Хороскоп
Овен
Сфативте дека од мудрување не се живее, затоа тргнете во акција. Кај вас се' се случува молскавично, па таква е и денешната одлука. Со една Водолија остварувате одлична соработка на сите полиња. Правилата на игра поставете ги вие и бидете внимателни.
Бик
Ви годи дружење со уметници, бидејќи и самите поседувате талент. Разговарате со луѓе што се занимаваат со тоа, затоа и добивате многу инспиративни моменти. Денот е одличен за љубов, потрудете се да го искористите тоа.
Близнаци
Ве окупираат обврски, но денот е поволен за склучување на договори и размислување за тоа. Поседувате зголемени ментални способности, ќе избегнете непријатни ситуации. Слободните моменти поминете ги со работи кои ги сакате. Книжевноста е на прво место.
Рак
Смислата за форма е силна, но тоа не значи дека треба да бидете формалисти. На партнерот му наоѓате мани, конечно, сфативте дека тој ја свири втората виолина. во вашиот живот Потребно ви е нешто посилно што ќе може да ве понесе, на пример Бик. Затоа тргнете во акција.
Лав
Добро се чувствувате. Расположението ви е променливо, но тоа е нормална работа за вас. Ви пречат личности кои не се в�� состојба да ги проценат вашите реални можности. Поддршка, макар и со зборови, секому му годи. Насочете се кон партнерот, тој ве разбира.
Девица
Во друштво се трудите да ја докажете исправноста на своите гледишта, но околината не ве сфаќа. Мислите дека сте вообразени. Доколку некој сака да ве разбере, мора многу да се потруди. Проблемот овој пат не е во вас, луѓето не се способни да го следат вашиот ментален склоп.
Терезија
Се занимавате со она за што имате најмногу смисла, а тоа е уметноста. Доколку сте активни, барем пасивно уживајте во туѓите креации. Растргани сте на повеќе страни, но се' успевате да обедините. Имате време за дружење, а особено за љубов.
Скорпија
Сте забележале колку често размислувате дека сте најпаметни? Не сте ни свесни колку и' пречи на околината вашата самодоверба. Тие мани морате итно да ги совладате зашто, во спротивно, ќе страдате. Партнерот се засити од тоа, затоа и ќе се дистанцира.
Стрелец
Тема на неделата се брачните односи. На тој план сте пречувствителни и сметате дека партнерот многу бара, а малку возвраќа. Проблемот е субјективен, потрудете се извесно време да се дистанцирате. Бидете почесто во кругот на семејството, таму ќе најдете мир.
Јарец
Слободните моменти искористете ги за занимавање со хоби. Задолжително шетајте покрај вода, таа ќе ве поттикне да размислувате повеќе , па ќе бидете на праг на создавање на нови животни дела. Ако сакате да имате повеќе енергија, опуштете се.
Водолија
Иако ситуацијата бара големи промени, успешно ја совладувате. Набрзина носите одлуки и молскавично дејствувате, токму онака како што му одговара на вашиот темперамент. Ако се дружите со Овен, кризата полесно ќе ја пребродите.
Риби
Се' правите за да ги расипете односите со партнерот, па не е ни чудо што имате љубовни јадови. Разочарувањата имаат причина, а покрај тоа, тие се наоѓаат и во вашата природа. Не сте подготвени за компромиси, а уште помалку за промени.
|