Што прават денеска
Славица Христова
виш кустос во Музеј на град Скопје
Денешниов ден е во знакот на последните подготовки за вечерашното отворање на изложбата „Културниот идентитет на Скопје од 1945 до 1980 година“ во Музејот на град Скопје. Отворањето на изложбата е во 20 ч., а поставката ќе биде изложена неколку месеци. Ги покануваме граѓаните на Скопје да придонесат за зачувување на спомените на градот.
Марјан Нечак
композитор Во периодов сум концентриран на работа на музиката за новата претстава на Битолскиот народен театар, „Обична приказна“, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, чија премиера се подготвува за средината на февруари. Паралелно работам и на музиката за балетот „Дискретниот шарм на буржоазијата“, што на 12 март ќе биде изведен на сцената на ХНК во Риека, Хрватска.
Соња Пандиловска
радиоводителка во Антена 5 Пред мене е горе-долу вообичаен ден, со стандардните обврски околу емисијата во радиото Антена 5. Извесна возбуда на денот даваат подготовките за патувањето во Лондон и следењето на доделувањето на Британските музички награди, кои годинава се на 15 февруари.
|