Број 3490  среда, 26 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Лилјана Корубин

модна дизајнерка

Претпладнево со пријателката Ева, која е унгарски дипломат, тргнуваме во потрага по материјали за креацијата што треба да и' ја изработам за националниот ден на Унгарија. Попладнето не ми е испланирано со обврски, па можеби ќе работам на некои скици или со сопругот ќе посетиме некој културен настан.

Тодор Миладинов

раководител на ТК „Ритам плус“

Денеска, а и целата оваа недела сум ангажиран со уписите за новиот циклус курсеви по танцување на „Ритам плус“, кои започнуваат идната недела. Попладнето, всушност вечерта, од 20 ч., сепак, имам часови со една група на возрасни посетители на курсот по танцување за одржување на формата и континуитетот.

Весна Станоевска

харфистка

Работна обврска во денешниов ден ми е пробата во МОБ за претставата „Љубовен напиток“, која ја изведуваме на репертоарот во петок. По пробата, можеби ќе одиме некаде на гости или на кафе-муабет во некое кафуле, но тоа е повеќе работа на спонтан договор. Немам некои посебни планови.


#
Најди! во Утрински