Број 3633  понеделник, 18 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Марија Саздева

ТВ-уредничка и водителка

Ова е мојот прв работен ден оваа година без рефлектори, камери и подготовки за емисија. И уживам во промената. А ужива и мојата екипа што, конечно, го добива заслуженото внимание. Се дружиме, креираме, монтираме, издвојуваме највпечатливи изјави од гостите со кои имавме „Заеднички ручек“ изминатата сезона и веќе во 16 часот ќе можете да видите што сме сработиле.

 

Марија Партикова

докторка по традиционална медицина

Денот го започнувам рано - додека не почнат горештините за да направам уште малку од чаевите и од напитоците, што многу се пијат токму в лето. Ме очекува средба со луѓе, можност да дадам совет, да помогнам и цел ден сум на таа задача. По 18 часот семејно се разладуваме во дворот - кој со црево, кој со прскање.

Убавка Јаневска

новинарка

По утринското кафе пред компјутер, интернет-комуникацијата и „часот по самохрабрење“, подготвено ќе му се спротивставам на пеколното сонце и високото УВ-зрачење. Првата планирана работна дестинација, за денеска, е велешкото езеро Младост каде што се одржува вториот интернационален гастрономски фестивал. Сигурна сум дека цел ден ќе уживам во специјалитетите.

 


#
Најди! во Утрински

"""