Број 3617  среда, 29 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Трет мандат за Груевски, прв од Иванов

Од вчера тече рокот од 20 дена за состав на новиот владин кабинет

Светлана Унковска



Шефот на државата, Ѓорге Иванов, вчера му го предаде мандатот за состав на новата влада на Никола Груевски, кој сега и официјално е мандатар. Целата церемонија во претседателската вила „Водно“ траеше неколку минути. Претседателот само рече: „Согласно со Уставот Ви го предавам мандатот“ и откако му честита и двајцата се повлекоа. Груевски ги одмина новинарите и не сакаше да даде изјава, што не се случуваше досега. За Иванов ова е премиерно врачување мандат, додека за Груевски ова е трет мандат - првиот го доби во 2006 г., а вториот во 2008 г. Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои најмногу гласови и со ДУИ, како партија што победи во албанскиот камп, се старо-нови коалициски партнери.

За време на вчерашната средба Иванов бил информиран од мандатарот Груевски дека наскоро ќе се заокружи коалицискиот договор околу распределбата на ресорите и оти веќе се познати и персоналните решенија. Посебно се разговарало за министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи - области во кои и претседателот на државата има ингеренции.

Од вчера тече рокот од 20 дена за состав на новиот владин кабинет и за изготвување на владината програма што треба да се достави во парламентот. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е многу веројатно дека нема да се чека крајниот рок, туку дека владата ќе биде избрана пред истекот на законскиот рок и тоа најверојатно до средината на јули. Но, оттаму не можеа да прецизираат кога лидерите на двете партии, Никола Груевски и Али Ахмети, ќе имаат тет-а-тет средба за да го финализираат коалицискиот договор. Разговорите меѓу двете партии почнаа пред околу две недели и се' уште траат, но се очекува до крајот на неделава да се затворат преостанатите прашања. Поделбата на министерските места и составот на вториот ешалон се веќе познати, велат извори од партијата на Груевски. Останува уште да се дораспределат функционерските места во јавните претпријатија, фондовите, но и да се допрецизира владината програма. Во министерствата со кои ќе раководи ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе има многу освежувања, а дел од старите кадри ќе ротираат на други функции. Не откриваат и дали ќе ги отстапат чувствителните места во Министерството за внатрешни работи, како што се Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за јавна безбедност. МВР го доби партијата на Груевски, но не се знае дали ДУИ ќе остане на инсистирањето за избалансирана распределба во самиот ресор.

Од ВМРО-ДПМНЕ не можеа да кажат дали владината програма, која треба да ги отсликува програмските платформи на двајцата партнери во владата, ќе биде потпишана и од двајцата лидери. Само посочија дека таа заеднички ќе биде усогласена.


#
Статијата е прочитана 1264 пати.

Испрати коментар

Од: ivona
Датум: 29.06.2011 09:12:01
cenam deka ovaa vlada treba da im se prepusti vo povek vasnite resori da gi vodat albanskite politicari i samo taka Makedonija ke vleze vo EY I Nato ,a gruevski nema da bide vinoven ike ostane cist pred glasacite,i neka prodolsi da p[ostavuva spomenici konji i magarina po toa ke go pametat idnite generacii, vo sprotivno vo narednite tri godini makedonija zalno ke ja rasparcat Evropejcite isto kako [pred 100godini 1912 godini samo gospod neka ni e napomos...................
Од: penzioner
Датум: 29.06.2011 10:36:55
fali samo uste tija penziite da se dogovorat za uck i tie mozebi se dogovoreni samo sega se pregovara za sumata kolkava ke iznesuva edna penzija no tae e lesno za nekoj sto ne bil vo vojnata i neznae kako bese a ovie nemat duri ni vojska sluzeno za vojska mozi ne bile sposobni ali zatoa se golemi patrioti
Од: Трпе
Датум: 29.06.2011 13:25:33
Кога на народот му се допаѓа да биде стрижен,супер е.А парите од волната да им се трошат за споменици.Сега Грујо треба јавно да одговори,дали во РМ има криза или нема.Пред изборите не сакаше да одговори.Исто така дали ке менува име или не?За ваков таков народ му посакувам уште неколку мандати.Заслужува.

Најди! во Утрински
На прво место
Топ 9 македонски милионери

"""