во Турција, па перио��ов го користам да се освежам во мојата Битола, а и да го подготвиме именденот на татко ми в недела, на 21 ноември - Свети архангел Михаил.

Маре Стоилова

гл. уредник во Канал 8, Кочани

Откако станав косопственичка и главен уредник на кочанската ТВ Канал 8, имам работа преку глава. Денеска имам средби со двајца бизнисмени, а потоа бркам дневни, актуелни теми од животот на Кочани и на Виница. Во 14 часот редовна средба со екипата од телевизијата и преглед на дневната реализација. Овие нови обврски целосно ме исполнуваат и со радост го дочекувам секој нов ден за да ја работам работата што најмногу ја сакам.


#
Најди! во Утрински
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011